Европа
Црните кутии докажуваат дека копилотот го урнал на авионот Germanwings
Деталниот преглед на двете црни кутии од авионот на нискотарифната германска воздухопловна компанија „Germanwings“, кој пред еден месец во француските Алпи јасно докажуваат дека копилотот намерно го урнал леталото, изјави во средата германскиот министер за сообраќај, Александер Добринд.
„Сега е совршено јасно“ дека 27-годишниот копилот Андреас Лубитц „намерно ги активирал командите“, изјави германскиот министер Александр Добринд на средбата на парламентарната комисија за сообраќај во Берлин пред која поднел извештај заедно со Карстен Шпор, директорот на компанијата „Lufthansa“, пренесува агенцијата DPA.
Според министерот, Лубитц намерно ја наместил брзината и насоката. И апаратот за снимањето на звукот, како и уредот за регистрирање на податоците за летот „убедливо покажуваат“ на неговата компетентност и присебност, истакнал Добринд.
Министерот најави дека во текот на мал ќе биде направен пробен лет по рутата по којашто летал авионот „Airbus A320“ со 150 патници и членови на екипажот од Барселона до Диселдорф за да се разјаснат преостанатите прашања. Меѓу нив се и снимените звуци за коишто не е пронајдено објаснување на уредот за регистрирање на податоците.
„Релативно брзо“, ќе биде објавен прелиминарен извештај за летот, со неколку седмици задоцнувања, но во пропишаниот рок од една година, додал министерот.
И претходно медиумите повикувајќи се на германската и француската истрага пишуваа дека копилотот на „Germanwings“ за кого постојат сомневања дека на 24-ти март во француските Алпи намерно го урнал авионот „Airbus A320“, наводно ги лажел лекарите дека е на боледување, иако тогаш управувал со комерцијални воздухоплови, пишува германскиот печат, а истрага открива дека на интернет пребарувал страници за самоубиства.
Германскиот дневен весник Bild пишувапе дека Андреас Лубитц побарал лекарска помош поради проблеми со видот, што претходно го споменаа и неговата поранешна девојка и некои од неговите пријатели. Иако на лекарите им рекол дека е пилот, и ја споменувал притоа компанијата „Germanwings“, Лубитц намерно затаил дека и натаму лета, иако поради својата здравствена состојба не смеел.
Според документацијата во којашто увид имал весникот Bild, Лубитц кон крајот на 2014 година имал сообраќајна несреќа и се жалел на проблеми со видот. Меѓутоа, неговиот мотив на капетанот на летот од Барселона до Диселдорф да не му дозволи да се врати во пилотската кабина и дека, според сé судејќи, со умисла го урнал авионот, и натаму останува мистерија.
Од здравствениот картон на Лубитц било видливо дека тој земал лекови за „тежок облик на депресија, анксиозност и напади на паника“, како и средството за смирување „Lorаzepam“.
Германските истражни органи истовремено објавија дека Лубитц пред трагедијата извесно време на интернет барал податоци за безбедносниот механизам од вратата од пилотската кабина. Исто така, според нив, на интернет пребарувал и страници за самоубиства.
Се појавија и наводи дека снимките од црните кутии укажуваат дека капетанот на летот, кој излегол надвор од пилотската кабина, непосредно пред падот „очајнички се обидувал да се врати“, бидејќи вратата била заклучена однатре./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Макрон: Руските напади врз цивили се неприфатливи, испраќаме помош во Украина
Францускиот претседател Емануел Макрон вчера ги осуди руските напади врз цивилите и енергетската инфраструктура и најави испраќање генератори во Украина.
„Вчерашниот напад врз патнички воз во регионот Харков е неприфатлив. Франција остро ги осудува руските напади врз цивилите и енергетската инфраструктура. Соочени со итноста, се мобилизираме. По состанокот на Г7+, на кој копретседател е Франција, во Украина ќе бидат испратени генератори за да му се помогне на населението да ја преброди зимата“, рече Макрон на платформата за социјални медиуми Икс.
