Контакт

Европа

Чешкиот претседател пак одбива да прими муслимански имигранти

Објавено пред

Чешкиот претседател Милош Земан повтори во божикната порака емитувана во понеделникот да ги прифати во Чешка, како што ги нарече, муслиманските имигранти“, повторно нафрлајќи се на водечките личности во Европската унија, за кои рече дека се немоќни и бирократски .

„Да се примат муслиманските имигранти, кои се тешки за интеграција на нашата територија, би значело да создадеме културна мешавина, којашто, пак, би можела да доведе до евентуални терористички напади“, ја цитира AFP божикната порака на чешкиот претседател Милош Земан која беше емитувана на повеќе телевизиски станици во земјата.

„Речиси никој денес повеќе не се сомнева во поврзаноста на миграцискиот бран и терористичките напади“, додаде Земан, кој откако дојде на власт по изборите во 2013 година во повеќе наврати даваше изјави кои се спротивни со западните сојузници на Прага по проблемите како што се украинската и бегалската криза.

„Затоа се противам на идејата дека би било добро да се примат на нашата територија во следните години околу 6.200 имигранти,на таканаречена доброволна основа, што е речиси исто како и задолжителната квота“, додаде чешкиот претседател.

Земан, напротив, позитивно се изрази во однос на „помош на имигрантите во земјите на нивното потекло или во соседните земји“, како и во прилог на помошта на Италија и Грција, земјите за коишто рече дека „се соочуваат со миграцискиот бран“./крај/мф/сн

Европа

Данска ги ископува телата на визоните уништени поради коронавирусот

Објавено пред

Данска започна со ископување на четири милиони тела на визони кои се во фаза на распаѓање, стравувајќи дека може да ја загадат водата за пиење или блиското езеро каде што се капат луѓето.

Во ноември, Данска ги уништи сите визони од страв дека животните можат да го пренесат мутираниот коронавирус на луѓето, откако беше пронајден нов вид кај крзнените животни на една од фармите, пренесува АП.

Се стравуваше дека мутираниот вид може да влијае на ефикасноста на идните вакцини, па повеќе од 17 милиони се истребени, што беше голем удар за данската индустрија за крзно, која е најголема во Европа.

Владата најави дека ќе ги уништи визоните, иако немаше право да уништува здрави животни, што, според АП, е срамен и погрешен чекор што доведе до создавање на политички консензус за нов закон.

Ископувањето на 13 тони мртви визи на две места во западна Данска, сместени во близина на езерото за капење и извор на вода за пиење, ќе чини 24,4 милиони долари.

Жителите во областа се жалеа на потенцијален ризик од контаминација, а пред да бидат закопани животните, властите тврдеа дека не постои ризик од загадување на подземните води или заштитената област.

„На жителите не им се дадени вистинските информации и водата е загрозена од загадување. Сега ја елиминираме причината за загадувањето. Тоа беше невообичаена состојба со голема несигурност за граѓаните. Ние сега го коригираме тоа “, рече министерот за земјоделство, Расмус Прен.

Прикажи повеќе...

Европа

Студија: Ако се одложи втората доза вакцина на „Фајзер“ кај постарите лица се создаваат повеќе антитела

Објавено пред

Вакцината против коронавирус на „Бионтек/Фајзер“ кај постари лица произведува три и пол пати поголем одговор на антитела кога втората доза се одложува до 12 недели по првата, покажа британско истражување.

Студијата, објавена во петокот, е прва што директно го споредува создавањето на антитела по тринеделно растојание од две дози препорачано од „Бионтек/Фајзер“ и продолжено растојание до 12 недели помеѓу две дози, што многу земји го воведоа поради недостиг на вакцини, со цел да опфатат многу повеќе луѓе со прва доза на вакцина и со тоа барем делумно да заштитат поголем број луѓе од смртоносната болест.

„Нашата студија покажува дека врвниот одговор на антителата по втората доза на „Фајзер“ е значително зголемен кај постарите лица кога се одложува на 12 недели“, рече авторката на студијата, Хелен Пари од Универзитетот во Бирмингем.

Студијата, која сè уште не поминала научна рецензија, опфатила 175 лица на возраст од 80 до 99 години и утврдила дека со продолжувањето на растојанието помеѓу две дози, врвот на создавање на антитела се зголемува за 3,5 пати во споредба со луѓето кои ја примиле втората доза по три недели.

Институтот за јавно здравје во Англија оцени дека студијата дополнително го поддржува британскиот пристап кон вакцинирањето, со кој е зголемено растојанието помеѓу две дози на вакцини и со тоа се опфатени и заштитени поголем број луѓе со првата доза.

Прикажи повеќе...

Европа

Истражување во Британија: 12.000 животи спасени со вакцините против Ковид-19

Објавено пред

Кампањата за вакцинација против коронавирус во Англија спаси скоро 12.000 животи, а повеќе од 30.000 постари луѓе не завршија во болници со тешка форма на болест, покажа студијата од англискиот институт за јавно здравје.

Во Велика Британија, две третини од возрасната популација е вакцинирана со најмалку една доза на вакцина против Ковид-19, ова оди во корист на намерите на британскиот премиер Борис Џонсон да ја отвори економијата до летото.

