Европа
Дел од јавноста во Унгарија загрижена поради последните изјави на Орбан
Унгарија е долго време цел на невладините организации поради наводните сé поголеми ограничувања на основните човекови права, но и растот на десницата, а неодаменшните изјави на унгарскиот премиер Виктор Орбан за воведување на „нелиберална демократија“, загрижи многумина, пишува Al Jazeera.
Унгарија е долго време цел на невладините организации поради наводните сé поголеми ограничувања на основните човекови права, но и растот на десницата, а неодаменшните изјави на унгарскиот премиер Виктор Орбан за воведување на „нелиберална демократија“, загрижи многумина, пишува Al Jazeera.
Членот на партијата Future 2014, дел од унгарската опозиција, Виктор Шигетвари стравува дека неговата земји се движи кон авторитаризам, и ја повика Европската унија (ЕУ) да воведе мониторинг за унгарската демократија.
„Ваква Унгарија не би можела да стане членка на ЕУ. Жално е тоа што, говорејќи го ова како граѓанин на ЕУ, Брисел е немоќен против земјите кои не ги исполнуваат неговите односни стандарди, како што се слободата на медиумите, граѓанските слободи и партискиот плурализам“, изјавил Шигетвари.
Неговата загриженост произлегува од неодамнешниот говор на премиерот Орбан, во кој наведувајќи ги примерите на Индија, Турција, Кина и Русија како нелиберални демократии, изјавил дека „не верува оти членството во ЕУ би ја спречило Унгарија да изгради нелиберална нова држава, заснована на националните темели“.
Шабо Мате Даниел, претставник на унгарската Civil Liberties Union, потенцирал дека последните најави на Орбан не смеат да се негираат.
„Досега го имавме тоа чувство, но владата секогаш го негираше тоа. Моравме да се караме со нив околу тоа прашање. Говоревме дека создаваат нелиберална држава, бидејќи носеа такви закони и правеа такви постапки. Но владините претставници тоа секогаш го негираа, така што овој говор на премиерот Орбан е доста важен, и сега тоа веќе не може да се негира. Самиот тој призна каква држава сака да изгради“, изјавил Мате Даниел.
Меѓутоа, унрагскиот владин портпарол, Золтан Ковач, негира дека премиерот Орбан воопшто изјавил такво нешто.
„Видете, тоа е ср’жта на проблемот. Тој тоа не го рече. Нема да појаснуваме што рекол премиерот, бидејќи ако прочитате внимателно, реченица по реченица, иако е долго, тоа е 35-минутно предавање, и е јасно и очигледно дека тој говореше за општи теми кои се однесуваат на ЕУ и светската демократија, како што се границите на либерализмот“, изјавил Ковач.
Владата на Орбан изминатите години воведе бројни рестрикции на медиумската слобода, невладиниот сектор, но и изборниот закон, а поради тој е честа мета на критиките на организациите за човекови права./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Руски нуклеарни бомбардери летаа околу Скандинавија, ги следеа странски ловци
Руските стратешки бомбардери „ту-95“, способни да носат нуклеарно оружје, извршија планиран лет над неутралните води на Баренцовото и Норвешкото Море, а за време на мисијата беа придружувани од странски борбени авиони. Руското Министерство за одбрана ја објави веста, без да го прецизира точниот датум на летот или за кои странски авиони станува збор, пишува „Киев пост“.
„Стратешките ракетни носачи ‘ту-95МС’ извршија планиран лет над неутралните води на Баренцовото и Норвешкото Море“, се вели во соопштението на Министерството објаснувајќи дека станува збор за област северно од Скандинавија и северозападно од Русија.
„Во одредени фази од рутата бомбардерите со долг дострел беа придружувани од борбени авиони на странски земји“, се додава. Москва исто така рече дека ваквите летови се одржуваат редовно во многу региони и се во согласност со меѓународното право.
Европа
(Видео) Украинците: Соборивме авион за да можеме да разнесеме подморница
Безбедносната служба на Украина (СБУ) објави дека соборила модернизиран поморски извидувачки авион Ил-38Н „Sea Dragon“ во руската воздухопловна база во Јејск, како дел од подготовките за напад врз руска подморница во градот Новоросијск.
„Ова е авион дизајниран за поморско извидување, пребарување на подморници, следење на морски површини, поставување мински полиња и извршување напади со торпеда“, соопшти СБУ.
Според украинското разузнавање, погодениот Ил-38Н активно дејствувал против украински поморски беспилотни летала. Проценетата вредност на авионот е околу 24 милиони долари. СБУ истакнува дека Русија имала само еден авион од оваа класа во Црното Море способен да го открие украинскиот подводен дрон „Sub Sea Baby“ додека се движел кон својата цел.
Онеспособувањето на леталото, тврди УСБ, овозможило успешно спроведување на главната фаза од специјалната операција, експлозијата на руската подморница од класата Варшавјанка.
„За напад врз Ил-38Н, УСБ користела современ дрон со боева глава за површинска детонација опремена со 2.000 фрагменти насочени надолу. Детонацијата се случила директно над главната опрема и радарскиот оддел, а моторот бил оштетен“, објави украинското разузнавање.
УСБ претходно објави дека на 15 декември, за прв пат во историјата, руска подморница била уништена со употреба на подводни дронови „Sub Sea Baby“. Нападот во Јејск, според украинските тврдења, бил клучен предуслов за успехот на операцијата.
Европа
(Видео) Нова експлозија во Москва во близина на местото на кое пред два дена беше убиен генерал
Експлозија што се случи синоќа во јужниот дел од Москва уби три лица, вклучувајќи двајца припадници на руската сообраќајна полиција, соопшти Рускиот истражен комитет.
Според официјалното соопштение, двајца полицајци забележале сомнително лице во близина на службено полициско возило. Кога му се приближиле за да го идентификуваат и да го приведат, била активирана експлозивна направа.
„Двајца полицајци и едно лице кое било во нивна близина починале од повредите на местото на настанот“, се вели во соопштението на Истражниот комитет. Експлозијата се случила во густо населена област на градот. Членови на Истражниот комитет, полицијата, Росгвардија и службите за итна медицинска помош остануваат на местото на настанот.
🇷🇺🇺🇦 Moscow appears hit by another terror attack
An explosion in southern Moscow killed three — two police officers and an unidentified suspect
Officers noticed a suspicious person near their patrol car overnight, but as they moved to detain them, an explosive device detonated… pic.twitter.com/K5Jpeu9OJD
— The Other Side Media (@TheOtherSideRu) December 24, 2025
Руските власти потврдија дека е отворена кривична постапка. Најавено е дека ќе бидат спроведени неколку форензички вештачења, вклучувајќи медицински и експлозивно-технички вештачења, за да се утврдат околностите на инцидентот, видот на експлозивната направа и начинот на нејзино активирање.
Државното обвинителство ја презеде истрагата. Сè уште не е објавено дали третото лице кое загинало било напаѓач или дали постои врска со организирани структури или политички мотиви.
За потсетување, пред два дена, рускиот генерал Фанил Сарваров беше убиен во експлозија на автомобил-бомба во Москва, во близина на местото каде што се случи и синоќешната експлозија, а ова беше трет случај на убиство на генерал во Москва за една година.

