Европа
Бројот на жртвите во железничката несреќа кај Бари се зголеми на 20
Најмалку 20 луѓе ги загубија животите а десетици други се ранети во директниот судир на две патнички композиции во вторникот на југот од Италија, во областа на градот Бари, регионот Апулија, изјави потпретседателот на покраината Барлета-Андрија-Трани, Џузепе Коредо, пренесуваат италијанските медиуми.
Двата патнички воза директно се судриле меѓу местата Корато и Андрија во близина на градот Бари, административен центар на Апулија на делот од еднонасочниот колосек.
„Ситуацијата уште е многу сложена. Можам да кажам за најмалку 20 загинати. Иако официјално се потврдени 12 жртви“, изјавил Корадо, пренесува агенцијата Ansa.
Според претставниците на локалната администрација, бројот на жртвите во трагедијата може да биде и поголем. Неколку десетици повредени се испратени во различни болници во регионот. Во операцијата на спасување се вклучени десетици амбулантни возила, неколку противпожарни бригади, како и хеликоптери на службата за цивилна заштита.
Евакуирањето на жртвите е комплицирано, имајќи предвид дека несреќата се случила во оддалечена рурална област. Спасителите поставија полска болница во близина на несреќата, за да им се помогне на големиот број повредени.
Премиерот Матео Ренци се упатил кон местото на судирот и неговото пристигнување се очекува во раните вечерни часови, додава агенцијата Ansa повикувајќи се на владината резиденција Киџи.
„Претседателот на владата ја прекина својата посета на Милано и во вечерните часови по пристигнувањето во Апулија (Пуља)“, се вели во соопштението од кабинетот на Ренци.
Спасувачките екипи се обидуваат да ги извлечат патниците од смачканите и превртени вагони. Властите објавија повик за донирање крв нарекувајќи ја ситуацијата „драматична“. Меѓу спасените е и едно дете кое со хеликоптер е пренесено во болница
Некои од вагоните се многу оштетени, изјави за телевизијата RAI, началникот на локалната полиција Рокардо Цингаро, и рече оти стравува дека бројот на мртвите може да расте.
Засега не е јасно што можело да доведе до судирот, кој се случил по убаво време околу 11,39 часот по локално време. Локалниот обвинител од блиското гратче Трани изјави дека уште е рано да се шпекулира за причините на несреќата, но дека најверојатно станува збор за човечка грешка.
Италијанските медиуми наведуваат дека еден од возовите доаѓал од правец на Андрија, а другиот од правецот на Корато, како и дека двата воза се движеле со голема брзина. Двете композиции имале по четири вагони, а снимките од местото на инцидентот ги покажуваат расфрланите остатоци на големо подрачје. Некои од вагоните се толку оштетени што од нив останале само парчиња метал.
На овој железнички правец со кој оперира компанијата „Ferrotramviaria“, се превезуваат по илјадници луѓе дневно со околу 200 возови. Во тек се работи за поставување на двонасочна пруга.
Најголемата железничка несреќа во Италија последните години се одигра во 2009 година на станицата во Вијареџо, кога експлодира товарен вагон со течен гас, при што загинаа 32 луѓе. Во 2010 година, девет лица загинаа, а 28 беа повредени кога воз излета од шините во северна Италија, во Болцано. Причина за оваа несреќа беше лизгање на земјиштето кое ја оштетило пругата./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Руски нуклеарни бомбардери летаа околу Скандинавија, ги следеа странски ловци
Руските стратешки бомбардери „ту-95“, способни да носат нуклеарно оружје, извршија планиран лет над неутралните води на Баренцовото и Норвешкото Море, а за време на мисијата беа придружувани од странски борбени авиони. Руското Министерство за одбрана ја објави веста, без да го прецизира точниот датум на летот или за кои странски авиони станува збор, пишува „Киев пост“.
