Европа
Бурна дебата во ЕП за владеењето на правото и медиумите во Полска
Демократијата не може да се користи како аргумент против владеењето на правото и почитување на човековите права и државите членки на Европската унија не може да се кријат зад националниот суверенитет, бидејќи европските договори кои ги потпишале ги обврзуваат да ги почитуваат основните европски вредности, истакна во вторникот првиот потпретседател на Европската комисија Франс Тимерманс, во дебатата во Европскиот парламент во Стразбур за владеењето на правото во Полска, на која учествуваше и полската премиерка Брата Шидло.
Демократијата не може да се користи како аргумент против владеењето на правото и почитување на човековите права и државите членки на Европската унија не може да се кријат зад националниот суверенитет, бидејќи европските договори кои ги потпишале ги обврзуваат да ги почитуваат основните европски вредности, истакна во вторникот првиот потпретседател на Европската комисија Франс Тимерманс, во дебатата во Европскиот парламент во Стразбур за владеењето на правото во Полска, на која учествуваше и полската премиерка Брата Шидло.
Европскиот парламент дебатираше за владеењето на правото во Полска откако Европската комисија минатата седмица го покрена дијалогот со оваа земја членка на Европската унија за да се утврди дали новата конзервативна полска влада со измените на законите за уставниот суд и за ингеренцијата при именувањето на првите луѓе во јавните медиуми ги прекршила европските демократски стандарди.
Дијалогот е покренат во рамките на прописите за заштита на владеењето на правото, што може да доведе до активирање на членот 7 од договорот за ЕУ, кој предвидува суспендирање на правото на глас за држава членка која не ги почитува темелните начела и вредности на ЕУ, а што досега никогаш не се случило. Овој механизам ЕК го усвои во март 2014 година, откако од главните земји членки беше критикувана дека не реагирала на соодветен начин на наводните закани за демократските стандарди во Унгарија.
Ова е првпат овој механизам да биде покренат, а се состои од три чекора: процена на ЕК, потоа препорака на ЕК до земјата членка да го исправи она што не е во согласност со европското законодавство и одговорот на таа држава. Доколку се утврдат недостатоци и таа земја членка се согласи тоа да го исправи, постапката се прекинува, а во спротивно Комисијата може да предложи активирање на членот 7.
Тимерманс објасни дека ЕК го покренала дијалогот со Полска „за да пречи системска закана за владеењето на правото“ во таа земја, имајќи ги предвид измените на законите кои предизвикуваат дилеми со кои според него „значително е отежнато“ функционирањето на уставниот суд и со кој се доведени во прашање медиумските слободи и плурализмот на медиумите. „Доколку владеењето на правото е загрозено, ЕУ мора да дејствува“, порача.
Тимерманс истакна и дека ЕК ќе настојува да ги разјасни фактите на објективен и непристрасен начин, во согласност со својата задача на чувар на европските договори и во тесна соработка со Венецијанската комисија на Советот на Европа. „Ќе го сториме тоа во духот на соработката, а не судирите“, рече.
Полската премиерка Беата Шидло инсистираше дека владеењето на правото во Полска воопшто ниту е загрозено, како и дека во ЕУ со неа не би требало да се занимаваат.
„Полските граѓани ја избраа нашата програма на демократски избори и ние ја спроведуваме, почитувајќи го нашиот устав и европските договори. Спорот околу уставниот суд во Полска е политички, а не правен и како таков е внатрешнополитичка работа. Полскиот народ верува во еднаквоста, слободата и суверенитетот“, истакна Шидло порачувајќи дека е подготвена да дискутира со опзоицијата.
Ги отфрли како навредливи оцените дека нејзината партија, конзервативната Право и правда (PiS), е националистичка и апелираше да им се дозволи да ја водат својата земја како што сметаат дека е потребно,
„Демократијата не може да се користи како аргумент против владеењето на правото и почитувањето на човековите права. Не можете да се криете зад националниот суверенитет бидејќи сте го потпишале европските договори, а тие обврзуваат на почитување на владеењето на правото и овозможуваат да ви суди Европскиот суд на правдата, да ве надгледува Европската комисија, за вас да разговара Европскиот парламент и да ве оспоруваат другите држави членки, и тоа е факт. Имате право на свои сопствени мислења, но не и на свои сопствени факти“, истакна Тимерманс.
