Европа
ЕП ќе добие пристап до сите документи од договорот TTIP
Со одлуката на Европската комисија во средата по 11 месеци преговори сите пратеници во Европскиот парламент (ЕП) ќе добија целосен пристап до сите преговарачки документи за Трансатлантскиот трговски договор и инвестициско партнерство (Transatlantic Trade and Investment Partnership – TTIP) меѓу Европската унија и САД, кој се смети за најзначаен економски коридор во светот кој сочинува вкупно 45 отсто од светскиот бруто домашен производ (БДП).
Со оваа одлука, како што пренесува агенцијата Hina, сите пратеници во Европскиот парламент, освен до европските првпат ќе можат да добијат пристап и до американските ставови за сите поглавја од преговарачкиот процес. Досега таквиот пристап го имаа само 30 од 751 европски пратеник. Ова се смета за значаен успех на иницијативната група Прогресивен сојуз на социјалистите и демократите во Европскиот парламент (S&D) со кој се гарантира поголемо ниво на транспарентност на преговарачкиот процес.Досега беа одржани 11 рунди преговори меѓу ЕУ и САД за TTIP. Досегашната работа на Европскиот парламент веќе влијаеше на измената на предлогот за судовите во случај на спор меѓу инвеститорот и државата, ткн клаузула ISDS, која Европската комисија ја прифати во ноември.Во рамките на извештајот на Европскиот парламент за насоките за продолжување на преговорите за TTIP се усвоени амандманите со кои се повикува на: визен реципроцитет и еднакво третирање на сите граѓани на ЕУ без дискриминација на одредени држави членки; посебно поглавје чија цел е да се создадат нови можноста за европските мали и средни претпријатија во САД, како што е укинување на барањето за двојна сертификација, но и дополнителен пристап до изворите на финансирање со кои на малите и средните претпријатија би им се олеснило излегувањето на американскиот пазар доколку биде прифатен TTIP; амандман со кој освен за здравјето на луѓето и животните експлицитно со повикува на осигурување на безбедноста на храната и почитување на европските принципи за претпазливост кога е во прашање Генетски модификуваните организми (ГМО), но и на појасно комуницирање со граѓаните за процесот и содржината на преговорите.Така, според толкувањата, иако формалната потврда за TTIP мора да се добие во Европскиот парламент и во Конгресот на САД, легитимитетот на договорот можат да го дадат единствено граѓаните, а предложувачите сметаат дека приоритет би требало да биде ставен заштитата на европските вредности, а не на роковите за склучување на договорот./крај/мф/сн
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.