Европа
Чешкиот претседател ја поддржа петицијата на својот претходник против мигрантите
Чешкиот претседател Милош Земан, кој престојува во посета на Кина, ја пофали во неделата петицијата којашто ден претходно ја покрена неговиот евроскептичен претходник Вацлав Клаус.
Поранешниот чешки претседател Вацлав Калус во текстот од петицијата ја .повикува чешката влада „да ја гарантира безбедноста во земјата и неповредливоста на нејзините граници со сите расположливи средства“, а „на ниво на ЕУ да не прифати никакви квоти или слични мерки за распределување на мигрантите“, како што бара Европската комисија, како и да „истрае на почитувањето на договорот кој е на сила во областа на политиките во врска со азилот“
„Таа иницијатива содржи идеи за кои отсекогаш се залагав. Во тоа се согласувам со Вацлав Калус“, изјави за чешките новинари актуелниот претседател Милош Земан на прес-конференцијата одржана во кинеската престолнина Пекинг.
„Ние, потписниците на петицијата, не сме нечувствителни на патењата на илјадниците луѓе предизвикани од војната и другите катастрофи, меѓутоа… се противиме на манипулацијата со јавното мнение со создавањето на лицемерното чувство на солидарност со тие мигранти“, во саботата изјави 74-годишниот Вацлав Клаус.
Клаус тврди дека само во првите десетина минути откако неговата петиција била поставена на интернет, ја потпишале неколку стотици луѓе.
„Масовното доселување ги загрозува самите темели на стабилноста на Европа и земјите членки на ЕУ. Неприфатливо е кршењето на правилата на Шенгенскиот простор, под покровителството на ЕУ, но всушност под притисокот на Германија и Франција, а на земјите коишто се трудат да ги почитуваат тие правила, како Унгарија, им се закануваат со санкции на Европската унија“, се истакнува во петицијата.
Според Клаус, неговата петиција треба да ги обедини оние граѓани кои се загрижени за својата и иднината на своите деца, бидејќи миграциите од земјите од третиот свет претставува сериозна за земјата и воопшто за континентот.
Слична порака во саботата испрати и од Австрија челникот на десничарската Слободарска партија (FPO), Хајнц-Кристиан Штрахе, кој како виновници за бегалската криза го означи САД и НАТО. Рече дека „САД веќе со децении предизвикуваат пожари на Блискиот исток, а потоа имаат лице да тврдат дека одговорноста за поплавата од бегалци паѓа на Европа. Тоа е совршен пример за геостратешка дестабилизација“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

