Европа
ЕУ ја одложи одлуката за новите санкции против Русија поради противење на некои членки
Амбасадорите на земјите членки на Европската унија во средата не успеаја воп средата навечер да донесат одлука за новите санкции против Русија за нејзината наводна улога во украинскиот конфликт, поради противењето на некои земји, и повторно ќе се сретнат во четврток, пренесуваат агенциите повикувајќи се на дипломатски извори.
Според дипломатски извори, Германија заговарала воведување на новите санкции, но неколку други членки на Европската унија не биле наклонети на тоа, својот став оправдувајќи го со тоа дека прекинот на огнот во Украина се почитува, пренесува Reuters.„Некои земји побараа повеќе време. Единството околу ова прашање е апсолутно клучно и стратешки важно“, изјави италијанската министерка за надворешни работи Федерика Могерини, неодамна избрана за нова европска комесарка за надворешна политика и безбедност.Дипломати потврдиле дека земји кои имаат блиски односи со Русија, меѓу кои се и Италија, Австрија и Финска, не биле наклонети да се воведат новите санкции. „Се разбира, знаме дека го свртуваме вниманието врз себе со одлуката да се одложи воведувањето на новите санкции. Суштината е во тоа што сакаме да ѝ дадеме на Русија шанса да го докаже своето настојување да биде чесна и вистински да придонесе за деескализирање на кризата (во Украина). Сакаме (примирјето) да биде стабилно и одржливо во зоната на конфликтот – на теренот“, рекол неименуван дипломатски извор за РИА Новости. Во понеделникот Европската унија ги финализираше проширените секторски санкции против Русија. Притоа, нивното стапување на сила беше одложено за следните неколку дена за да може да се испита исполнувањето на прекинот на огнот и мировниот план во Украина. Можноста за воведување на новите санкции требаше да биде договорена во средата на комитетот на постојаните претставници на земјите членки на ЕУ (Coreper).Као што прецизирал соговорникот на РИА Новости, ЕУ сѐ уште не го објавила воведувањето на санкциите, решавајќи на Русија „да ѝ даде уште малку време“. „Но беше донесена одлука и да воведеме нови ограничувања, доколку увидиме дека не постои вистински позитивен развој на ситуацијата во Украина“, истакнал./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.