Европа
Екс проститутка пешачеше 800 км за да бара закон против колешките

Поранешна проститутка која станала активистка за укинување на проституцијата пристигна во неделата во Париз одејќи пеш 800 километри низ Франција, во намерата да изврши притисок врз пратениците брзо да го донесат новиот закон со кој се казнуваат клиентите на проститутките.
Предлог законот за казнување на клиентите беше изгласан во декември 2013 година, меѓутоа една од сенатските комисии го одложи до јули.Росен Ишер, сега 57-годишна, којашто се проституирала 22 години сѐ додека во 2009 година не престанала да се занимава со „најстарата професија“, порача по пристигнувањето во француската престолнина Париз дека „проституцијата не е право“ и дека „никој нема право да купува или да продава жена“.Нејзиното доаѓање во Париз се совпадна со објавувањето на апелот од 200 градоначалници и градски советници до пратениците во Сенатот „итно да го прифатат законот“ која ја засилува борбата против проституцијата, а веќе е испратен во Националното собрани, долниот дом.Освен казнувањето на клиентите со 1.500 евра, споменатиот закон предвидува јакнење на борбата против проституцијата, помош на жртвите и развивање на опции за излегување од проституцијата, преку политики на образование и превенција на проституцијата меѓу младите.Ишер протестираше со здруженијата во неделата на авенијата Шанзелизе, каде почнала да се проституира во бар за девојки за придружба.Меѓутоа, борбата за укинување на проституцијата, француската елита не ја прифаќа едногласно, а не се единствени ниту здруженијата за правата на жените, бидејќи еден дел од нив бара подобри закони со коишто ќе се регулира професијата проститутка.Ишер за француските медиуми изјави дека била пријатно изненадена од срдечноста на луѓето кои ги среќавала додека пешачела по Франција и верува дека тоа е показател дека избирачите го поддржуваат нацртот на новиот закон./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
На Германка и испаднале наочарите во езеро додека била на чамец, се удавила барајќи ги

Една жена загина во Хамбург откако се обидела да ги земе очилата што паднале од чамец во езерото Алстер во близина на пристаништето, соопшти вчера полицијата.
Се верува дека 57-годишната жена нурнала под пристаништето за да ги бара, но не се вратила на површината. Нејзиното безживотно тело подоцна било извлечено од водата и не можело да се реанимира. Минувачите ги известиле службите за итни случаи.
Двајца мажи, исто така, исчезнале додека пливале во водите на Хамбург во неповрзани инциденти еден ден претходно, според властите.
Четириесетгодишен маж скокнал во реката Елба и брзо бил однесен од струјата, соопшти полицијата. Другиот, 46-годишен маж, пливал на друго место во градот кога одеднаш исчезнал под водата, соопшти полицијата.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Путин: Оваа криза не почна со рускиот напад врз Украина, резултат е на државниот удар во Украина, кој Западот го поддржа

Рускиот претседател Владимир Путин денес се обиде да ја оправда инвазијата на Украина пред сојузниците, обвинувајќи го Западот за провоцирање на конфликтот.
Тоталната инвазија на Украина беше наредена од Владимир Путин пред три и пол години. Во војната загинаа десетици илјади луѓе и беше опустошен голем дел од источна Украина.
Putin spoke at the Shanghai Cooperation Organization Summit.
He blamed the West for the "Ukrainian crisis" and said that "the root causes of the crisis" must be removed in order for peace to come.
Looks like Putin has made his choice: he's going to continue the war. https://t.co/yqVH2adAxs pic.twitter.com/kbqYtFnpyH
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 1, 2025
„Оваа криза не започна со рускиот напад врз Украина, туку е резултат на државниот удар во Украина, кој Западот го поддржа и охрабри“, рече Путин на самитот на Шангајската организација за соработка во кинескиот град Тјенџин.
„Друга причина за кризата се постојаните обиди на Западот да ја вовлече Украина во НАТО“, додаде рускиот претседател.
Како избувна војната?
Конфликтот во Украина започна во 2014 година по месеци масовни протести познати како Револуција на достоинството, кога беше соборен прорускиот претседател Виктор Јанукович. Кратко потоа, Русија го окупираше и анектираше Крим, а на истокот од земјата, во Донецк и Луганск, избувнаа борби меѓу украинските сили и проруските паравоени групи со директна поддршка од Москва. И покрај договорите од Минск од 2014 и 2015 година, војната во Донбас никогаш навистина не заврши.
Ситуацијата драматично ескалираше на 24 февруари 2022 година, кога Русија, по наредба на Путин, започна целосна инвазија на Украина.
Руските сили тргнаа од неколку правци, тргнувајќи и кон Киев, но наидоа на жесток украински отпор и беа принудени да се повлечат од северните региони. Војната потоа се концентрираше на југот и истокот од земјата, каде што се водеа најжестоките борби.
До ден денес, украинските градови остануваат систематски бомбардирани од руски ракети и беспилотни летала, додека Украина возвраќа со напади врз воени цели длабоко на руска територија. Конфликтот одзеде десетици илјади животи, расели милиони и претвори огромни делови од земјата во бојно поле, а мировните преговори се во застој.
фото: принтскрин
Европа
Европски научници: Пожарите на Медитеранот се директна последица од климатските промени

Незапаметени пожари ги опустошија северна Шпанија и Португалија во последните недели, а Европската Унија се соочува со најлошата сезона на пожари откако започнаа евиденциите во 2006 година. Рекорден број од еден милион хектари изгоре низ Унијата, површина приближно половина од големината на Велс, објави Би-би-си.
Шпанија и Португалија се особено тешко погодени, а научниците од ЕУ проценуваат дека е изгорена околу 1% од целиот Пиринејскиот Полуостров. Повеќе од две третини од вкупната изгорена површина во ЕУ е во овие две земји. Според Европскиот информативен систем за шумски пожари „Коперник“ (EFFIS), повеќе од 400.000 хектари изгореле во Шпанија од почетокот на годината до 26 август. Ова е шест пати повеќе од просекот за истиот период помеѓу 2006 и 2024 година. Соседна Португалија, исто така, бележи рекордни 270.000 хектари изгорени, речиси пет пати повеќе од просекот.
Вкупно, 684.000 хектари се изгорени на Пиринејскиот Полуостров оваа година, при што поголемиот дел од оваа површина е изгорена за само две недели. Пожарите се концентрирани во шумските области на северна Португалија и во шпанските региони Галиција, Астурија и Кастиља и Леон. Пожарот не ги поштеди ниту заштитените подрачја како што е Националниот парк Пикос де Европа, ниту трасата на мрежата за поклонение Камино де Сантијаго, која привлекува повеќе од 100.000 посетители во лето.
Овие настани предизвикаа најголема мобилизација на пожарникари во рамките на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ досега.
Чадот од пожарите драстично го влоши квалитетот на воздухот, носен од јужните ветрови до Франција и Обединетото Кралство. Во посебна студија, научниците од групата World Weather Attribution на Империјал колеџ во Лондон директно ја поврзаа влошената сезона на пожари во Медитеранот со климатските промени.
Пожарите, исто така, создаваат маѓепсан круг со ослободување на огромни количини јаглерод диоксид (CO2) во атмосферата, што дополнително ја затоплува планетата. Според податоците на ЕУ, CO2 ослободен од пожарите во Шпанија оваа година достигна рекордни 17,68 милиони тони.
Експертите предупредуваат дека почестите и посериозни пожари низ Европа веројатно ќе продолжат.
фото: принтскрин