Европа
Британскиот медицински техничар ’канибал’ прогласен виновен
Британскиот медицински техничар со канибалски склоности во понеделник е прогласен виновен бидејќи се обидел да се сретне со 14 годишно девојче со која контактирал преку интернет и на која и рекол дека сака да ја изеде.
На четиридневното судење во Кантербери на југоистокот на Англија било откриено дека Дејл Болинџер(58) купил секира еден ден пред планираната средба со девојчето, на кое му соопштил дека сака да му ја отсече главата.
Таткото на три деца стапил во контактот со ’Ева’, чиј вистински идентитет не е утврден, но се претставила како Мексиканка која живее во Германија, преку интернет страницата Dark Fetish Network.
На својот профил тврдел дека веќе изел 39 годишна жена и петгодишно дете, иако на судењето тоа го негирал, велејќи дека „станува збор за фантазија“.
Во разговорите со ’Ева“ говорел дека сака најпрво со неа да води љубов, а потоа да ја изеде.
„Идејата да водиме љубов и после да те изедам многу е возбудлива“, напишал. „Велат дека сум многу дарежлив љубовник, а би бил дарежлив и кон тебе пред да те подготвам за јадење“, напишал Болинџер.
Договорил средба со ’Ева’ во Ашфорд во септември 2012 година, но таа не се појавила.
Нивните разговори подоцна ги открил ФБИ во Њујорк и со помош на и-мејл адресата дознал дека Болинџер живее во Кент. Американските истражни органи подоцна оваа информација ја проследиле до своите британски колеги.
Казната на Болинџер ќе му биде изречена на 19 септември, по психијатриското вештачење. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

