Контакт

Европа

Бројот жртви во експлозијата во BASF се зголеми на двајца работници

Објавено пред

Во силната експлозија и пожарот во речното пристаниште на германскиот хемиски концерн BASF во Лидвигшафен во понеделниот, две лица загинале, две се водат како исчезнати а шест се тешко повредени, меѓутоа населението не е изложено на опасност, објави компанијата во понеделникот вечерта 

dobivaj vesti na viber

Две лица загинале во пожарот, шест се тешко повредени, а две лица и натаму се водат како исчезнати, наведуваат од BASF на мрежата за микроблогирање Twitter.

Претходно беше објавено за смртта на едно лице, шест повредени и шест исчезнати.

Одговорните засега не можат да зборуваат за причината за несреќата којашто се случи на местото каде што работниците работеле на гасоводот во речното пристаниште каде што се истоваруваат бродовите и танкерите со нафта и гас или, пак, се товарат со хемикалии.

Инцидентот во кој имаше жртви, се случи претпладнето во фабричкото пристаниште на Рајна во Лудвигшафен. Првото пожарот се појавил на гасоводот во изградба, а по неколку минути одекнала експлозијата.

Најголемиот германски хемиски концерн BASF, кој се занимава со производство на хемикалии, пластика, како и за производи за земјоделството, соопшти дека населението не е загрозено од истекување или согорување на отровни и опасни по животот материи./крај/мф/сн

Извор: DPA

Европа

(Фото+видео) Повеќе од 30.000 луѓе на проевропски демонстрации во Рим

Објавено пред

Најмалку 30.000 Италијанци се приклучија на проевропскиот митинг во центарот на Рим, веејќи сини знамиња на Европската унија во знак на поддршка и единство во услови на европски притисок за повторно вооружување што ја подели земјата.

dobivaj vesti na viber

На демонстрациите се собраа луѓе за да изразат „заеднички европски идентитет“ и да повикаат на мир, и покрај идеолошките разлики.

Иницијативата, поддржана од повеќето опозициски партии на левиот центар, беше покрената од италијанскиот новинар Микеле Сера на крајот на февруари, со уреднички текст во италијанскиот дневен весник „Ла Република“ со наслов: „Ајде да кажеме нешто европско“.

„Сакав да организирам голема демонстрација на граѓани кои ја поддржуваат Европа, нејзиното единство и нејзината слобода, без партиски знамиња, само европски знамиња“, рече Сера.

Иницијативата е родена како одговор на дестабилизирачката политика на американскиот претседател Доналд Трамп , која создаде невиден јаз меѓу Европа и САД, затегнат поради војната во Украина и тековната тарифна битка.

Италијанскaта премиерка Џорџија Мелони неволно го поддржа планот на ЕУ за повторно вооружување на Европа поради загриженоста дека предлогот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, може да влијае на огромниот долг на Италија, пренасочувајќи ги многу потребните средства кон трошењето на оружје.

Планот на ЕУ има за цел да генерира околу 800 милијарди евра во следните четири години, од кои најголемиот дел ќе дојде од земјите-членки што ги зголемуваат своите национални трошоци за одбрана и безбедност.

Прикажи повеќе...

Европа

Кремљ: Путин ќе разговара со Трамп

Објавено пред

Кремљ потврди дека специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, се сретнал со рускиот претседател Владимир Путин за време на вчерашната посета на Москва.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател и Виткоф се согласиле за потребата од разговор меѓу Трамп и Путин, но точниот датум сѐ уште не е договорен.

„Точното време на разговорот меѓу двајцата претседатели сѐ уште не е одредено“, изјави Песков за новинарите.

„Откога господинот Виткоф ќе му ги пренесе на својот претседател сите информации што ги добил во Москва, тогаш ќе одредиме време за разговор“, додаде тој.

Песков исто така за новинската агенција ТАСС изјави дека двете страни „разбираат дека е неопходен разговор меѓу претседателите“.

Прикажи повеќе...

Европа

ЕУ ќе ги продолжи санкциите кон Русија и покрај унгарските закани

Објавено пред

Високи дипломати на Европската Унија утринава се согласија да ги продолжат санкциите против речиси 2.000 руски граѓани, вклучително и претседателот Владимир Путин, многу високи политичари и бизнисмени.

dobivaj vesti na viber

Санкциите, кои мора да се обновуваат едногласно на секои шест месеци, остануваат во сила до 15 септември 2025 година.

По заканата на Унгарија дека ќе стави вето на списокот, четири лица беа отстранети од списокот, а три лица, кои неодамна починаа, исто така беа избришани, велат извори од ЕУ.

Банкарскиот и енергетски тајкун Михаил Фридман, кој делумно ја доби правната битка против санкциите на ЕУ минатиот април, останува на листата, велат изворите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

(Фото) Спасени се двете лица на кои им се преврте чамецот во Мавровското езеро

Спасени се двете лица на кои денеска попладне им се преврте чамецот во водите на Мавровското Езеро, информираат од Центарот...