До крајот на април, програмата за вакцинирање против Ковид-19 спречи 11.700 смртни случаи кај луѓе постари од 60 години во Англија.

Се проценува дека во истиот период биле избегнати 33.000 хоспитализации на луѓе постари од 65 години.

Податоците за PHE не ги опфаќаат Шкотска, Велс или Северна Ирска, чии влади имаат сопствена политика за пандемија.

„Вакцината веќе спаси толку многу животи и сега можеме да го видиме огромното влијание што таа го имаше за да спречи поголем број од луѓето сериозно да се разболат а со тоа да ги заштитиме нашите болници“, рече Мери Рамзи, раководител на програмата за вакцинација на PHE.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Филипче: Помладите ќе почекаат за вакцинација

Пријавените за вакцина преку vakcinacija.mk најдоцна до понеделник ќе добијат термини за вакцинација, рече денес министерот за здравство Венко Филипче....

Македонија1 час

Македонците кои заглавија на „Евзони“ се враќаат назад, денеска нема влез во Грција

Сите кои тргнаа кон Грција се враќаат назад, откако рампите на граничниот премин останаа спуштени. Грчката полиција не дозволи влез...

Европа3 часа

Германски виролог предупредува на опасност од четврти бран на вирусот

Германскиот виролог Хендрик Штрек очекува дека ситуацијата во врска со коронавирусот сигурно ќе се влоши наесен и дека е можен...

Свет4 часа

Борел: Европската Унија не е способна да го запре Израел

Жосеп Борел, високиот комесар на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, изјави дека Европската Унија не е во состојба да...

Свет4 часа

Во Индија повеќе од 24 милиони заразени од коронавирус, индискиот сој се шири во целиот свет

Бројот на пријавени случаи на Ковид-19 во Индија се искачи на повеќе од 24 милиони лица, а индискиот сој на...

Свет5 часа

Се разгорува воениот конфликт на Блискиот Исток, стотици мртви и ранети

Израелската армија ги засили нападите врз Газа, а од Газа веќе петти ден по ред и натаму се лансираат ракети...

Македонија24 часа

Варвициотис: Не поддржуваме раздвојување на Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров утрово во Атина го започна своето учество на 6-от Економски...

Македонија1 ден

Пендаровски: Во регионот сè уште има премногу историја што не држи на задните седишта во Европа

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на виртуелната конференција „Пред иднината – Подготовки за НАТО 2030“ во организација на Атлантскиот...

Свет1 ден

Нова опасност во Индија, смртоносната „Црна Габа“ се појави кај заразените со коронавирус

Се поголем број пациенти во Индија кои се наоѓаат во тешка здравствена состојба поради коронавирусот, добиваат ретка инфекција, т.н. „Црна...

Македонија1 ден

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Муслиманите во земјава, како и во целиот свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се...

Македонија1 ден

Од полноќ стапува на сила скратен полициски час

Од полноќ стапува на сила скратениот полициски час кој ќе трае до 4 часот наутро. Олабавување на рестриктивните мерки ќе...

Свет1 ден

(Видео) Состојбата на Блискиот Исток се разгорува, Израел ја разгледува можноста за копнен напад на Газа

Дури и по полноќ, конфликтот меѓу израелските и палестинските сили не стивна. Проектили летаа од двете страни со несмален интензитет....

Свет2 дена

Нетанјаху: Ова е само почеток!

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека се ликвидирани неколку команданти на Хамас и се закани со досега невиден напад на...

Регион2 дена

Европратеникот Џамбаски до Србија: Омразата кон Бугарите нема да ве однесе во ЕУ

Бугарскиот член на Европскиот парламент од партијата ВМРО БНД, Ангел Џамбаски ја предупреди Србија дека пристапувањето во ЕУ е можно...

Македонија2 дена

Нови 150 заболени и 16 починати од коронавирус во земјава

Во последните 24 часа се направени 2.093 тестирања, а регистрирани се 150 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 62,...

Македонија2 дена

(Видео) Пристигна унгарската донација од 6.000 дози вакцини, ќе бидат наменети за граничната полиција

Министрите за внатрешни и надворешни работи Оливер Спасовски и Бујар Османи денеска на скопскиот аеродром ја пречекаа делегацијата предводена од...

Македонија2 дена

Груевски, Камчев и Мијалков обвинети за „Плацовите на Водно“, се бара продолжување на притворот за Камчев

Обвинителството бара експремиерот Никола Груевски, заедно со неговиот кум Ристо Новачевски, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, бизнисменот Орце Камчев, неговата...

Македонија2 дена

Хоџа: Погрешни се тезите дека ќе може сѐ и сешто да се легализира

Од Владата оценуваат дека по вчерашното усвојување на законот за утврдување на правниот статус на бесправно изградените објекти во законодавниот...

Свет2 дена

Погребана младата наставничка од Казањ, која со своето тело заштити дете од разулавениот убиец

Роднините, пријателите и учениците денеска ја испратија на вечно почивање Елвира Игнатиева (26), наставничка по англиски јазик, која загина во...

Македонија2 дена

Царовска: Жално е што нашите ученици не се подготвени за предизвиците што ги носи новото време

Министерката за образование, Мила Царовска, смета дека реформите што треба да се спроведат во образованито не се избрзани, туку дури...

Досие