Европа
ЕУ ја јакне контролата на европските џихадисти
Министрите за внатрешни работи на девет држави членки на Европската унија го усвоија акциониот план за идентификација на младите Европејци кои заминале или се подготвени да се борат во Сирија или Ирак, изјави европскиот координатор за борба против тероризмот Жил де Кершов
Министрите за внатрешни работи на девет држави членки на Европската унија го усвоија акциониот план за идентификација на младите Европејци кои заминале или се подготвени да се борат во Сирија или Ирак, изјави европскиот координатор за борба против тероризмот Жил де Кершов
Планот бил усвоен на работната средба на министрите за внатрешни работи на Белгија, Франција, Германија, Велика Британија, Шпанија, Италија, Данска, Шведска и Холандија во понеделникот во Милано, дознава AFP.
„Мерките се тајни“, изјавил европскиот координатор за борба против тероризмот Жил де Кершов, додавајќи дека ќе им бидат претставени на другите држави членки на Европската унија на следната формална средба на министрите за внатрешни работи којашто ќе се одржи во октомври годинава.
„Неодамнешниот развој на настаните во Ирак ја нагласува потребата од итно дејствување“, изјавил за агенцијата де Кершов и истакнал дека новиот прогласен калифат на Исламската држава (IS – поранешната Исламска држава во Ирак и на Левантот – ISIL) кои опфаќа територии од Ирак и Сирија и има намера да се шири кон Јордан и Либан, би можел да привлече млади радикални муслимани од Европа.
Со овие европски мерки се има намера да се подобри идентификацијата на потенцијалните кандидати коишто се подготвени да заминат на боиштата во Сирија и Ирак, да се предупредат другите земји членки на ЕУ, да се препречи заминувањето на боиштата, да се следат кога евентуално ќе се вратат од таму и во зависност од нивните активност да бидат уапсени.
Повеќе од две илјади Европејци заминале или имаат намера да заминат да се борат во Сирија во составот на радикалните исламистички групи кои се борат против силите на претседателот Башар ал-Асад, Некои веќе се вратиле и претставуваат потенцијална закана, предупредува де Кершов.
Уште во април минатата 2013 година де Кершов изјави дека во тоој момент во Сирија се борат петстотини Европејци. Разузнавачките служби стравуваат дека некои од нив би можеле да им се придружат на групите поврзани со глобалната терористичка мрежа Ал -Каеда и подоцна да се вратат во Европа и да се инволвираат во терористички активности. Се претпоставува дека повеќето од европските борци во Сирија доаѓаат од Велика Британија, Ирска и Франција. „Не се сите радикали кои заминуваат во Сирија, меѓутоа веројатно повеќето таму ќе станат радикални, ќе минат обука, и тоа би можело да доведе до сериозни безбедносни закани кога ќе се вратат”, изјави тогаш Декерошов.
На сириското боиште се претпоставува дека до јануари 2014 година имало седум илјади странски борци, а функционираат и кампови за обука на терористи, изјави во средата директорот за разузнавачки прашања Џејмс Клапер на сослушувањето во Сенатот на САД посветено на оцените за глобалните закани. „Сирија стана огромна магнетна сила за привлекување терористи“, изјави директорот на американската разузнавачка заедница. Според Клапер, во оваа земја постојат 1.600 различни групи, во кои се вклучени меѓу 75 и 110 илјади луѓе, а од нив американските служби 26 илјади ги вбројуваат во категоријата екстремисти. Клапер рече дека овие 7.000 странски борци војуваат во Сирија доаѓаат од 50 земји во светот. „Многумина од нив доаѓаат од земјите во Европа и од Блискиот исток. Но ја регистрираме и појавата на кампови за обука во Сирија каде што се подготвуваат луѓе со цел да бидат испратени во обратна насока, во нивните татковини и да извршуваат нови терористички напад. Тоа многу нé вознемирува“, додал Клапер.
И францускиот министер за внатрешни работи, Мануел Валс, претходно годинава изјави дека немирите во Сирија привлекуваат сè повеќе млади Французи кои сакаат да им се придружат на џихадистите, соопштуваат тамошните медиуми. Според него, во моментов во Сирија околу 250 млади лица, државјани на Франција или лица со дозвола за престој во земјата, се борат на фронтовите во Сирија истакнувајќи дека до сега во борбите во Сирија загинале околу 21 лице. Валс истакна дека во Сирија заминале повеќе од десет малолетни лица, а голем број пројавиле желба да одат во војна во оваа земја. Овие барања најизразени биле последниве неколку седмици.
Британскиот дневен весник The Daily Telegraph, повикувајќи се на сведочење на разговор со еден пребег обајви напис во кој се тврди дека глобалната терористичка мрежа Ал Каеда вежба стотици државјани на Велика Британија коишто се борат во Сирија за да станат џихадисти и ги поттикнува на напади по враќањето во татковината. Пребегот, претставен како Мурад од групацијата Исламска држава во Ирак и на Левантот (ISIL) за британскиот дневен весник дека другите регрути од Европа и САД се увежбувани за изработување на автомобили бомби пред да се бидат испратени, а во коишто основаат терористички ќелии. Според британските разузнавачки служби, во Сирија на страната на џихадистичките групи се борат околу 500 државјани на Велика Британија. Станува збор за проблем кој зафаќа повеќе европски земји, вклучително и оние од Балканот.