Во бурната дебата коишто траеше повеќе од два ипол часа, некои челници на политичките групи во Европскиот парламент, главно левичарски, ја критикуваа полската влада поради наводното загрозување на владеењето на правото и медиумските слободи, додека претежно конзервативните застанаа во нејзина одбрана, истакнувајќи дека Европската унија треба да се занимава со поважните проблеми, како што се бегалската криза и економијата.
Естебан Гозналес Понс, претседател на Пратеничката група на Европската народна партија (ЕРР), која е најголемата во Европскиот парламент, изјави дека најголемата авторитарност „секогаш доаѓа однатре и предупреди дека нападите на правосудството и контролата над медиумите може да бидат „првиот чекор кон уништувањето на демократијата“. Истакна дека ЕУ „само сака да разјасни дали се загрозени европските вредности“ и истакна дека никој не ја осудува Полска однапред. „Владеењето на правото е прашање на вредности, а не на закони. Можете да ги промените законите, но не можете вредностите“, реле Понс.
Инаку ЕРР се наоѓа во деликатна ситуација бидејќи претходно ја штитеше својата членка, унгарската владејачка партија Фидеш, која спроведе слични реформи кои сега се спроведуваат во Полска, а беа критикувани од европската левица, бидејќи унгарската опозиција одвај живурка. Полската владејачка партија Право и правда (PiS), пак е членка на Европските конзервативци и реформисти (ECR), каде што припаѓаат и влијателните британски конзервативци.
Џани Питела, претседател на Пратеничката група на Социјалистите и демократите (S&D), истакна дека независноста на судството и медиуми е апсолутен предуслов за демократијата и ја повика полската влада да не ја водела земјата по патот кој не е во согласност со нејзината историја одбележана со борбата против диктатурата.
Гуи Верхофштад, претседател на либералните пратеници во ЕО, призна дека полската влада има право да го промени законот за медиумите и да ја реформира јавната управа, но нема право да го злоупотребува парламентарното мнозинство за да уништи систем кој го штити владеењето на правото. „Тоа не е во согласност со уставот и не беше наведено во изборната програма“, смета либералот.
„Полските работи треба да ги решаваат Полјаците и треба да се решаваат во Полска. Оваа расправа е непотребна и без основи, но има една позла од неа – ќе го поттикне евроскептицизмот“, заклучи полскиот европратеник Јарослав Ивашкиевич од партијата Европа на слободата и демократијата (EFDD).
Друг полски европратеник, Махаил Марусик, од партијата Европа на нациите и слободите (ENF), оцени дека критиките упатени кон Полска всушност се знак дека владата ги штити полските интереси како и дека расправата е мешање на ЕУ во внатрешните работи на Полска.,„Оваа расправа не служи за ништо. Сведочи единствено за катастрофалната состојба во ЕУ“, оцени Марусик.
Европскиот парламент ќе усвои на почетокот од февруари резолуција за владеењето на правото во Полска./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Редок напад: Украинците ги таргетираат командните центри со моќни американски ракети
Украинските сили започнаа серија напади со американски ракети со долг дострел ATACMS врз руски командни места, складишта за муниција и логистички објекти на окупираните територии, соопшти Генералштабот. Нападите, кои се случија ноќта на 24 февруари, претставуваат ретка потврдена употреба на оружјето, објавува The Kiev Independent.
„Како дел од систематските мерки за намалување на офанзивните капацитети на рускиот агресор, единиците на украинските одбранбени сили продолжуваат да ги таргетираат клучните непријателски командни и логистички објекти“, се вели во соопштението на Генералштабот.
Според извештајот, украинските ракетни сили и артилерија погодиле помошен команден пункт на руската 5-та армија во близина на Новопетривка во окупираниот регион Донецк. Војската соопшти дека ракетите ATACMS биле меѓу оружјето што се користело во операцијата.
Дополнителни напади биле насочени кон логистички магацин што му припаѓал на рускиот центар „Рубикон“ во близина на Василовка во окупираниот регион Запорожје, како и магацини за муниција и снабдување во Пријазовски во регионот Донецк и Олександривка во регионот Запорожје. Руски објект за одржување и поправка во близина на Јакимивка во Запорошката област, исто така, беше погоден. Целосниот обем на штетата сè уште се утврдува, додаде армијата.