Неговата изјава следеше по телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
J’ai échangé à l’instant avec le Président @ZelenskyyUa.
L’attaque d’hier contre un train de passagers dans la région de Kharkiv est inacceptable.
La France condamne avec la plus grande fermeté les frappes russes contre les civils et contre les infrastructures énergétiques.…
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) January 28, 2026
„Ставот на Франција е јасен: ние ќе ја поддржиме Украина колку што е потребно за да се одбрани и да ја победи агресијата предводена од Русија. Украина може да смета и на Франција во рамките на Коалицијата на волните. Ние продолжуваме да работиме на создавање услови за праведен и траен мир што ја гарантира безбедноста на Украина и Европа“, рече Макрон.
Тој додаде дека европските лидери се согласиле целосно да бидат вклучени во дискусиите што ги засегаат во контекст на тековните мировни преговори.
„Франција останува решена да го зголеми притисокот врз Русија сè додека таа избегнува мир. Работиме на нови санкции на европско ниво и ќе продолжиме со нашите напори за нарушување на флотата во сенка“, додаде Макрон.
Европа
Мерц: Влезот на Украина во ЕУ во 2027 година не доаѓа предвид, тоа не е можно
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека пристапувањето на Украина во Европската Унија во блиска иднина не е можно.
„Пристапувањето на 1 јануари 2027 година не доаѓа предвид. Тоа не е можно“, рече Мерц по разговорите со коалициските партнери во Берлин.
Секоја земја што сака да се приклучи на ЕУ прво мора да ги исполни Копенхашките критериуми, процес што обично трае неколку години, истакна канцеларот.
Сепак, тој нагласи дека на Украина ѝ е потребна перспектива што ќе го отвори патот за пристапување на долг рок.
„Можеме постепено да ја доближиме Украина до Европската Унија за време на овој процес“.
„Тоа е секогаш можно, но толку брзо пристапување едноставно не е изводливо“, додаде Мерц.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повтори барањето на неговата земја за членство во ЕУ уште во 2027 година.
„Пристапувањето на Украина во Европската Унија е една од клучните безбедносни гаранции не само за нас, туку и за цела Европа“, напиша тој на платформата Икс по телефонскиот разговор со австрискиот канцелар Кристијан Штокер.
„Колективната сила на Европа е можна, особено благодарение на безбедносниот, технолошкиот и економскиот придонес на Украина“, истакна Зеленски.
Европа
(Видео) Изгоре луксузен хотел на француските Алпи
Десетици луѓе беа евакуирани откако синоќа пожар го зафати хотелот со пет ѕвездички во скијачкиот центар Куршевел на француските Алпи.
Никој не е повреден во пожарот што избувна на таванот на хотелот „Hotel des Grandes Alpes“ околу 19 часот, соопшти префектурата на регионот Савоја на својата веб-страница.
🔥 Courchevel : incendie en cours dans un hôtel de luxe
▶️ Le feu serait parti des combles. 261 personnes ont dû être évacuées, aucune n’a été blessée
🚒 Les pompiers, toujours sur place, font face à un risque important de propagation pic.twitter.com/BoeIJcDjnQ
— LCI (@LCI) January 28, 2026
Службениците соопштија дека повеќе од 90 лица биле евакуирани од хотелот синоќа, додека блискиот хотел „Le Lana“, кој има речиси 200 гости, исто така бил евакуиран утрово поради ризик бидејќи пожарот продолжувал. Персоналот и гостите се засолниле во други хотели.
131 пожарникар беа распоредени на местото на настанот. Безбедносните мерки во регионот се под лупа откако пожар во бар во швајцарското одморалиште Кран-Монтана на новогодишната ноќ уби 40 лица, а повреди повеќе од 100, од кои многумина тинејџери.

