Европа
Четворицата челници и ОБСЕ го истакнуваат почитувањето на огнот во источна Украина
Челниците на Франција, Германија, Русија и Украина во телефонскиот разговор за актуелната ситуација во источна Украина констатираа придржување до режимот на прекин на огнот, се истакнува во соопштението на кабинетот на францускиот претседател Франсоа Оланд, додека од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) објави дека првите 12 часови од примирјето минале без позначителни нарушувања, како и дека нејзините 20 тимови ги проверуваат пријавите за нарушувања.
„Челниците ја разгледуваа ефикасноста од прекинот на огнот коешто настапи денеска. Тие констатираа дека режимот на прекин на огнот генерално се почитува, и покрај бројните локални инциденти, коишто брзо се решени“, се наведува во соопштението на Елисејската палата објавено во неделата во раните попладневни часови.
Лидерите, исто така, ја истакнале заедничката согласност за постигнување напредок во реализацијата на следните чекори предвидени со пакетот мерки усвоени во Минск на 12-ти февруари, а особено за повлекувањето на тешкото вооружување, коешто според втората од 13-те точки од минската спогодба треба да биде извршено на 40 до 70 километри според калибарот од линијата на раздвојувањето, и следење на придржувањето до прекинот на огнот, како и почеток на преговорите за одржување на локалните избори во согласност со украинското изборно законодавство.
„Тие, покрај тоа, ја потврдија својата целосна поддршка за усвојување на резолуција во Советот за безбедност при ОН, којашто ќе го поддржи пакетот мерки договорени во Минск“, се вели во изјавата од кабинетот на францускиот претседател.
Договорено е контактите и преговорите меѓу претставници на четирите земји на највисоки нивоа да продолжи во понеделник.
Дваесет патроли на Специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ работат во недела во зоната на фронтот, во источна Украина, изјави на прес-конференција во Киев портпаролот на специјалната мисија на ОБСЕ за Украина, Мајкл Бочуркив,
„Се обидуваме на дневно ниво да обезбедуваме точни информации. Денеска во источниот дел од Украина има 20 патроли на мисијата, тие и во моментов работат таму. Ги собираат фактите и вечерва е дадат извештај“, изјави Бочуркив.
Претходно ОБСЕ соопшти дека во првите 12 часа од почетокот на прекинот на огнот кој настапи на полноќ во неделата на 15-ти февруари се пријавени неколку нарушувања. Особено мисиите се активни во жариштата кај Луганск, кај железничкиот јазол Дебалцево и кај аеродромот крај Донецк.
И од украинската и од страната на рускојзаичните бунтовници се пријавени неколку тешки инциденти со по неколку цивилни жртви на двете страни, но за тие нема официјална потврда. Бунтовниците, исто така, предупредија дека неколкуте илјади украински војници кои се во опсада во Дебалцево, неколкупати се обиделе во текот на денот да го пробијат обрачот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.
Европа
Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС
Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.
Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.
Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.
Pentagon reveals Ukraine’s targets for ATACMS missiles – NYT — (the usual baffling lack of retaliation threats from #Putin– instead just the usual bleating that ‘it’s impossible to justify’..Bring Stalin back to life please, Russia) https://t.co/8pi0Lx8tbt #CapeTown #SouthAfrica pic.twitter.com/ZtI5cG3r2m
— Peter Mayson (@theforeverman) April 26, 2024
Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.
Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.
– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.
Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.