Европа
ЕУ ги објави имињата на осум Руси и три компании под санкции
Европската комисија ги објави имињата на осум Руси, меѓу кои се и блиски соработници на претседателот Владимир Путин, како и на три компании на кои им се замрзнуваат активите кои евентуално ги имаат во Европската унија, во согласност со одлуката за воведување санкции во врска со украинската криза.
На списокот е и Аркадиј Ротенберг, долгогодишен партнер на рускиот претседател Владимир Путин во џудо кој воедно е и носител на „црн појас“ во оваа боречка вештина, Ротенберг уште во март беше ставен на американската „црна листа“. Тој е претседател на управниот совет на банката „Северен поморски пат“. На удар на европските санкции се најдоа и Јуриј Ковалчук и Николај Шамалов, двајцата најголеми акционери во „Руска банка“ од Санкт Петербург, за која Reuters пишува дека брзо се проширила откако Путин во 2000 година се пресели во Москва кога и стана првпат претседател на Руската Федерација, а Западот ја смета за „лична банка“ на високи руски фунцкионери.Меѓу компаниите кои се ставени под санкциите на Брисел е и „Руска национална банка“, првата руска банка која отвори филијала на црноморскиот полуостров Крим чие руско мнозинско население во март изгласа преку референдум враќање на автономијата укината на почетокот од 1990-те со осамостојувањето на Украина, и се присоедини кон Руската Федерација, што Западот го смета за руско анектирање на украинска територија.Другите две компании на европскиот список се производителот на противвоздушни вооружувања „Алмаз-антеј“ и авиопревозникот „Доброљот“ кој лета од Москва за Симперофол на Крим. Оваа компанија е во редот нискобужетни авиопревозници, и е компанија ќерка на „Аерофлот“, се наведува во Службениот весник а Европската унија, со што всушност се објавува дека санкциите ќе стапат на сила од петок.Руската агенција РИА Новости објави дека под санкции е и првиот заменик на шефот на кабинетот на рускиот претседател, Алексеј Громов и претприемачот Константин Малофеев кој според обвинувањата од Киев ги финансира проруските бунтовници во источна Украина. На листата се и челникот на кримското министерство за внатрешни работи Сергеј Абисов, претседателот на Врховниот совет на самопрогласената Народна Република Донецк, Борис Литвинов и портпаролката на Народна Република Луганск, Оксана Чигрина. Со новиот список на лица и компании на кои се однесуваат европските забрани за патувања и замрзнување на нивните средства, вкупно се санкционирани 95 физички и 23 правни субјекти во Русија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

