Европа
ЕП расправаше за клаузулата за заемна одбрана

Европските пратеници расправаа на пленарна седница во Стразбур во средата за клаузулата за заемна одбрана, на којашто првпат по 13-ноемвриските терористички напади во Париз се повика Франција, барајќи помош од другите земји членки на Европската унија, што отвори многу прашања за тоа како членките би требало да реагираат и каква би требало да биде улогата на ЕУ во тоа.
Клаузулата е воведена во 2009 година во членот 42 (7) од Договорот за Европската унија во кој се наведува дека доколку која и да е држава од ЕУ биде „жртва на вооружена агресија на својата територија, другите држави од ЕУ имаат обврска да ѝ пружат помош и поддршка со сите средства во границите на своите овластувања“. Таа поддршка би требало да биде во согласност со потенцијалните обврски во рамките на НАТО.
Меѓутоа, формалната процедура не е одредена, а споменатиот член не наведува ниту дали поддршката од другите земји членки треба нужно да биде воена, што би значело дека земјите како што се Австрија, Финска, Ирска и Шведска може да соработуваат и покрај нивната политика на неутралност.
Откако барањето првпат е поставено на 17-ти ноември, Франција одржува билатерални средби со земјите членки за да се договори за можната соработка. Некои земји изразија подготвеност да се вклучат во воените операции против терористичките групи во Сирија и во Ирак, додека други се подготвени да ги зголемат своите сили во други меѓународните мисии, за да може француските војници да бидат распоредени на други места.
Додека државите билатерално го договараат видот на помош, улогата на ЕУ е ограничена. Меѓутоа, Брисел може да придонесе во брзината и координацијата, а европратениците од претходно побараа насоки од кабинетот нависоката претставничка за надворешна политика и безбедност./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Русија: Украина го нападна нашиот брег на Црното Море

Русија во петокот објави дека Украина го нападнала нивниот брег на Црното Море во близина на Сочи со ракети и беспилотни летала.
Градоначалникот на Сочи, туристичка дестинација на источниот брег на Црното Море, објави дека украинскиот напад е запрен.
Tourists in Sochi spent the night sheltering in basements and car parks as waves of unknown drones hit the area, reportedly targeting a nearby oil refinery near Adler, the southern district of Sochi close to the Abkhazian border.
The mayor claims a missile attack was repelled,… pic.twitter.com/yxdGxmAGLI
— Shaun Pinner (@olddog100ua) October 17, 2025
Жителите на градот, кој беше домаќин на Олимписките игри во 2014 година, објавуваа на социјалните мрежи за тревогите и експлозиите. Градоначалникот ги повика луѓето да ги избегнуваат плажите и крајбрежните области и да побараат засолниште.
Локалните медиуми објавија дека сообраќајот на меѓународниот аеродром во Сочи е привремено запрен. Нема непосредни извештаи за штети.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека 32 украински дронови биле пресретнати над Кримскиот полуостров.
Burning oil depot in #Hvardiyske – view from the highway near #Simferopol 🔥🔥🔥 pic.twitter.com/X4z4t82WLK
— Aurora Borealis 🤫 (@aborealis940) October 17, 2025
Службениците изјавија дека немало штета на електраните или прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Германската новинска агенција ДПА цитира непотврдени извештаи и видеа на социјалните мрежи дека голем објект за складирање нафта во Симферопол, Крим, бил погоден.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Експлозија во станбена зграда во Букурешт: две лица загинаа, 12 сповредени

Силна експлозија потресе осумкатна станбена зграда во Букурешт.
Bucharest, Romania, Now pic.twitter.com/1a4cNKXVlY
— Musat Sorin Mihai (@sorinmihaimusat) October 17, 2025
Според првичните извештаи од властите во романската престолнина, две лица загинаа, а 12 други се хоспитализирани, објави „Ројтерс“.
An explosion occurred in a residential building in Bucharest, destroying several apartments on the 5th and 6th floors.
Authorities in the Romanian capital confirmed that two people were killed, while another 12 were hospitalized, according to preliminary reports. pic.twitter.com/rxPsE1wIaM
— NEXTA (@nexta_tv) October 17, 2025
Експлозијата искрши прозорци во блиското средно училиште и уништи неколку станови на петтиот и на шестиот кат од зградата.
фото: принтскрин
Европа
Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин свика состанок на моќниот Совет за безбедност на Русија по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, објавија денес руските новински агенции повикувајќи се на помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Според Ушаков, Путин детаљно ги информирал членовите на Советот за безбедност за разговорот со Трамп.
Трамп и Путин се согласија в четврток да одржат уште еден самит за војната во Украина, изненадувачки потег што дојде откога најавата за нова американска воена поддршка за Киев предизвика загриженост во Москва.
Во Русија, Советот за безбедност е клучно тело за донесување одлуки за најважните прашања за националната безбедност на Русија.
фото: принтскрин