Контакт

Европа

Десетици илјади против TTIP во Хановер

Објавено пред

Повеќе десетици илјади луѓе, според полицијата 35.000 а според организаторите 90.000 протестираа во саботата во северниот германски град Хановер против планираниот Трансатлантскиот трговски договор и инвестициско партнерство (Transatlantic Trade and Investment Partnership – TTIP) меѓу Европската унија со САД и Канада, кој го заговараат германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот претседател Барак Обама, кој току со цел да го промовира овој договор треба да допатува на индустрискиот саем во Хановер.

dobivaj vesti na viber

„Не го сакаме TTIP. Сакаме демократија, не култура на тајност и владеење на големите компании“, изјавила за AFP 66-годишната пензионерка Хана Берлин. „Нема причини да се следат САД. Европското општество нема потреба од напредок на штета на природната околина“, вели Ладислав Јелинек, 38-годишен Чех кој живее веќе две години во Германија.

Германците го предводат противењето на TTIP во Европската унија и во октомври лани во Берлин протестираа меѓу 150.000 и 250.000, според процените на полицијата и на организаторите.

Невладините организации и синдикатите договорот го критикуваат веќе со месеци, предупредувајќи дека ќе доведе до намалување на европските стандарди и ќе им овозможи на големите компании да ги оспоруваат националните закони на европските земји пред арбитражните судови.

Скептицизмот расте и во САД. Така само 17 отсто Германци и 15 отсто Американци сметаат дека TTIP е „нешто добро“, наспроти повеќе до 50 проценти во 2014 година, според испитувањето на јавното мнение на фондацијата Bertelsmann.

Во текот на посетата на британската престолнина Лондон, американскиот претседател Барак Обама покажа разбирање за таквите стравувања. „Трговските договори во минатото понекогаш им служеа на интересите на големите компании, а не нужно на работниците“, призна. Обама има намера во текот на посетата на Германија во недела и понеделник да даде нов поттик на преговорите за овој договор, кои се во застој. „Договорот е еден од најдобрите патишта за поттикнување на растот и работните места…, ќе ја зајакне трговијата и ќе создаде работни места во САД и во ЕУ“, порача во саботата Обама во интервјуто за германскиот неделник Bild.

Германската канцеларка Ангела Меркел, исто така, му ја даде својата поддршка на договорот TTIP. „Не попуштаме кога станува збор за нашите норми, го штитиме она што денес се прави во Европа во областа на заштитата на природната околина и потрошувачите“, истакна во вообичаената видео порака која секоја сабота се поставува на нејзината интернет страница. Меркел нагласува дека договорот е добар за двете страни и можност ЕУ да „ги дефинира нормите од светски размери“. Доколку договорот биде постигнат, што Берлин официјално го очекува до крајот на годинава, другите светски сили „тешко би можеле долго да заостануваат“, истакна германската канцеларка.

Следната седмица во Њујорк се одржува 13-та рунда од преговорите за TTIP. Преговарачите на двете страни изразија надеж дека ќе бидат заклучени преговорите до крајот на мандатот на Обама, но времето истекува, бидејќи во ноември ќе се одржат претседателските избори во САД.

Милијардерот Доналд Трамп и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, водечките кандидати за партиските номинации за американските претседателски избори, не се премногу наклонети кон договорот TTIP. „Доколку договорот не биде постигнат оваа година, многу е неизвесно дали некогаш воопшто ќе го склучиме“, вели американскиот претставник за трговија, Мајкл Форман во разговорот за германскиот весник Handelsblatt.

Франција неодамна предупреди дека ќе ги прекине преговорите за TTIP доколку наскоро нема напредок. „Реков ланскиот септември дека, доколку нема напредок, би требало да ги прекинеме преговорите. Таа опција уште е на масата. Свесни сме дека некои земји скакаат договор по секоја цена во рокот што го диктираат американските избори. Тоа не е француски пристап“, изјави францускиот министер за трговија Матијас Фекл во вторникот, на маргините од конференцијата за TTIP во Париз.

