Европа
Џонсон: Победата на Трамп е шанса, а не проблем

Шефот на дипломатијата на Велика Британија, Борис Џонсон во четвртокот во Белград оценил дека победата на Доналд Трамп на американските претседателски избори треба да се сфати како шанса, а не како проблем, наведувајќи дека британската премиерка Тереза Меј веќе остварила добар разговор со новоизбраниот претседател на САД, пренесуваат светските агенции.
Џонсон рекол дека Трамп по овој разговор порачал дека САД имаат спектакуларни односи со Велика Британија, и дека „тој сака да постигне договорот за слободна трговија“. Тоа е голема шанса за нас во Британија да градиме односи со САД, кои се од големо економско значење, а значајни се и за стабилноста и просперитетот на целиот свет, оценил Џонсон.
Треба да бидеме позитивни и тоа да го сфатиме како шанса, и тука сакам да им порачам на моите прекрасни европски колеги дека треба да се разбудиме од драмата поради резултатите од американските избори, рекол британскиот министер./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Пукање во Шведска, најмалку тројца убиени

Најмалку три лица се убиени во пукотница во фризерски салон во градот Упсала, потврди шведската полиција. Полицијата соопшти дека добила повеќе пријави од граѓани кои пријавиле истрели во близина на плоштадот Ваксала во центарот на градот.
Пукањето се случило во пресрет на Валпургиската ноќ, традиционален пролетен фестивал кој привлекува голем број луѓе на улиците секоја година. Според полицијата, неколку лица биле пронајдени со повреди што укажуваат на прострелни рани.
Shocking news from Uppsala-Sweden
Multiple fatalities in a shooting at Vaksala Square. Police confirm several injured, TV4 reports more victims deceased. Serious incident unfolding. #UppsalaShooting pic.twitter.com/nGPTd05Tmw— Niyak Ghorbani (نیاک) (@GhorbaniiNiyak) April 29, 2025
Шведските медиуми јавуваат дека маскираниот убиец избегал со електричен скутер и дека е во тек голема потрага, вклучувајќи го и учеството на полициски хеликоптер.
Голем дел од областа е ограден, а истрагата е во тек. Портпаролот на полицијата, Магнус Јансон Кларин, за локалните медиуми изјави дека добиле повеќе пријави за истрели во областа.
Идентитетите на жртвите и напаѓачот засега не се познати, ниту пак мотивот за нападот.
Европа
Пациент во Полска уби лекар среде болница, бил незадоволен од третманот

Пациент во болница во Полска, незадоволен од начинот на кој бил лекуван таму, избодел лекар кој подоцна им подлегнал на повредите, соопшти денес Министерството за здравство. Полицијата извести дека осомничениот утрината упаднал на Одделот за ортопедија на Универзитетската болница во Краков и влегол во ординацијата каде што биле докторот и неговиот пациент.
Мажот неколку пати со остар предмет го избодел лекарот, ортопедски хирург, во стомакот. Иако повеќе од 20 колеги и медицински сестри веднаш се обиделе да му пружат помош на докторот, тој им подлегнал на тешките повреди.
Обезбедувањето на болницата го совладало напаѓачот, а потоа тој е приведен.
Директорот на болницата, Марцин Једриховски, за новинската агенција ПАП изјави дека пациентот нападнал лекар во болницата каде што претходно бил лекуван бидејќи не бил задоволен од третманот, а претходно поднел жалба против болницата до омбудсманот за права на пациентите.
Сепак, инспекцијата не открила никакви грешки во методот на лекување. Полската министерка за здравство Изабела Лешчина изјави дека е згрозена од нападот.
Европа
Бројот на кардинали кои ќе го изберат новиот папа е намален

Бројот на кардинални електори кои ќе го изберат наследникот на починатиот папа Францискo се намали на 133 откако двајца кардинали изјавија дека не можат да дојдат во Рим поради здравствени проблеми, изјави портпаролот на Ватикан, Матео Бруни.
Бруни, директор на прес-службата на Ватикан, не ги објави имињата на двајцата отсутни кардинали бидејќи тие се борат со здравствени проблеми.
Италијанскиот кардинал Анџело Бечиу, кој денес објави дека дефинитивно нема да биде на конклавата бидејќи првично бил осуден за проневера, не бил ниту вброен меѓу 135-те кардинални електори.
Конклавата ќе почне на 7 мај. За избор на нов папа е потребно двотретинско мнозинство.