Европа
Будимпешта забележува дека Брисел сака да ја легализира илегалната миграција
Европската комисија сака „да ја легализира илегалната миграција“, а унгарската влада сака да ја запре, изјави во четвртокот на прес-конференција Јанош Лазар, министер задолжен за кабинетот на унгарскиот премиер, три дена пред референдумот на кој гласачите ќе гласаат за планот на Брисел за релокација на мигрантите и бегалците според однапред одредени квоти за секоја земја членка на Европската унија.
Земјите од централна Европа, они кои се членки на Европската унија, сметаат дека миграцијата не е потреба и дека е „недозволиво“ да им се овозможи на имигрантите да се доселуваат во нивите земји, изјави Јанош Лазар.
Унгарските гласачи не се антиевропски расположени, туку имаат „проблем со Брисел“, истакна. „На Унгарците им е тешко да прифатат дека Европската комисија сака да ѝ го одземе на Унгарија правото да одлучува кој ќе живее во неа. Унгарија нема да се одрече од тоа право“, порача Лазар додавајќи дека тоа е прашање на државниот суверенитет.
Го повтори ставот на владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан дека референдумот од 2-ри октомври за мигрантските квоти е национално прашање кое е над партиските политики.
Лазар ги повика унгарските граѓани да излезат на гласачките места во неделата, кога, според анкетите, речиси е сигурно ќе го отфрлат европскиот план за релокација на барателите на азил според однапред одредените квоти.
Унгарската влада сака со овој референдум да го блокира населувањето околу 160.000 баратели на азил и бегалци на кои им е одобрен азил ширум Европската унија низ системот на квотите, а таа мерка Унгарија се обидува правно да ја оспори на Европскиот суд на правдата.
Целта на иницијативата на Брисел и договорот за релокација на бегалците, кој земјите членки во 2015 година со мнозинство го одобрија, е олеснување на притисокот врз Грција и Италија, главните точки во ЕУ за влез на стотиците илјади мигранти од Блискиот исток и од Африка.
Унгарија беше првата земја членка на ЕУ која го запре пристапот на мигрантите и бегалците, поставувајќи ја оградата на својата граница со Србија и со Хрватска, воведе и построги закони против илегалното минување на границата./крај/мф/сн
Извор: MTI
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Германски министер: Дроновите во Белгија се порака да не се допираат замрзнатите руски средства
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес посочи врска помеѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дебатата за користењето на замрзнатите руски средства што ги поседува белгиската финансиска институција „Еуроклеар“ за финансирање на огромен заем за Украина.
Појавата на беспилотни летала над аеродромите и воените бази стана чест проблем во Белгија во последните денови и предизвика големи нарушувања низ цела Европа во последните месеци. Некои официјални лица рекоа дека инцидентите низ Европа претставуваат „хибридна војна“ на Русија. Москва негираше каква било поврзаност со инцидентите.
„Да, сите го гледаме тоа. И Белгијците исто така. Оваа мерка има за цел ширење несигурност и заплашување на Белгија: Не се осмелувајте да ги допирате замрзнатите средства. Ова не може да се толкува на друг начин“, им рече Писториус на новинарите на прес-конференција во Берлин.
Белгиското Министерство за одбрана одби да коментира неговите изјави, но рече дека „оваа можност веќе е покрената во Белгија“. Белгискиот премиер Барт де Вевер рече дека на неговата земја ѝ се потребни конкретни и цврсти гаранции пред да спроведе план за користење на замрзнатите руски средства за да ѝ помогне на Украина во борбата против руската инвазија.
Ставот на Белгија е клучен бидејќи белгиската финансиска институција Евроклер држи замрзнати руски средства. Белгискиот аеродром во Лиеж ги продолжи летовите откако привремено го прекина сообраќајот во понеделник поради забележан дрон, втор ваков инцидент оваа недела.
Дроновите забележани над аеродромите во главниот град Брисел и источниот град Лиеж пренасочија бројни летови и приземјија некои авиони што требаше да полетаат пред три дена. Белгиската влада вчера свика итен состанок на клучните министри и шефови на безбедносни служби за да разговараат за она што министерот за одбрана го опиша како координиран напад.
фото: принтскрин
Европа
Данска ќе ги забрани социјалните мрежи за децата под 15 години
Данска ќе ја забрани употребата на социјалните медиуми од страна на деца под 15 години, соопшти денес данската влада, но родителите ќе можат да дадат согласност за пристап до одредени платформи за деца на возраст од 13 години и повеќе.
Овој потег доаѓа откако премиерката Мете Фредериксен во говорот пред парламентот во октомври повика на ограничувања за користењето на социјалните медиуми од страна на децата поради загриженост за менталното здравје на младите. „Таканаречените социјални медиуми сè повеќе им го крадат времето, детството и благосостојбата на нашите деца, и ние сега ставаме крај на тоа“, изјави министерката за дигитализација Каролин Стејџ Олсен.
Повеќето партии во парламентот изјавија дека ќе го поддржат планот пред официјалното гласање. Snapchat, YouTube, Instagram и TikTok се најпопуларните платформи на социјалните медиуми за деца во Данска, соопшти владата.
Според анализата од февруари на Данскиот орган за конкуренција и потрошувачи, младите луѓе во нордиската земја поминуваат просечно 2 часа и 40 минути дневно на социјалните медиуми. Данска ја следи Австралија, која минатата година ги забрани социјалните медиуми за деца под 16 години.
фото: принтскрин
Европа
Зеленски: На Украина ѝ е потребна меѓународна помош за заштита на енергетската инфраструктура
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина ѝ е потребна меѓународна помош за да ја заштити својата енергетска инфраструктура од руски напади.
Зеленски во видео порака рече дека системите за воздушна одбрана и заштитата на енергетската инфраструктура се „највисоки приоритети со оглед на руските напади“.
„Всушност, нашите добавувачи на енергија, тимови за поправка и силите за цивилна одбрана се зафатени со обновување на областите по нападите секој ден“, рече Зеленски, апелирајќи за помош од меѓународната заедница.
Четврта зима од војната
Додека војната влегува во својата четврта зима, руската војска повторно систематски ги гранатира електраните и трафостаниците за да го прекине снабдувањето со електрична енергија, греење и вода на украинското население.
Укренерго соопшти дека во четврток повторно се планирани фазни прекини на електричната енергија низ целата земја за да се стабилизира мрежата.
фото: принтскрин

