Европа
Десетици повредени во експлозија и судири пред парламентот на Украина

Десетина лица се повредени во експлозијата а уште 50, од кои 40 полицајци, во судирите пред украинскиот парламент во Киев каде во понеделникот беше изгласан законот како дел од февруарскиот мировен договор од Минск со кој рускојазичните источни региони добиваат поголема автономија.
Неколку луѓе облиени во крв, меѓу кои и полицајци и, како што изгледа, и новинари, лежеле на плочникот пред украинскиот парламент, известува дописникот на AFP, откако одекнала силна експлозија.
Претходно избувнаа судирите меѓу полициските сили и демонстрантите, откако парламентот ја прифати уставната реформа со којашто на рускојазичните одметнати региони Донецк и Луганск, како услов за спроведување на локални избори според украинското изборно законодавство, треба да им биде доделен ткн „специјален статус“, односно поголема автономија во доменот на безбедноста, именувањето функционери и финансиите. Тоа е дел од договорот за прекин на огнот што на 2-ри февруари во белоруската престолнина Минск го потпишаа челниците на Украина, Русија, Франција и Германија.
Од 265 пратеници, 226 украински пратеници гласаа за оваа одлука во текот на бурната седница на којашто пратениците кои се противат на овој закон го нарекоа „антиукраински“ и „пропутиновски“, и ја блокираа парламентарната говорница и извикуваа „срамота“. Пратениците од Радикалната партија активираа во собраниската сала и сирени за да го спречат зборувањето од говорницата.
На излезот од парламентот демонстрантите фрлаа чадни бомби од кои се шири црн и бел чад пред зградата, а солзавец е употребен и од полицијата и од демонстрантите, пренесуваат агенциите.
Уште околу 200 луѓе продолжуваат да протестираат пред Врховната Рада – парламентот, против усвојувањето на амандманите на Уставот на Украина во делот на децентрализацијата на власта, и покрај тоа што пратениците ги поддржаа измените веќе во првото читање во понеделникот.
Демонстрантите продолжуваат да ги повикуваат пратениците да не го прифатат уставот, а претседателот Петро Порошенко да ги искористи своите овластувања и да не го потпише законот, пренесува агенцијата РИА.
Киевската телевизија „112“ извести претходно дека при обидот на демонстрантите насилно да влезат во парламентот повредени се најмалку 40 полицајци и десетина демонстранти. Од Националната гарда на Украина потврдиле дека се повредени 20 нивни припадници од кои двајца се во критична состојба.
Од рано утрото во понеделникот повеќе стотици активисти на националистичката партија Свобода протестираат против споменатите уставни реформи, неонацистичкото движење Десен сектор, кој се смета за ткн борбено крило на оваа партија чии припадници војуваат во специјални доброволечки баталјони во источна Украина, се закани дека ќе го парализира Киев../крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Авион со руски туристи принудно слета во Естонија поради украински напад со дронови

Патнички авион што превезуваше руски туристи до Санкт Петербург беше принуден да слета во Естонија вчера по украинскиот напад со беспилотно летало врз Русија.
„Авионот беше пренасочен кон Талин бидејќи не можеше да слета на аеродромот ‘Пулково’ поради неговото привремено затворање“, потврди Маргот Холтс, раководител за комуникации и за маркетинг на аеродромот во Талин.
Во ноќта од саботата кон неделата украински беспилотни летала погодија гасен терминал во регионот Ленинград и рафинерија за нафта во регионот Самара. Извор во Службата за безбедност на Украина потврди за „Киев индепендент“ дека разузнавањето стои зад нападот врз терминалот за течен природен гас во регионот Ленинград.
Авионот, управуван од египетскиот превозник „Ал Масрија јуниверсал ерлајнс“, полетал од Шарм ел Шеик и слетал во Талин во 5.33 часот по локално време. Тој го продолжил своето патување кон Санкт Петербург речиси шест часа подоцна.
Според Холтс, на патниците и на екипажот не им било дозволено да го напуштат авионот додека биле на аеродромот во Талин.
Украинските напади со беспилотни летала, кои сè повеќе го нарушуваат цивилниот воздушен сообраќај во Русија, се дел од пошироката украинска стратегија за поткопување на руската логистика далеку над линиите на фронтот. Во првите месеци од 2025 година украинските напади со беспилотни летала наводно ја принудиле Русија да затвори аеродроми повеќе од 200 пати.
фото: принтскрин
Европа
Украинци: Русите извршија 500 напади врз Запорожје за еден ден

Во текот на изминатите 24 часа, руските сили извршија 500 напади насочени кон 13 населени места во регионот Запорожје, објави на Телеграм Иван Федоров, началник на Воената администрација на Запорожје.
„Руските сили извршија четири воздушни напади врз Билохирија, Полтавка и Червони. Три напади со повеќекратен ракетен систем (MLRS) ги погодија Плавни и Мала Токмачка. Вкупно 327 беспилотни летала (главно дронови FPV) ги погодија Запорожје, Биленки, Плавни, Хулајпол, Шчербаки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно. Исто така, 166 артилериски напади се регистрирани во Плавни, Хулајпол, Орихив, Шчербаки, Преображенки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно“, се вели во соопштението.
Властите добија 19 пријави за штети на станбени згради и помошни згради. Немаше пријави за цивилни жртви.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Патниците врескаат во агонија, трепка црвено светло: пекол на летот за Рим

Патниците врескаа од страв откога силни турбуленции го погодиле летот од Шпанија до Рим принудувајќи го пилотот итно да слета.
Преплашените патници гласно врескаа додека авионот се бореше со силни турбуленции на летот од Аликанте до аеродромот во Рим.
Turbulence caught on camera today on a Wizz Air flight from Alicante to Rome, forcing a diversion to Bologna.pic.twitter.com/sbLjXUp1DH
— The Age Of Genz (@TheAgeOfGenZ) August 21, 2025
Кога авионот изврши итно слетување во Болоња, патниците „му се заблагодарија на Бога што се живи“.
Снимките од кабината го покажуваат авионот како силно се тресе, со светла претежно изгаснати, а црвено светло трепка надвор од прозорецот.
Лошите временски услови во регионот предизвикаа проблеми за авионот додека се обидуваше да слета во Рим.
По неколку обиди за слетување на аеродромот во Рим, авионот беше пренасочен кон Болоња. Таму слетал во 3.53 часот наутро, речиси три часа откога требаше да пристигне во италијанската престолнина.
Патот од Аликанте до Рим обично трае нешто помалку од два часа.