Европа
Четиринаесет уапсени на пропалестинските протести во Париз
Четиринаесет лица се уапсени во текот на манифестацијата за поддршка на Палестинците во француската престолнина Париз, која беше забранета во петокот навечер од Управниот суд поради минатонеделните судири пред две еврејски синагоги, која заврши со судир со полицијата, извести телевизијата BFMTV.
Демонстрантите фрлале камења и шишиња врз полицајците во еден од северните квартови на Париз, на што полицијата возвратила со солзавец. Собирот бил обезбедуван со повеќе десетици полициски возила, а сообраќајот бил запрен на неколку париски авении.Демонстрантите почнале да се собираат околу 15 часот по средноевропско време за да им изразат поддршка на Палестинците во Појасот Газа, скандирајќи „Сите сме Палестинци“ и „Палестина ќе живее, Палестина ќе победи“. Слични собири беа организирани и во Лил, Лион и Марсеј.Во британската престолнина Лондон, пак, во саботата со истите пароли протестирале повеќе илјади луѓе кои барале итно прекинување на бомбардирањата на Појасот Газа и прекинување на блокадата на оваа палестинска енклава, пренесува AFP.Манифестацијата во Лондон беше организирана од седум здруженија, меѓу кои Stop the War, Palestine Solidarity Campaign и Islamic Forum of Europe, а започна во 11 часот пред кабинетот на британскиот премиер во Даунинг Стрит 10. Потоа поворката се упати кон амбасадата на Израел.Здружението Palestine Solidarity Campaign на својот профил на социјалната мрежа Facebook прецизира дека „повеќе десетици илјади луѓе протестираат во Лондон за мир, правда и слободна Палестина“.Лондонската полиција не сакала да изнесува официјални процени за бројноста на собирот.Претходно во петокот портпаролката на организација Stop the War изјави дека се очекува во целата земјата се соберат 20 илјади луѓе.На собирот во Лондон беа истакнати транспарентите на кои пишуваше „Запрете ги израелските напади врз Газа“, „Ослободете ја Палестина“, покрај скандирањата на „Засрами се Дејвид Камерон“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Дронови во воздушниот простор на Романија во екот на рускиот напад, подигнати борбени авиони
За време на масивниот руски напад со беспилотни летала и ракети врз Украина во вторник наутро, наводно беспилотно летало влегло во воздушниот простор на членката на НАТО, Романија, соопштија украинските воздухопловни сили. Романското Министерство за одбрана потврди дека регистрирало два упади на беспилотни летала во нејзиниот воздушен простор во текот на утрото, објавува „The Kyiv Independent“.
Романското Министерство за национална одбрана објави дека околу 6:30 часот по локално време, два германски авиони „Еурофајтер Тајфун“ биле испратени да ги пресретнат беспилотните летала во округот Тулча. Еден час подоцна, два американски борбени авиони Ф-16 полетале во друга погранична област, во округот Галаци.
Министерството додаде дека Ф-16 воспоставиле радарски контакт со дронот околу 7:50 часот наутро. За среќа, немало извештаи за повредени или материјална штета во Романија. Романските власти сè уште официјално не потврдиле дали беспилотните летала биле руски.
Ова не е прв пат беспилотни летала да го нарушат воздушниот простор на НАТО. Најновиот инцидент се случува во време на зголемени тензии, при што земјите во близина на Украина, вклучувајќи ги Полска, балтичките држави и Романија, ги засилуваат безбедносните мерки од страв од прелевање на конфликтот. Честите руски напади врз украинската пристанишна инфраструктура на Дунав, веднаш надвор од Романија, го држат Букурешт во состојба на висока готовност.
Сличен инцидент се случи во септември, кога руски дрон, исто така, влезе во романскиот воздушен простор, но не беше соборен и на крајот се врати во Украина, потврди тогаш министерот за одбрана Јонут Мостеану. Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека дронот навлегол околу 10 километри во романска територија и останал во воздушниот простор на НАТО речиси 50 минути.
фото: принтскрин
Европа
Зеленски бара притисок врз Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските напади врз Киев во текот на ноќта предизвикале „огромна штета“, додека посебен напад предизвикал „уништување“ во јужното пристаниште Одеса.
Според него, Русија испалила 22 ракети и повеќе од 460 дронови во текот на ноќта. Четири дронови влегле во воздушниот простор на Молдавија и Романија.
„Затоа сите партнери мора да запомнат дека животите мора да се спасуваат секој ден“, рече Зеленски.
„Не смее да има стагнација во помошта. Најважно е сите партнери да се движат кон дипломатија преку заеднички напори. Притисокот врз Русија мора да донесе резултати.“
Европа
(Видео) Потресни снимки од Киев: луѓе врзувале ќебиња за да избегаат од запален стан
Шокантно видео кружи на социјалните мрежи утрово по синоќешниот насилен руски напад врз Киев, главниот град на Украина. Најмалку шест лица беа убиени, а 14 беа повредени во нападот извршен со дронови и ракети.
Иако беа соборени голем број руски дронови и ракети, две станбени згради во Киев беа погодени, што предизвика пожар.
People of Kyiv improvised "ropes" out of blankets and sheets as they tried to escape from a burning apartment building hit by a Russian attack last night. https://t.co/cbInLgvY8l pic.twitter.com/WsfLuHSAQ2
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) November 25, 2025
Поранешен советник на украинското Министерство за украински работи објави видео на Икс за кое тврди дека покажува импровизирано „јаже“ од ќебиња и чаршафи спуштено низ прозорец од страна на жителите на Киев во обид да избегаат од една од погодените згради, која се запали по рускиот напад.