На почетокот од јануари белгискиот министер за надворешни работи Диде Рендерс за бриселскиот дневен весник La Libre Belgique изјави дека околу 200 џихадисти со белгиско државјанство заминале да се борат во Сирија против владата на претседателот Башар ал-Асад, од кои загинале повеќе од дваесетина. Белгиските власти својата загриженост од оваа појава првпат јавно ја изразија на почетокот од 2013 година, кога во Сирија заминале голем број нејзини државјани, од кои некои малолетни. Тие на проблемот работат заедно со соседна Франција, од каде што се верува дека 400 млади луѓе заминале да се борат во редовите на екстремистичките групи. Официјални претставници на двете земји уште тоагаш соопштија дека биле во контакт со колеги од Велика Британија, Германија, Холандија, Италија, Шпанија и Данска за координација на заеднички одговор на оваа појава.
Медиумите редовно известуваат за загинувања на белгиски доброволци во Сирија, некои од нив се приведени по враќањето во Белгија, но заминувањата на сириското боиште не престануваат.
Во Холандија, пак, нивото од терористичка закана е зголемено на „значително“, делумно според тамошните власти и поради загриженоста од враќањето на нивните државјани за кои се знае дека се борат во Сирија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Русите се предадоа на украински вооружен робот
Додека руската инвазија на Украина влегува во својата четврта година, далечински управуваните копнени роботи стануваат вообичаена глетка на бојното поле.
Украина стана светски лидер во развојот на беспилотни копнени возила (UGV), за кои војската вели дека ќе ѝ овозможат координирање на роботско војување, а воедно и намалување на човечките жртви, според Фондацијата Џејмстаун, одбранбен тинк-тенк.
Сега, видеото стана вирално на социјалните мрежи, наводно прикажувајќи двајца руски војници како се предаваат на токму таков робот, објавува Futurism.
A ground-based robotic complex captures three Russian soldiers. Zero Ukrainian casualties.
This is how Ukraine fights in 2026.
During a combat mission, Ukraine deployed the Droid TW-7.62 ground robot and forced 3 Russians troops to surrender. — Militarnyi. pic.twitter.com/dEDMpECZoB
— Tymofiy Mylovanov (@Mylovanov) January 28, 2026
Снимки од бојното поле
На видеото се прикажани двајца руски војници како излегуваат од зграда со кренати раце и се предаваат на вооружен робот.
Според украинскиот воен портал Militarnyi, станува збор за извидувачка и ударна копнена единица наречена Droid TW, произведена од украинската одбранбена компанија DevDroid. Дроидот користи вештачка интелигенција за автономно препознавање цели и е вооружен со муниција од 7,62 мм.
Роботот првично е развиен на барање на Првиот медицински баталјон на украинската армија, кој барал начин да ги евакуира ранетите под силен оган, но судејќи според снимките, армијата пронашла друга примена за него.
Европа
Макрон: Руските напади врз цивили се неприфатливи, испраќаме помош во Украина
Францускиот претседател Емануел Макрон вчера ги осуди руските напади врз цивилите и енергетската инфраструктура и најави испраќање генератори во Украина.
„Вчерашниот напад врз патнички воз во регионот Харков е неприфатлив. Франција остро ги осудува руските напади врз цивилите и енергетската инфраструктура. Соочени со итноста, се мобилизираме. По состанокот на Г7+, на кој копретседател е Франција, во Украина ќе бидат испратени генератори за да му се помогне на населението да ја преброди зимата“, рече Макрон на платформата за социјални медиуми Икс.
Неговата изјава следеше по телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
J’ai échangé à l’instant avec le Président @ZelenskyyUa.
L’attaque d’hier contre un train de passagers dans la région de Kharkiv est inacceptable.
La France condamne avec la plus grande fermeté les frappes russes contre les civils et contre les infrastructures énergétiques.…
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) January 28, 2026
„Ставот на Франција е јасен: ние ќе ја поддржиме Украина колку што е потребно за да се одбрани и да ја победи агресијата предводена од Русија. Украина може да смета и на Франција во рамките на Коалицијата на волните. Ние продолжуваме да работиме на создавање услови за праведен и траен мир што ја гарантира безбедноста на Украина и Европа“, рече Макрон.
Тој додаде дека европските лидери се согласиле целосно да бидат вклучени во дискусиите што ги засегаат во контекст на тековните мировни преговори.
„Франција останува решена да го зголеми притисокот врз Русија сè додека таа избегнува мир. Работиме на нови санкции на европско ниво и ќе продолжиме со нашите напори за нарушување на флотата во сенка“, додаде Макрон.
Европа
Мерц: Влезот на Украина во ЕУ во 2027 година не доаѓа предвид, тоа не е можно
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека пристапувањето на Украина во Европската Унија во блиска иднина не е можно.
„Пристапувањето на 1 јануари 2027 година не доаѓа предвид. Тоа не е можно“, рече Мерц по разговорите со коалициските партнери во Берлин.
Секоја земја што сака да се приклучи на ЕУ прво мора да ги исполни Копенхашките критериуми, процес што обично трае неколку години, истакна канцеларот.
Сепак, тој нагласи дека на Украина ѝ е потребна перспектива што ќе го отвори патот за пристапување на долг рок.
„Можеме постепено да ја доближиме Украина до Европската Унија за време на овој процес“.
„Тоа е секогаш можно, но толку брзо пристапување едноставно не е изводливо“, додаде Мерц.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повтори барањето на неговата земја за членство во ЕУ уште во 2027 година.
„Пристапувањето на Украина во Европската Унија е една од клучните безбедносни гаранции не само за нас, туку и за цела Европа“, напиша тој на платформата Икс по телефонскиот разговор со австрискиот канцелар Кристијан Штокер.
„Колективната сила на Европа е можна, особено благодарение на безбедносниот, технолошкиот и економскиот придонес на Украина“, истакна Зеленски.

