Европа
ЕП изгласа резолуција за сопирање на преговорите со Турција, Анкара ја отфрла како ништовна
Европскиот парламент на пленарната сесија во Стразбур ја изгласа резолуцијата со којашто ја повикува Европската унија привремено да ги прекине пристапните преговори со Турција, којашто турскиот министер за европски работи Омер Челик ја оцени ништовна.
Европскиот парламент објасни дека одлуката е донесена поради „несразмерниот одговор“ на неуспешниот воен удар од 15-ти јули годинава, по кој турските власти покренаа акција за чистење на државните институции од приврзаниците на исламистичкиот проповедник Фетулах Ѓулен кого го обвинуваат за обидот за пул, со прокурдските политичари и медиумите кои имаа критички став кон власта. Една од забелешките на Брисел беше и размислувањето во Анкара по обидот за преврат да ја врати смртната казна.
Текстот на резолуцијата, кој го поддржаа главните пратенички групи во Европскиот парламент, конзервативците, социјалистите, либералите и зелените, е одобрен со 479 гласови „за“, 37 пратеници беа „против“, а 107 се воздржаа.
Претходно шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини во текот на денатата на седмицата на Европскиот парламент истакна дека односите меѓу Европската унија и Турција се наоѓаат на крстопат и дека „преминот од реторика на дејствие по прашањето на смртната казна ќе биде знак дека Турција не сака да стане членка на европското семејство, нити на Советот на Европа, ниту на Европскиот сојуз“.
Претходно во средата турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган дека евентуалното усвојување на резолуцијата за неговата земја нема никакво значење.
Коментирајќи во врска со резултатите од гласањето во Европските парламенти, турскиот министер за европски прашања Омер Челик рече дека „во периодот кога Турција поради заканите од Сирија и Ирак минува низ тежок период во борбата со тероризмот, во Европа, за жал, се водат кусогледи и еднострани дискусии“.
„Оваа одлука е ништовна, покажува голем недостиг од визија и ќе остане во историјата запаметена како многу лоша“, порача Челик на прес-конференцијата директно пренесувана на телевизијата. Додаде и дека оваа необврзувачка резолуција не треба да се сфати сериозно.
Брисел повеќепати предупредуваше дека однесувањето на Анкара ја доведува во прашање нејзината посветеност за пристапување кон ЕУ. Европската комисија на почетокот во годишниот извештај за напредокот на Турција на патот кон Унијата, ги нотираше неуспесите на политиките на Анкара во сферата на граѓанското општество, човековите права и слободата на говорот. Во извештајот, исто така, беше истакнато дека турските власти не прават доволно за прилагодување на законодавството кон европските норми.
Спогодбата за асоцијација меѓу тогашната Европска заедница и Турција беше потпишана во 1963 година. Апликацијата за членство во Европската унија, Анкара ја поднесе дури во 1987 година. Пристапните преговори за членство пак започнаа дури во 2005 година, а повеќепати беа усложнувани поради несогласувања што доведе до нивно прекинување. Во моментов отворени се 16 од 35-те поглавја од пристапните преговори
Во март 2016 година челниците на земјите членки на ЕУ се согласија да ги интензивираат преговорите со Турција, во замена со согласноста на Анкара да помогне во намалувањето на приливот на имигранти во европските земји преку турската територија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Околу 500 патници заглавени во авиони поради снег во Минхен
Околу 500 патници останале заглавени во авиони на аеродромот во Минхен, откако нивните летови биле откажани поради обилни снежни врнежи. Иако дел од авионите биле подготвени за полетување, патниците не можеле да се вратат во терминалот поради недостиг на автобуси и зафатени паркинг-позиции за авионите.
Повеќе од 100 летови планирани за четврток навечер биле откажани поради снегот, а дел од патниците ја поминале целата ноќ во леталата.
Лоша логистика и ограничен капацитет
Според портпарол на авиокомпанијата Луфтханза, дури и летовите што добиле специјални дозволи за ноќно полетување не можеле да тргнат. Како причина се наведува тоа што сите паркинг-места за авиони во близина на терминалот биле веќе зафатени, а капацитетот на автобусите за превоз на патници бил ограничен.
„Во тој момент сите паркинг-места кај терминалот беа исполнети, а бројот на автобуси е ограничен“, изјавил портпаролот, додавајќи дека организацијата на автобускиот превоз е во надлежност на аеродромот.
Летови кон повеќе европски и светски дестинации
Според информациите на Луфтханза, погодени биле летови кон Сингапур, Копенхаген, Гдањск, Грац и Венеција. Дури во раните утрински часови автобуси пристигнале и ги превезле патниците до терминалот.
Од аеродромот во Минхен кратко соопштиле: „Жалиме за непријатностите што настанаа“.
Студен бран во регионот
Ледениот бран изминатите денови го зафати и Виена, додека хаос беше пријавен и во Марибор, каде што голем број жители останаа без струја, а дел и без вода.
Поради состојбата, во поширокото подрачје на вториот по големина град во Словенија беше прогласена вонредна состојба.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.

