Европа
CSU ѝ се закани на Меркел со прекин на соработката поради бегалската криза
Несогласувањата поради барателите на азил во владејачката германска демохристијанска Унија меѓу Христијанско-демократската унија (CDU) и баварската Христијанско-социјална унија (CSU), ескалираа до таа мерка што челникот на CSU и баварски премиер Хорст Зехофер во петокот на челничката на CDU и сојузна канцеларка Ангела Меркел ѝ се закани со прекинување на соработката и неподржување на нејзината евентуална кандидатура за нов мандат на изборите следната 2017 година.
„Ние нема да се откажеме од барањето за воведување годишна граница за бројот на бегалците од 200.000. Станува збор едноставно за нашата веродостојност“, изјави Хорст Џехофер, челникот на CSU во разговорот за Spiegel Online.
Константните кавги во Унијата CDU/CSU им штетат на демохристијаните, но станува збор за тоа како да се придобие загубената доверба кај избирачите, појаснува Зехофер.
Германската канцеларка Ангела Меркел е истрајна во одбивањето на воведување горна граница за прифаќање на бегалците и барателите на азил, образложувајќи дека лимитите не се потребни поради што, според нејзини оцени, и онака бројот на бегалците се намалил.
Зехофер нагласува дека без договор за бегалците, тој нема да гостува на партискиот конгрес на CDU ви декември на кој Ангела Меркел би требало да се кандидира за претседателка на партијата, што би значело дека ќе се кандидира и за нов канцеларски мандат. Зависно за поддршката во партијата, Меркел ќе одлучи за повторната кандидатура за канцеларка.
Зехофер, исто така, го доведе во прашање и поканувањето на Ангела Меркел на партискиот конгрес на CSU, што е традиција со децении наназад.
„Доколку Ангела Меркел дојде на партискиот конгрес на CSU, а јас заминам на конгресот на CDU, и покрај тоа што нашата политиката со милји се разијдува, та би имало разорен ефект на Унијата (CDU/CSU)“, вели Зехофер во интервјуто коешто во целост ќе биде објавено во печатеното издание на списанието Der Spiegel во понеделникот.
Партијата CSU, којашто ја претставува демохристијанската опција во Баварија, додека во остатокот од земјата на CDU, е од самиот почеток на бегалската криза е најголемиот противник отворената бегалска политика на Ангела Меркел поради што односите меѓу двете сестрински партии на историско најниско ниво. CSU неодамна објави документ во кој освен горната граници за прифаќање на бегалци, а бара и значително заострување на условите за добивање на азил./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и дете
Украина ги уништи сите 10 беспилотни летала во руски напад во текот на ноќта, но две лица се повредени, а станбени згради во регионот Харков беа зафатени од пожар, соопштија денеска украинските власти.
Воздухопловните сили на „Телеграм“ соопштија дека Русија лансирала и две противвоздушни наведувани ракети. Портпаролот на украинските воздухопловни сили во телевизиски пренос изјави дека руските ракети, најверојатно, биле насочени кон североисточниот град Харков.
Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, рече дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад, чија цел, според него, биле и инфраструктурата и станбените области. На фотографиите што ги објави Синехубов на „Телеграм“ се гледаат големи пламени јазици од станбените згради.
„Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се ранети во нападот и се на медицинска помош“, рече Синехубов на апликацијата „Телеграм“.
„Ројтерс“ сè уште не ја потврди независно оваа вест. Москва негира дека цели на цивили во овие „легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина“.
Европа
Повредени двајца полицајци во Париз кога маж им го украл пиштолот и пукал во нив
Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициската станица во Париз, кога на еден од нив му бил одземен пиштолот од маж кој претходно бил приведен поради напад со нож врз жена.
„Полицијата интервенираше и го донесе овде, во полициската станица, и тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот“, изјави началникот на полицијата Лорен Нунес.
Обвинителството соопшти дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува „Монд“.
Полицијата возвратила, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.
Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност.
Европа
Путин го избра премиерот
Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент.
Откако Путин во вторникот положи заклетва за нов шестгодишен претседателски мандат, тамошната влада, според одредбите на рускиот Устав, поднесе оставка.
И додека во последните денови се шпекулираше дека може да има промени на некои важни и суштински позиции, а руските независни медиуми споменуваа евентуално заминување на Михаил Мишустин од премиерската позиција, Путин повторно го предложи за таа функција.
„Претседателот Владимир Владимирович Путин достави до Државната дума предлог за кандидатурата на Михаил Владимирович Мишустин за функцијата премиер. Денеска претставниците ќе донесат одговорна одлука за ова прашање во име на нивните гласачи“, изјави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин на апликацијата Телеграм.
Ова е петти мандат на Путин на власт, а тој го номинираше Мишустин за премиер за прв пат во јануари 2020 година, кога Владата предводена од Дмитриј Медведев поднесе оставка по најавените важни уставни промени во политичкиот систем на земјата од страна на претседателот.
Мишустин, кој ќе зборува во Думата пред гласањето, мора да одговори како ќе реши низа задачи што Путин и ги постави на владата, вклучително и „зголемување на одбранбената способност на нашата земја“, рече Володин.