Францускиот социјалистички претседател Франсоa Оланд, исто така, е против TTIP, забележува Reuters и потсетува на неговата изјава дадена на 14-ти април во телевизиското интервју за France 2. „Франција секогаш може да каже не. Доколку нема реципроцитет, доколку нема транспарентност, доколку има опасности за земјоделците, ако немаме пристап до јавните набавки во САД, а САД имаат пристап до сето она што ние овде го работиме, тогаш нема да се согласам“, вети Оланд кого следната година напролет го очекуваат претседателските избори, а популарноста му е рекордно ниска.

Шеесет француски социјалистички пратеници и сенатори апелираа на почетокот од април во напис во дневниот весник Le Monde францускиот парламент „да не биде замолчен“ по тоа прашање, критикувајќи го „недостигот од транспарентност“ во преговорите за TTIP. „Никој не знае што содржи TTIP, а оваа година би требало да биде склучен“, предупредија.

Европската комесарка за трговија, Сесилија Малстром, во март рече дека сака да ги затвори повеќето поглавја од TTIP до летово, вклучително и најспорните прашања, како што се јавните набавки во САД, решавањето на споровите меѓу инвеститорите и државите и европските правила за производите од заштитено потекло.

Противењето на TTIP порасна последните години особено во Германија, а критичарите стравуваат дека голема моќ ќе им даде на мултинационалните компании на штетата на правата на потрошувачите и работниците. Германската влада на канцеларката Ангела Меркел се залага за што поскоро ратификување на TTIP. Според Берлин, европската економија ќе има полза од овој договор, Брисел ќе може повеќе да влијае врз стандардите на меѓународната трговија, европските компании нема да мора да бидат подложени на двојна сертификација, а TTIP ќе осигури меѓу 200 и 400 илјади нови работни места во Германија и раст на тамошното производство.

Силата на отпорот ја изненади и владата на Меркел која се соочува со големиот предизвик како да го придобие јавното мнение за договорот, кој според нив ќе овозможи пазар од 800 милиони луѓе и ќе биде противтежа на економската моќ на Кина. На паневропските протесни акции во април и мај минатата година, повеќе десетици илјади луѓе протестираа против потпишувањето на TTIP, а најмасовните протести се одржаа во Мадрид, Минхен и Берлин.

Од јули 2013 година зад затворени врати ЕУ преговара за TTIP, а во 2015 година требаше да биде разработен а потоа за половина година да биде одобрен од Европскиот парламент и националните парламенти на земјите потписнички на овој договор. Неговата цел е создавање на најголемата зона на слободна трговија во светот, со пазар од околу 820 милиони потрошувачи. Покрај САД и земјите од ЕУ, во договорот се вклучени и Канада, Мексико, Швајцарија, Лихтенштајн Норвешка и Исланд, како и земји кандидати за членство во Европската унија.

Договорот за сеопфатна зона на слободна трговија СЕТА (Comprehensive Economic and Trade Agreement) меѓу ЕУ и Канада, според кој овие пазари стануваат целосно отворени еден за друг треба да биде еден вид почетна точка за постигнувањето на TTIP. Проектот е целосно развиен, но сè уште не е потпишан. Доколку биде одобрен од Советот на Европа и од Европскиот парламент, би требало да стапи на сила до крајот на 2016 година.

Иницијативата се однесувана унификација на трговско-политичките стандарди на земјите од Северна Америка и од Европската унија. Притоа, според критичарите, TTIP ги става корпоративните интереси над националните имено компаниите добиваат специјално право да ги бранат своите интереси особено во меѓуарбитражните судови кои ќе бидат независни од националните институции и практично ќе дејствуваат како приватни./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Европа

16-годишно момче избодено во училиште во Германија

Објавено пред

16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.

dobivaj vesti na viber

На нападот наводно му претходела вербална расправија.

Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.

Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.

По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.

Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“

Објавено пред

45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.

dobivaj vesti na viber

Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.

Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.

Прикажи повеќе...

Европа

Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС

Објавено пред

Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.

dobivaj vesti na viber

Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.

Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.

Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.

Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.

– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.

Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија8 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија9 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ12 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија12 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет14 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет14 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија14 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет15 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион15 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет15 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија1 ден

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија1 ден

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија1 ден

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија1 ден

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија1 ден

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 ден

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...