„Стратешките ракетни носачи ‘ту-95МС’ извршија планиран лет над неутралните води на Баренцовото и Норвешкото Море“, се вели во соопштението на Министерството објаснувајќи дека станува збор за област северно од Скандинавија и северозападно од Русија.
„Во одредени фази од рутата бомбардерите со долг дострел беа придружувани од борбени авиони на странски земји“, се додава. Москва исто така рече дека ваквите летови се одржуваат редовно во многу региони и се во согласност со меѓународното право.
Европа
(Видео) Украинците: Соборивме авион за да можеме да разнесеме подморница
Безбедносната служба на Украина (СБУ) објави дека соборила модернизиран поморски извидувачки авион Ил-38Н „Sea Dragon“ во руската воздухопловна база во Јејск, како дел од подготовките за напад врз руска подморница во градот Новоросијск.
„Ова е авион дизајниран за поморско извидување, пребарување на подморници, следење на морски површини, поставување мински полиња и извршување напади со торпеда“, соопшти СБУ.
Според украинското разузнавање, погодениот Ил-38Н активно дејствувал против украински поморски беспилотни летала. Проценетата вредност на авионот е околу 24 милиони долари. СБУ истакнува дека Русија имала само еден авион од оваа класа во Црното Море способен да го открие украинскиот подводен дрон „Sub Sea Baby“ додека се движел кон својата цел.
Онеспособувањето на леталото, тврди УСБ, овозможило успешно спроведување на главната фаза од специјалната операција, експлозијата на руската подморница од класата Варшавјанка.
„За напад врз Ил-38Н, УСБ користела современ дрон со боева глава за површинска детонација опремена со 2.000 фрагменти насочени надолу. Детонацијата се случила директно над главната опрема и радарскиот оддел, а моторот бил оштетен“, објави украинското разузнавање.
УСБ претходно објави дека на 15 декември, за прв пат во историјата, руска подморница била уништена со употреба на подводни дронови „Sub Sea Baby“. Нападот во Јејск, според украинските тврдења, бил клучен предуслов за успехот на операцијата.
Европа
(Видео) Нова експлозија во Москва во близина на местото на кое пред два дена беше убиен генерал
Експлозија што се случи синоќа во јужниот дел од Москва уби три лица, вклучувајќи двајца припадници на руската сообраќајна полиција, соопшти Рускиот истражен комитет.
Според официјалното соопштение, двајца полицајци забележале сомнително лице во близина на службено полициско возило. Кога му се приближиле за да го идентификуваат и да го приведат, била активирана експлозивна направа.
„Двајца полицајци и едно лице кое било во нивна близина починале од повредите на местото на настанот“, се вели во соопштението на Истражниот комитет. Експлозијата се случила во густо населена област на градот. Членови на Истражниот комитет, полицијата, Росгвардија и службите за итна медицинска помош остануваат на местото на настанот.
🇷🇺🇺🇦 Moscow appears hit by another terror attack
An explosion in southern Moscow killed three — two police officers and an unidentified suspect
Officers noticed a suspicious person near their patrol car overnight, but as they moved to detain them, an explosive device detonated… pic.twitter.com/K5Jpeu9OJD
— The Other Side Media (@TheOtherSideRu) December 24, 2025
Руските власти потврдија дека е отворена кривична постапка. Најавено е дека ќе бидат спроведени неколку форензички вештачења, вклучувајќи медицински и експлозивно-технички вештачења, за да се утврдат околностите на инцидентот, видот на експлозивната направа и начинот на нејзино активирање.
Државното обвинителство ја презеде истрагата. Сè уште не е објавено дали третото лице кое загинало било напаѓач или дали постои врска со организирани структури или политички мотиви.
За потсетување, пред два дена, рускиот генерал Фанил Сарваров беше убиен во експлозија на автомобил-бомба во Москва, во близина на местото каде што се случи и синоќешната експлозија, а ова беше трет случај на убиство на генерал во Москва за една година.

