Европа
Дезмонд Туту ги повикува Норвежаните да му простат на Брејвик
Пензионираниот јужноафрикански англикански бискуп и позната активист за човекови права Дезмонд Туту, ги повика во понеделникот Норвежаните да му простат на десничарскиот екстремист Андерс Беринг Брејвик осудениот извршител на крвавите напади во главниот град Осло и околината.
На новинарско прашање за можноста за прошка на Андер Беринг Бејвик кој отслужува 21-годишна затворска казна за убиствата на 77 луѓе на 22-ри јули 2011 година, бискупот Дезмонд Туту одговори „Тоа е наше размислување, а верувам дека би било и на Бога“.„Господ никого не мрази и сите ние сме негови деца. Меѓу нас има и зли деца, но и натаму се членови на исто семејство“, изјави Туту на прес-конференцијата одржана во Градскиот совет на норвешката престолнина Осло, триесет години откако токму во неа му беше доделена Нобеловата награда за мир.Туту притоа истакна дека проштевањето не значи дека злосторства на Брејквик не треба да се сметаат за едни на најстрашните работи кои човек може да ги замисли, но и дека омразата и огорченоста, како што смета бискупот, дејствуваат како корозија.Претседателот на групата за поддршка на семејствата на жртвите на масакрот на Брејвик од 2011-та, Хенри Блатман кој во тоа крвопролевање го загубил синот, одговори дека е невозможно да му се прости на злосторник кој не чувствува ни најмалку грижа на совеста поради она што го сторил.Брејвик на почетокот од септември ја разбранува норвешката јавности кога изјави дека е подготвен да се извини доколку властите му дозволат да формира фашистичка партија. Во писмо од 33 страници, десничарскиот фанатик кој издржува затворска казна од 21 година, наведува дека сака да формира политичка формација под името Фашистичка партија на Норвешка и Северната Лига.„Како поранешен милитант, моето срце крвави поради варварството што го направив на 22-јули 2011 година“, наведува сега 35-годишниот Брејвик.Тој призна дека уби осум луѓе во бомбашки напад на зградата на Владата во Осло и 69 во оружен напад на летниот камп на подмладокот на Лабуристичката партија на островот Утоија. Како мотив за атентатите го наведе несогласувањето и обвинувањата на ливичарските политичари за попустливост кон доселениците, особено од муслиманските земји што придонесува за измена на демографската слика на Норвешка.Во 2012 година му беше изречена затворска казна од 21 година која може да се продолжува сè додека Брејвик се смета дека е опасен за општеството. Правните експерти сметаат дека тоа веројатно значи дека ќе остане во затвор до крајот на животот.Брејвик во писмото, исто така, наведува дека најважна работа во животот му е да спречи убиства и кривично дело какво што стори тој и дека тоа е целта на основањето на партијата. Вели и дека е подготвен да се извини доколку се исполнат неговите услови и дека дава рок од 30 денови, кој „истекува“ на 6-ти октомври, за да му се овозможи формирање на партијата, додека во спротивно ќе покрене судска процедура.Според него, затворската служба му го забранила правото на формирање на политичка партија кога му ги одзела сите писма кои ги напишал за покренување на партијата. Во Норвешка, инаку, сите затвореници имаат исти права како останатите граѓани./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Околу 500 патници заглавени во авиони поради снег во Минхен
Околу 500 патници останале заглавени во авиони на аеродромот во Минхен, откако нивните летови биле откажани поради обилни снежни врнежи. Иако дел од авионите биле подготвени за полетување, патниците не можеле да се вратат во терминалот поради недостиг на автобуси и зафатени паркинг-позиции за авионите.
Повеќе од 100 летови планирани за четврток навечер биле откажани поради снегот, а дел од патниците ја поминале целата ноќ во леталата.
Лоша логистика и ограничен капацитет
Според портпарол на авиокомпанијата Луфтханза, дури и летовите што добиле специјални дозволи за ноќно полетување не можеле да тргнат. Како причина се наведува тоа што сите паркинг-места за авиони во близина на терминалот биле веќе зафатени, а капацитетот на автобусите за превоз на патници бил ограничен.
„Во тој момент сите паркинг-места кај терминалот беа исполнети, а бројот на автобуси е ограничен“, изјавил портпаролот, додавајќи дека организацијата на автобускиот превоз е во надлежност на аеродромот.
Летови кон повеќе европски и светски дестинации
Според информациите на Луфтханза, погодени биле летови кон Сингапур, Копенхаген, Гдањск, Грац и Венеција. Дури во раните утрински часови автобуси пристигнале и ги превезле патниците до терминалот.
Од аеродромот во Минхен кратко соопштиле: „Жалиме за непријатностите што настанаа“.
Студен бран во регионот
Ледениот бран изминатите денови го зафати и Виена, додека хаос беше пријавен и во Марибор, каде што голем број жители останаа без струја, а дел и без вода.
Поради состојбата, во поширокото подрачје на вториот по големина град во Словенија беше прогласена вонредна состојба.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.