Европа
Масовен воздушен напад: Русија лансираше 115 дронови, Украинците соборија 95
Русија започна масовен воздушен напад врз Украина во вторник ноќта, лансирајќи вкупно 115 дронови од различни видови, вклучувајќи ги Шахед, Гербера и Италмас. Украинската воздушна одбрана успешно ги неутрализираше повеќето од заканите, соборувајќи или блокирајќи 95 дронови на север, југ и исток од земјата, објавува Украинска правда.
Според податоците на украинските воздухопловни сили објавени до 7:30 часот утрово, од вкупниот број лансирани дронови, околу 60 беа камикази дронови Шахед. И покрај високата стапка на пресретнување, 18 дронови успеаја да ја пробијат одбраната и да погодат цели на 11 локации.
Широк спектар на одбранбени сили, вклучувајќи ги воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, единиците за електронско војување и беспилотни системи и мобилните противпожарни групи, учествуваа во одбивањето на нападот. Воздухопловните сили предупредија дека нападот е сè уште во тек бидејќи неколку руски дронови сè уште се наоѓаат во украинскиот воздушен простор.
Европа
Литванскиот претседател: Дијалогот со Путин е илузија, Кремљ не сака мир
Литванскиот претседател Гитанас Науседа изјави дека Европа мора да биде подготвена за долгорочната закана од Русија и дека Москва нема намера да застане дури ни по војната во Украина. Во интервју за „Киев пост“, тој рече дека „империјалните амбиции“ на Русија се трајни и дека Европа мора да изгради „ѕид на одвраќање“.
„Ситуацијата е сложена и полна со предизвици“, рече Науседа, додавајќи дека клучната разлика од минатото е што Литванија сега е дел од НАТО и ЕУ. „Членството во Европската унија е „за подобар живот“, а членството во НАТО е „за цел живот“, рече тој. Тој нагласи дека заканата од Русија нема да се повлече со крајот на војната во Украина.
„Империјалните амбиции на Русија нема да исчезнат откако ќе заврши војната во Украина. Заканата ќе остане“, рече тој. „Можеби следниот пат целта нема да биде Украина, туку источниот дел на ЕУ или ЕУ како целина. Мора да бидеме подготвени. Мора да изградиме ѕид на одвраќање“, рече тој.
Зборувајќи за војната во Украина, Науседа рече дека не е оптимист за брзо решение. „САД се клучниот актер тука и само тие можат да ја турнат Русија во ќош и на преговарачката маса“, рече тој. Тој нагласи дека Русија, според него, нема намера да ја заврши војната. „Гледам дека Русија апсолутно нема намера да ја заврши оваа војна.
Тие си играат за време за да заземат повеќе украинска територија“, рече тој. Додаде дека Русија напаѓа цивили и инфраструктура и ја „оружува“ зимата, што го опиша како „длабоко циничен“ пристап. Тој рече дека нема големи очекувања за трилатералните разговори. „Од руска страна, гледам само имитација на преговорите и обиди за купување време“, рече тој.
Науседа рече дека некои во Европа ги повторуваат старите грешки кога верувале дека разговорите со Путин ќе дадат резултати. „Се сеќаваме на бројни средби и повици со Путин, а резултатот беше нула“, рече тој. Додаде дека Путин не ја гледа Европа како воена сила. „Тој не се плаши од Европа. Тој не се однесува кон Европа како кон партнер кого мора сериозно да го сфати. Тој се плаши само од Соединетите Американски Држави, а тоа е значајна лост“, рече тој.
Тој рече дека Европа треба да ги зајакне односите со Соединетите Американски Држави и да ја зајакне преговарачката позиција на Украина, наместо да се обидува директно да преговара со Москва. „Подобар пристап е да се координира со Соединетите Американски Држави и да се зајакне преговарачката позиција на Украина“, рече тој.
Науседа рече дека Литванија силно го поддржува проширувањето на ЕУ и пристапувањето на Украина. „Литванија е меѓу најсилните застапници за што е можно поскоро пристапување на Украина“, рече тој. Додаде дека Литванија предлага перспектива за членство за Украина, Молдавија, Црна Гора и Албанија до 2030 година, нагласувајќи дека датумот не е обврзувачки, туку политичка цел.
Зборувајќи за партиите и политичарите кои тврдат дека „ова не е наша војна“ и се залагаат за ресетирање на односите со Русија, Науседа рече дека е „штета“ што не научиле ништо. „Тие се однесуваат како деца и никогаш не растат“, рече тој, додавајќи дека војната не ја засега само Украина, туку претставува предизвик што Русија го фрла врз европскиот модел на управување, владеењето на правото и демократијата.

