Европа
Извори: Оштетувањата укажуваат дека капетанот се обидел „Ту-154“ да го спушти во морето

Оштетувањата на задниот дел на авионот „Ту-154“ на руското министерство за одбрана кој се урна во Црното Море, првично укажуваат за тоа дека капетанот на екипажот сакал да го спушти воздухопловот на водата, изјавил за агенцијата ТАСС неименуван извор во безбедносните структури.
„Нуркачите пронајдоа делови од авионот од крилата до задниот дел. Според прелиминарните прегледи, оштетувањата покажуваат дека капетанот сакал да го спушти авионот на водата“, го цитира агенцијата својот соговорник.
Претходно во понеделникот беше соопштено дека задниот дел од урнатиот авион бил пронајден, но не бил подигнат на површината. На него биле видливи делови од моторите.
Авионот од типот „Ту-154“ на руското министерство за одбрана во неделата 25-ти декември утрото се уран кусо по полетувањето од аеродромот Адлер, близу јужното руско одморалиште Сочи. Авионот се урнал во близина на брегот, во водите на Црното Море.
Во хаваријата загинаа сите 84 патници и осумте членови на екипажот. Во трагедијата животите ги загубија речиси сите членовите на светски познатиот воен ансамбл „Александров“, новинари од три руски телевизии, активистката за човекови права Елисавета Глинка, и други функционери на руското министерство за одбрана и воени лица кои патуваат до воздухопловната база „Хмејмим“ во близина на градот Латакија во Сирија
Станува збор за модел на авион со три мотора од моделот „Т-154“ кој е проектиран во 60-те години од минатиот век за превезување на повеќе од 150 лица по во тоа време неасфалтираните писти на рускиот Далечен исток, и со децении беше основата на советскиот внатрешен воздухопловен сообраќај.
Во несреќите на овој тип авион од 2000 година, вклучително и последната, загинале околу 900 луѓе.
Произведени се повеќе од илјада такви авиони, меѓутоа руските власти по низата несреќи дефинитивно во 2011 година наредија повлекување на авионите „Ту-154“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Европската Унија ги продолжи економските санкции против Русија до 31 јули

Советот на ЕУ денеска одлучи да ги продолжи за шест месеци, до 31 јули 2023 година, санкциите насочени кон одредени сектори на руската економија.
„Тие во моментот се состојат од широк спектар на секторски мерки, вклучувајќи ограничувања на трговијата, финансиите, технологијата и стоките со двојна употреба, индустријата, транспортот и луксузните стоки. Тие исто така ја покриваат забраната за увоз или трансфер на морска сурова нафта и одредени нафтени деривати од Русија во ЕУ, де-SWIFT на неколку руски банки и суспензија на радиодифузни активности и лиценци за неколку места за дезинформации поддржани од Кремљ“, велат од ЕУ.
Овие санкции првпат беа воведени во 2014 година како одговор на руските акции во Украина, а потоа беа проширени во февруари 2022 година по руската воена агресија врз Украина.
Европа
Путин: Злосторствата на неонацистите во Украина покажуваат дека ги заборавиле лекциите од историјата

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека злосторствата извршени од неонацистите врз цивилите во Украина покажуваат дека тие ги заборавиле лекциите од историјата.
Путин посочи дека заборавањето на лекциите од историјата води до повторување ужасни трагедии и како доказ з тоаа ги наведе злосторствата против цивилите и етничкото чистење извршено од неонацистите во Украина.
„Против ова зло нашите војници сега се борат херојски, рамо до рамо“, рече Путин во телеграмата упатена до организаторите и учесниците на настаните посветени на одбележувањето на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот и 78-годишнината од ослободувањето на затворениците од концентрациониот логор Аушвиц од страна на Црвената армија.
Европа
(Видео) Пожар проголта историско богатство, во Лондон изгоре црква стара 150 години

Црквата „Свети Марко“ во северозападен Лондон, која е стара повеќе од 150 години, е уништена при синоќешниот пожар.
Лондонската противпожарна бригада соопшти дека нема извештаи за повредени и дека причината за пожарот сè уште не е позната, пренесува Би-би-си.
На самото место беа ангажирани повеќе од 10 противпожарни возила со 80 пожарникари за да се справат со пламените јазици.
🚨VIDEO: London Fire dealt with a historic church blaze Thursday night pic.twitter.com/DxAqxicOuu #news #TheFOXposts
— The FOX Posts (@thefoxposts) January 27, 2023
На жителите што живеат во областа им беше препорачано да ги држат своите прозорци и врати затворени, а полицијата побара од јавноста да ја избегнува областа за да им дозволи на службите за итни случаи да работат.
При интервенцијата пожарникарите употребиле скала висока 64 метри, највисока од ваков вид во Европа.
Pics from London Fire Brigade – church is destroyed with precious mosaics and architecture lost – the church is not far from Abbey Road Studios pic.twitter.com/SnJpqyHzc6
— media:man 🔍🎬 (@chrishainstock) January 27, 2023