Европа
Десетици илјади на протести против владата на Камерон
Повеќе десетици илјади демонстранти излегоа во неделата на протест против кастрењата и политиките на штедења на владата на британскиот премиер Дејвид Камерон, во Манчестер каде што неговата Конзервативна партија ја одржува годишната партиска конвенција.
Синдикатите, коишто беа организатори на протестите, соопштија дека во протесната поворка излегле 60.000 луѓе, додека полицијата во Манчестер не излезе со своја процена.
Протестот мина без инциденти, освен што многу мала група демонстранти со јајца ги нападна неколку делегати на тридневната конвенција на Конзервативците која истовремено започна во Манчестер.
Протестот е насочен против социјалните кастрења, политиките на штедење, реформите во системот на јавното здравство и планот за закон за право на штрајк. „Да се ослободиме од Ториевците“ и „Не ја бомбардирајте Сирија“, пишуваше на транспарентите, како одговор на најавите на премиерот Дејвид Камерон за повторно барање одобрување од парламентот воздушните операции во Ирак што ги спроведува Велика Британија да бидат проширени и во Сирија.
Генералната секретар на централната синдикална организација TUC, Френсис О’Грејди оцени дека планот за носење закон за ограничување на правото на штрајкот претставува најголем удар врз работничката класа во последните 30 години./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Необичен настан над Исланд: авионот на „Туркиш ерлајнс“ се свртел и се вратил во Истанбул, велат ова е причината
Екипажот на авионот на „Туркиш ерлајнс“, кој летал од Истанбул за Сиетл, ненадејно свртел и се вратил на аеродромот од кој полетал.
Како што може да се види на платформата „Флајт радар“, авионот се свртел во близина на Исланд и се вратил во Истанбул.
Turkish Airlines flight #TK203 made a U-turn north of Iceland and is returning to Istanbul.
The reason is currently unknown. pic.twitter.com/eMpwV2qKRD
— Flightradar24 (@flightradar24) December 25, 2024
Според информациите, екипажот на авионот решил да се врати во Истанбул поради технички проблеми.
Станува збор за авион „ербас А350“ со регистарски број TC-LGJ.
Медиумите јавуваат дека нема вонредна ситуација и дека ваквите постапки се вообичаени кога има технички дефект на леталото.
Европа
Руска ракета прелета над воздушен простор на членка на НАТО, вели украински министер
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха на социјалните мрежи се огласи за рускиот напад утринава.
Тој ги опиша нападите како божиќен терор и рече дека тоа е одговор на Владимир Путин на оние што зборуваат за илузорен божиќен прекин на огнот мислејќи на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Исто така, се тврди дека руската ракета поминала низ молдавскиот и романскиот воздушен простор.
„Тоа потсетува дека Русија ѝ се заканува не само на Украина“, додаде тој.
Романија, членка на НАТО, вели дека не ја открила ракетата во својот воздушен простор.
Европа
(Фото) Русите лансираа 12 проектили врз милионскиот град Харков
Градоначалникот на Харков, вториот по големина град во Украина со еден милион жители, објави дека Харков утрово се соочил со нов „масовен ракетен напад врз енергетски објекти“.
Игор Терехов вели дека врз градот биле лансирани 12 проектили насочени кон енергетските објекти, како што се котларници и електрани. Поради ова, голем дел од Харков во моментот е без греење.
#Харківщина: російські війська завдали масованих ударів ракетами та дронами, виникли пожежі
Влучання були зафіксовані у кількох районах міста та області. За попередніми даними, постраждали 6 осіб. pic.twitter.com/kxSPx0bCa5
— DSNS.GOV.UA (@SESU_UA) December 25, 2024
Тој вели дека во градот досега се повредени најмалку четири лица.
„Сите наши специјализирани комунални услуги ќе работат на поправка и рестартирање на системот за греење. Ќе работиме деноноќно за да го вратиме нормалниот живот во градот што е можно побргу“, вели тој.