Европа
Донецк: Украински воздухопловни експерти го посетиле местото на падот на авионот
Местото на падот на малезискиот патнички авион во областа на градот Торез во источна Украина кој е под контрола на проруските бунтовници, биле посетено од украински воздухопловни стручњаци, додека официјален Киев соопшти дека „црните кутии“ од авионот се во рацете на бунтовниците и сѐ уште се на украинска територија.
Претставник на проруската милиција којашто го обезбедува местото на падот на малезискиот авион, за агенцијата РИА Новости рекол дека во доцна попладнето во петокот „пристигнала група од четири експерти, и кусо време го набљудувале теренот, разговараа со нас и со министерството за вонредни состојби“. Засега нема потврда за оваа информација од официјален Киев.Според претставниците на проруските бунтовници во самопрогласената Народна Република Донецк, досега на местото на несреќата се пронајдени 186 тела од вкупно 298 патници и членови на екипажот на патничкиот авион „Boeing 777“ на малезиската воздухопловна компанија „Malaysia Airlines“ на летото МН17 од Амстердам за Куала Лумпур кој се урна на неколку десетици километри од украинско-руската територија. Истовремено во Киев, советникот на украинското министерство за внатрешни работи Антон Герашченко за Првата национална телевизија во петокот навечер изјави дека црните кутии од малезискиот „Boeing 777“ се најдени и се во рацете на бунтовниците.„Во рацете на терористите (како што прозападните власти во Киев ги нарекуваат проруските бунтовници во југоисточните региони на Украина), се наоѓаат ‘црните кутии’. Тие сѐ уште, според нашата информација, се наоѓаат на територијата на Украина“, додаде Герашченко.Претходно во петокот токму Герашченко изјави дека украинското разузнавање поседува информација според којашто „црните кутии“, коишто го снимаат разговорот во кабината од авионот и текот на летот, биле предадени преку еден од граничните премини на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).Причините за уривањето на малезискиот авион уште не се јасни, но сѐ почести се тврдењата дека тој е соборен со проектил истрелан од непознат извор. Украина ги обвинува проруските бунтовници и Русија, дека го собориле авионот, додека бунтовниците тврдат дека не поседуваат ракетен систем кој може да гаѓа цел на височина од 10.600 метри на која летал малезискиот авион помалку од половина час пред да влезе во рускиот воздушен простор. Рускито министерство за одбрана, пак, соопшти дека нејзините погранични радарски системи во зоната на несреќата на авионот во четвртокот регистрирале активност на ракетен систем „Бук“ на украинската армија кој може да собори летало на споменатата височина. Според руските воени експерти, воената техника којашто ја користи украинската армија во операцијата што ја спроведува од април годинава против проруските бунтовници во источниот дел на земјата, којашто останала од периодот на распадот на Советскиот сојуз и подоцна набавувана од Русија, може да предизвика ваква несреќа.Руските експерти, исто така, потсетуваат на трагедијата од 2001 година со рускиот патнички авион кога украинските противвоздушни сили со употреба на ракетен систем С-200 го соборија над Црното Море авионот „Ту154“ на летот од Тел Авив за Новосибирск, во кој загинаа 78 патници и членови на екипажот, а од 66-те патници повеќето беа Израелци./крај/мф/сн
Извор: РИА Новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Фон дер Лајен по нападите врз Иран: Постои „обновена надеж“ за народот на Иран по смртта на ајатолахот Хамнеи
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека постои „обновена надеж“ за народот на Иран по смртта на ајатолахот Али Хамнеи.
„Мораме да се осигураме дека иднината е нивна за тие да ја бараат и обликуваат. Истовремено, овој момент носи вистински ризик од нестабилност што би можела да го турне регионот во спирала на насилство“, напиша Фон дер Лајен на Х.
„Блиску соработуваме со сите клучни актери, како и со нашите регионални партнери, за да ја зачуваме стабилноста и безбедноста и да ги заштитиме животите на цивилите“
Европа
Ердоган предупредува на спирала од насилство, повика на итен прекин на огнот
Турскиот претседател Таип Ердоган изјави дека нападите на САД и Израел врз Иран го нарушуваат суверенитетот на земјата и го загрозуваат мирот на иранскиот народ, додавајќи дека е тажен и загрижен. Во говорот во Истанбул, Ердоган, исто така, ги нарече нападите на Иран врз земјите од Заливот неприфатливи и предупреди дека без воздржаност и дипломатија, на регионот му се заканува спирала од насилство.
Тој повика на итна акција за да се спречи понатамошно крвопролевање, додавајќи дека Анкара ќе ги забрза дипломатските напори за постигнување прекин на огнот и оживување на разговорите.
Турција, членка на НАТО што граничи со Иран, претходно оваа недела изјави дека се спротивставува на каква било воена интервенција во Иран.
Анкара е во контакт со двете страни за деескалација на тензиите, повикувајќи на мирно решавање на спорот преку дипломатија.
Европа
(Видео) Напад со ХИМАРС врз Белгород, гори нафтено складиште во Луганск, се шират снимки
Украина изврши ноќни напади врз термоцентрала во рускиот регион Белгород и складиште за нафта во окупираниот Луганск, според руските власти и снимки од очевидци објавени на социјалните медиуми. Нападите го прекинаа снабдувањето со електрична енергија во делови од Белгород, објавува „Киев Индепендент“.
Според локалните канали на Телеграм, Белгород, град на само 34 километри од украинската граница, бил погоден од повеќекратни ракетни системи HIMARS. Се вели дека целта била термоцентралата на градот. Вјачеслав Гладков, гувернерот на регионот Белгород, подоцна објави дека „масивниот ракетен напад“ ја таргетирал енергетската инфраструктура во и околу градот.
It’s lights out in Belgorod again. It is clear that russia cannot protect this city. It should be surrendered to Ukrainian forces who can provide better protection.
Fact: None of this would’ve happened if I had been the president of russia. pic.twitter.com/7HIGxDYhy5
— Rock – NAFO Raccoon (@NAFORaccoon) February 26, 2026
„Нанесена е сериозна штета на енергетската инфраструктура. Ова доведе до прекини на електричната енергија, прекини во снабдувањето со вода и проблеми со греењето“, рече Гладков. „Киев Индепендент“ не можеше независно да ги потврди тврдењата во времето на објавувањето.
Истата ноќ, беа објавени фотографии и видеа од запален складиште за нафта во Луганск, кој е под руска окупација од 2014 година. Локалните жители објавија дека на пожарот во фабриката му претходеле низа експлозии.
Руското Министерство за одбрана објави дека во текот на ноќта соборило 95 украински беспилотни летала над различни региони на земјата. Украина редовно напаѓа воена инфраструктура длабоко на руска територија и на окупирани територии за да ја ослаби борбената моќ на Москва. Киев ги смета нафтените објекти за легитимни воени цели бидејќи тие директно ги финансираат воените напори на Русија.
Нападите доаѓаат во време кога Русија води сопствена кампања за уништување на енергетската мрежа на Украина во текот на есента и зимата, оставајќи илјадници луѓе низ цела Украина без греење и електрична енергија.

