Контакт

Европа

ЕУ подготви нови санкции за кримски функционери

Објавено пред

Европската унија(ЕУ) во вторник одлучи да воведе санкции на неколку истакнати лица обвинети дека со своето дејствување на Крим, што беше анектиран од страна на Русија во 2014 година, го кршат суверенитетот на Украина.

dobivaj vesti na viber

Идентитетот на лицата што ќе се најдат под санкции ќе биде откриен во среда на официјалната страница на ЕУ, со што ќе почне примената на санкциите.

Како што соопшти еден европски извор, станува збор за шестмина кримски пратеници кои на парламентарните избори во септември беа избрани во Думата, долниот дом на рускиот парламент. /крај/хн/ст

Европа

Лондон воведе санкции за управителите на затворот во кој беше сместен Навални

Објавено пред

Велика Британија го замрзна имотот на шестмина раководители на руската казнена колонија во Арктичкиот круг, каде што опозицискиот лидер Алексеј Навални ја издржување казната и на крајот почина.

dobivaj vesti na viber

На санкционираните затворски менаџери ќе им биде забранет влез во Велика Британија, објави Би-би-си.

Санкционирани се шест лица, меѓу кои и затворскиот управник и неговите пет заменици.

Западните лидери ги обвинуваат руските власти, вклучително и претседателот Владимир Путин, за смртта на Навални.

„Оние што се одговорни за бруталниот однос кон Навални не треба да имаат илузии, ќе ги прогласиме за виновни“, изјави британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Камерон.

Во објавувањето на санкциите Камерон рече дека руските власти го гледаат Навални како закана и постојано се обидувале да го замолчат.

„Затоа ги санкционираме највисоките затворски службеници одговорни за неговото затворање во затворската колонија во која ги помина последните месеци“, рече Камерон.

Алексеј Навални почина на 16 февруари во казнена колонија во Арктичкиот круг, каде што издржуваше затворска казна за корупција. Минатата година тој беше префрлен од Владимирската област во близина на Москва во строга казнена колонија, каде што се држат осуденици за најтешките кривични дела.

Прикажи повеќе...

Европа

Драма во Неапол: се урна дел од патот, автомобили паднаа во бездна, жителите евакуирани од блиската зграда

Објавено пред

Во неаполскиот кварт Вомеро утрово се урна дел од патот и две возила, од кои едното паркирано, а другото во движење, паднале во бездна, но патниците не се добиле сериозни повреди.

dobivaj vesti na viber

На луѓето во автомобилите им помогнале војници ангажирани на патиштата, кои им помогнале на патниците да излезат од бездната, пренесува „Анса“. Според првите проверки, се чини дека дошло до колапс на канализација, некои делови од Вомер останале без вода, а жителите се евакуирани од една зграда.

Во една од околните улици течела вода од балконот, а неколку станови биле поплавени.

Адвокатот Анџело Писани, претседател на здружението на потрошувачите „Нои конзуматори“, рече дека урнатиот пат е привремено затворен и додаде дека не е првпат ваков инцидент да се случи во Неапол.

Посочи дека граѓаните повеќе не се чувствуваат безбедно поради дупките на коловозите и заклучи дека поради лошата контрола, водата истекува под земјата и со тоа предизвикува големи штети на патиштата.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Герасимов ги посети руските војници, им го честита освојувањето на Авдиивка

Објавено пред

Началникот на ГШ на руската армија, Валери Герасимов ги посети трупите кои се борат во војната во Украина за да разговараат за следните чекори по заземањето на градот Авдиивка, јавија денеска државните медиуми, пренесува Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Владимир Путин вчера изјави дека руските трупи дополнително ќе вршат притисок во Украина за да го надградат својот успех на бојното поле по падот на градот Авдиивка, каде што украинските војници беа принудени да се повлечат.

Во видеото на Министерството за одбрана, Герасимов е прикажан како доделува медали на руските војници кои учествувале во заземањето на Авдиивка и добива извештај од командантот задолжен за рускиот напад на Авдиивка, генерал-полковник Андреј Мордвичев, соопштија државните медиуми.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба претходно изјави дека Авдиивка немаше да падне доколку Киев го добиеше оружјето што не пристигнало поради застојот во американскиот Конгрес, кој се уште не одобрил голем пакет помош за Украина.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет17 минути

Кучето на Бајден најмалку 24 пати каснало членови на Тајната служба

Кучето на американскиот претседател Џозеф Бајден најмалку 24 пати каснало агенти на американската тајна служба, кои се грижеле за безбедноста...

Свет36 минути

Политико: Повеќе од 20 земји сакаат холандскиот премиер да биде новиот шеф на НАТО

Холандскиот премиер Марк Руте обезбеди поддршка од две третини од земјите на НАТО за да ја предводи воената алијанса подоцна...