Македонија6 часа

Мицкоски за големиот протест во Србија: Ја следиме состојбата и не се мешаме во внатрешни работи на други земји

Нормално е да ја следиме состојбата во Србија. Неодговорно би било да не ја следиме состојбата со нашите соседи и...

Македонија7 часа

Над 160 веб-страници за нелегално коцкање ќе бидат забранети, најави Андоновски

Измените на Законот за електронски комуникации поминаа изминатата недела, потребни се седум дена да стапат на сила и да се...

Македонија7 часа

(Видео) Петрушевски: Народот на минималец, а Трендафилов синдикалецот на батерии од СДС и Левица со плата од 75.000 денари

Работниците се револтирани, затоа што додека ги манипулира Слободан Трендафилов, тој и луѓето околу него имаат месечни примања од над...

Македонија8 часа

(Видео) Филипче: Мицкоски не сака реформи, туку судство по своја мерка

Заканите на премиерот дека ќе му се случел народ на судството е порака дека тој признава само судство по своја...

Македонија9 часа

(Видео) Стојаноски: Пуцко Петрол и СДС го труеле народот, преку тендери од над 180 милиони евра за 7 години

Пуцко Петрол и СДС го труеле народот, преку тендери од над 180 милиони евра за 7 години, рече денеска на...

Свет10 часа

(Фото+видео) Голем украински напад врз Русија – соборени 126 дронови

Руските власти денеска соопштија дека пресретнале 126 украински беспилотни летала во текот на ноќта, главно над нивните јужни региони Волгоград...

Регион13 часа

(Фото+видео) Пречекани студентите кои пешачеа до Белград, денеска ќе се одржи голем протест – објавена е мапа на движење

Денеска во Белград се одржува голем студентски протест под слоганот „15 за 15“, а собирот е закажан да започне во...

Македонија13 часа

Времето денеска ќе биде сончево и топло, во понеделник пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува умерен,...

Македонија1 ден

Јахоски оди во притвор, Кривичен ја преиначи првичната одлука

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција,...

Топ1 ден

Работниците копале дупка за шахта и нашле коски во дворот на амбулантата во Илинден

Коски биле најдени за време на ископ на дупка за шахта, во дворот од амбулантата во населбата Илинден. „Амбулантата во...

Македонија1 ден

Подготвителната седница за Законот за јазиците ќе се емитува во живо: „Секој граѓанин ќе гледа и слуша како ја водиме постапката“

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, на брифинг со новинарите информираше за одржување на претстојната Подготвителна седница за Законот за...

Македонија1 ден

Мицкоски: Предупредив дека народот може да се самоорганизира и да протестира, желен е за правда, не правам упад во судската власт

Најавите за протести премиерот Христијан Мицкоски вели дека се предупредување за незадоволството кај народот доколку сами не се повлечат од...

Македонија1 ден

Бугарија испрати јасна политичка порака дека не се посветени на изградбата на Коридорот 8, вели Николоски, кој алармирал во банките за пренамената на средствата

Министерот за транспорт и врски Аленсандар Николоски утрово алармирал во двете банки со кои земјава има потпишано договори за кредит...

Македонија1 ден

Ќе биде потпишан договор со многу моќна европска земја и ќе се мери во милијарди, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, информира дека очекува многу добри вести за македонските граѓани во текот на април...

Свет1 ден

Tрамп: Покварениот Џо Бајден нѐ доведе во вистински хаос со Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика својот претходник, Џо Бајден, во објава на социјалните мрежи. „Покварениот Џо Бајден нè внесе...

Македонија1 ден

СДСМ: Министерката Јаневска скучила договор со „Пуцко петрол“ од 40 илјади евра

Продолжуваат партиските преписки за тоа кој, каков договор склучил со „Пуцко Петрол“, чијшто сопственик, Асмир Јахоски, е осомничен во случајот...

Европа1 ден

(Фото) Украинците оставија многу моќно оружје во Курск, Русите објавија фотографии

Кон крајот на минатиот месец, на 25 февруари, елитната руска група за беспилотни летала – Центарот за напредни беспилотни системи...

Македонија1 ден

(Видео) Стојаноски: Благодарение на СДС и ДУИ, „Пуцко петрол“ успевал за една година да го зголеми приходот 40 проценти

„Откако пред некој ден син на пратеник од ДУИ, сопственик на Пуцко петрол како мерка доби домашен притвор за случај...

Македонија1 ден

Левицата предложи 18 месеци платено породилно отсуство: Овој закон ќе ја подобри положбата на мајките и семејството и ќе создаде темели за решавање на најголемите демографски проблеми

„Во време кога Македонија се соочува со сериозна демографска криза, Левица предложи нов закон за 18 месеци платено породилно отсуство,...