Европа
ЕУ ги продолжи санкциите за Крим, Путин повикува на обновување на односите
Европската унија во петокот ги продолжи за уште една година економските санкции за полуостровот Крим и градот Севастопол, а истовремено рускиот претседател Владимир Путин повија на подобрување на односите меѓу Унијата и Русија.
Санкциите за Крим и Севастопол и за тамошни политичари, беа воведени од Европската унија во прв ред под притисокот од САД, откако овој црноморски полуостров со мнозинско руско и русофоно население кое по превратот во Киев кога на власт дојдоа прозападните сили, на референдум си ја поврати автономијата укината во 1990-те со осамостојувањето на Украина од поранешниот Советски сојуз и се присоедини на Руската Федерација. Киев, САД и ЕУ тоа го сметаат за руска анексија на украинска територија.
Односите меѓу Брисел и Москва се на голем испит по избувнувањето на украинската криза и меѓусебните обвинувања за тоа кој ја предизвикал и е вмешан. Европската унија се подготвува да ги продолжи и економските санкции директно против Русија, поради нејзината наводна улога во конфликтот во источна Украина, но нејзините челници признаваат дека има земји кои се противат на тоа. Особено оние коишто трпат финансиски загуби поради руските против мерки со ембаргото за увоз на прехранбени и земјоделски производи од западните земји.
Санкциите кои се продолжени во петокот се географски ограничени на Крим и Севастопол, и забрануваат увоз во Европската унија на производи и сировини од овој регион. Санкциите вклучуваат и забрана за извоз на европски продукти и технологии. На европските туристички агенции, исто така, им е забрането таму да работата, што значи дека европските туристички бродови на Крим можат да пристанат само во случај на опасност, а европските граѓани и компании таму не смеат ниту да вложуваат, ниту да купуваат недвижнини, пренесува агенцијата DPA.
Кусо откако беше објавено продолжувањето на санкциите, рускиот претседател Владимир Путин во петокот повика на обновување на односите меѓу Руската Федерација и Европската унија и истакна дека ЕУ на таму е клучниот трговски партнер за Русија. Како што изјави рускиот челник на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, Русија е подготвена да се најде со ЕУ „на половина пат“, пренесува агенцијата ТАСС.
Путин предложи почеток на преговорите со ЕУ за техника соработка, како прв чекор кон обновувањето на односите. Оцени дека неодамнешните состаноци со претставниците на германските и француските деловни кругови покажале дека европските деловни челници се подготвени на соработка со Русија и сакаат да соработуваат.
„Мораме да ја повратиме довербата во руско-европските односи и да го обновиме нивото на интеракција“, порача Путин потсетувајќи дека Русија не била иницијаторот на наглото прекинување на односите со ЕУ.
„Не сме злопамтила и подготвени сме да се најдеме со нашите европски партнери на половина пат, но тоа секако не може да биде еднонасочен процес“, додаде рускиот челник.
Воопшто западните медиуми оценуваат дека и покрај напнатоста околу Украина, постојат знаци за затоплување на односите меѓи Брисел и Москва, посочувајќи на присуството на форумот во Санкт Петербург на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО во Арктикот
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО „Арктички стражар“, изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен.
НАТО во среда објави дека ја започнал мисијата за зајакнување на своето присуство на Арктикот, како дел од напорите за намалување на тензиите во рамките на алијансата предизвикани од желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд од Данска.
„Нашиот придонес (со борбени авиони Ф-35) го зајакнува целокупното присуство во регионот и ја нагласува улогата на Данска како активен сојузник на Арктикот и Северниот Атлантик“, рече Поулсен во соопштението.
Министерот им рече на новинарите пред Минхенската безбедносна конференција дека очекува и САД да придонесат во мисијата на НАТО.
НАТО започна со планирање на мисијата откако Трамп и генералниот секретар Марк Руте се сретнаа во Давос минатиот месец. По таа средба, Трамп ги повлече заканите за царини за европските земји и ја исклучи употребата на сила за преземање на контролата врз Гренланд.
Руте и Трамп се согласија во Давос дека НАТО треба да преземе поголема одговорност во Арктикот, со оглед на руските и кинеските амбиции во областа.
Европа
Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра
Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени во музејот и туристички водичи кои ги таргетирале кинеските посетители во шема што вклучувала продажба на лажни билети и пререзервирање на тури со водичи, објавува „Еуроњуз“.
Според францускиот весник „Ле Паризиен“, полицијата ги уапси осомничените во вторник откако раководството на Лувр пријавило „неправилности“. За време на операцијата, запленети се три возила, 130.000 евра во готово и замрзнати се речиси 200.000 евра на банкарски сметки. Откриени се и неколку банкарски сефови со големи суми готовина.
Раководството на музејот во соопштението наведува дека сега „воспоставило структуриран план против измами врз основа на мапирање на измами, серија превентивни и куративни мерки, правни, технички и контролни мерки и следење на резултатите“.
Апсењата следат по низа лоши вести за најпопуларниот музеј во светот и една од најпочитуваните институции во Франција. Од минатиот месец, Лувр е принуден делумно да ги затвора вратите за посетители секоја недела поради штрајк на персоналот незадоволен од платите и условите за работа.
Протестите започнаа кон крајот на минатата година по објавувањето на осудувачки владин извештај за безбедносните пропусти, кои беа откриени по дрскиот грабеж на француските крунски скапоцености во октомври.
Европа
Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија отколку да ги принуди Украинците да прифатат лош договор.
Американското списание објави растечка загриженост кај некои членови на внатрешниот круг на Зеленски дека неговиот прозорец за решение се затвора и дека Украина би можела да се соочи со години континуиран, мачен конфликт доколку не се постигне договор за завршување на војната оваа пролет.
Зеленски беше цитиран како вели дека претпочита да не прифати „договор отколку да го принуди својот народ да прифати лош“.
„Дури и по (скоро) четири години интензивно војување, тој вели дека е подготвен да продолжи да се бори доколку е потребно за да обезбеди достоинствен и траен мир“, се вели во статијата, забележувајќи дека Зеленски рекол дека „Украина не губи“ кога бил прашан за неговата проценка на позицијата на Киев на фронтот.
Два круга трилатерални преговори меѓу Русија, Украина и САД се одржаа во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби, на 23 и 24 јануари и на 4 и 5 февруари.
Во понатамошните коментари за списанието, Зеленски рече дека „нема поголема победа“ за американскиот претседател Доналд Трамп од наоѓање решение за војната меѓу Русија и Украина.
„За неговото наследство, ова е број 1“, рече тој, додавајќи дека постигнувањето такво решение пред американските меѓуизбори во ноември би била „најдобрата ситуација“ за Трамп.
„Да, тој сака помалку смрт. Но, ако вие и јас разговараме како возрасни, тоа е само победа за него, политичка“, додаде тој.
Коментарите дојдоа откако Зеленски им рече на новинарите за време на викендот дека САД инсистираат на решавање на војната меѓу Русија и Украина „до почетокот на ова лето“ и дека Вашингтон „веројатно ќе изврши притисок врз страните во согласност со овој распоред“.
Во изјавите објавени од украинските медиуми, тој рече дека Киев разбира дека „внатрешните проблеми“ во САД влијаат на овој рок, особено со почетокот на кампањата за меѓуизборите подоцна оваа година.