Свет47 минути

(Видео) Пукање на автопат во Израел, вооружени цивили им возвратија на терористите

Израелската полиција соопшти дека еден Израелец е убиен, а осум се ранети, од кои тројца потешко, во пукотница на автопатот...

Македонија57 минути

Ковачевски покажува дека ниту има демократски капацитет, ниту има култура и елементарно воспитание, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Димитар Ковачевски покажува дека ниту има демократски капацитет, ниту има култура и елементарно воспитание, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Без никаков повод, само...

Регион1 час

Четири земјотреси ја погодија Хрватска за помалку од два часа

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Хрватска неколку минути по 7 часот, регистрира Сеизмолошкиот завод...

Македонија12 часа

Пендаровски ќе биде претседателскиот кандидат на СДСМ, партиските тела ќе го гласаат на трети март

Актуелниот претседател Стево Пендаровски влегува во претседателска трка, извори од СДСМ потврдија за Макфакс. Оваа одлука на трети март ќе...

Македонија13 часа

Таравари сака претседателот да се избира во Собрание, а не на избори: „ДУИ да ја поддржи мојата кандидатура“

Кандидатот за претседател на Македонија од страна на албанскиот опозициски блок, Арбен Таравари ги објави целите поради коишто се вклучил...

Македонија14 часа

Стевчо Јакимовски кандидат за претседател на Македонија

Актуелниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, ќе биде кандидат за претседател на Македонија, на предлог на неговата партија, ГРОМ....

Македонија14 часа

Гордана Силјановска-Давкова се пријави за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се одлучува на 2 март

ВМРО-ДПМНЕ објави дека на јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните претседателски избори пријавена е професорката Гордана Силјановска Давкова...

Македонија16 часа

Швајцарија дозволува движење со старите пасоши, а Босна не ги признава ниту старите лични карти, рече Османи

Државите самите одлучуваат како ќе се однесуваат во однос на валидноста на македонските пасоши, појасни министерот Бујар Османи. Одговарајќи на...

Македонија17 часа

„ФЗО ниту беше известен, ниту учествуваше во организацијата за транспортот со хеликоптер“, се огласија од Фондот за Леонид

Од ФЗОРСМ се огласија преку зоопштение и велат дека од првиот момент со внимание го следат случајот на Л.И. од...

Топ17 часа

Повторно дете нападнало дете во училишен двор во Карпош – случајот е во рацете на полицијата

Мајка од Скопје пријавила во полицијата дека пред два дена, околу 21.40 часот, син ѝ бил нападнат во училиштен двор...

Македонија18 часа

„Ахмети ќе ја соопшти големата вест“ – ДУИ најави обраќање во живо на „Фејсбук“

Демократската унија за интегрцаија (ДУИ) објави дека утре во 11 часот, партискиот лидер Али Ахмети ќе им се обрати на...

Топ18 часа

Брат пукаше во сестра си и во нејзините два сина во Куманово – две од лицата починаа

Три лица беа застрелани, а двајца починаа во кумановското село Габреш. Според информациите од МВР, зад убиствата стои Д. Ѓ....

Македонија19 часа

Костадиновска-Стојчевска: Да се поништи конзерваторското решение за зградата кај Воената болница

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, за изградбата на висококатницата до „Воена болница“ во Скопје, информираше дека го добила Извештајот од...

Македонија21 час

Цените за катастарските услуги удрија по џебот на граѓаните: поскапувањето не е 300 отсто, туку 90

Според претседателот на Комората на трговските друштва за геодетски работи, Никола Рибароски, најновите поскапувања на тарифниците на Агенцијата за катастар...

Македонија21 час

Вкупно 56 потврдени случаи на голема кашлица, во следните недели се очекува зголемен број кај повозрасните

По денешниот редовен состанок на Комисијата за заразни болести, претседателот Александар Петличковски рече дека состојбата со големата кашлица е под...

Македонија21 час

Ковачевски се извини: Ги прифаќам сите реакции, не сакам да дојде време да се случува она што се случуваше до 2016

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, присуствуваше на почетокот на градежните работи на објектот Универзална сала, каде повторно им се извини...

Македонија1 ден

„Мицкоски опкружен со луѓе поврзани со скандали со дрога“, велат СДСМ

„Мицкоски постојано е опкружен со луѓе поврзани со скандали со дрога. Пред неколку месеци претседателот на ДПМНЕ Христијан Мицкоски и...

Македонија1 ден

„И во последните денови од владеењето власта е брутална, сега си играат со судбината на Леонид“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Со СДС и ДУИ секојдневно тоне се, а цената дури и на последните денови од нивното владеење е висока, чини...