Европа
ЕУ со нови санкции за Крим, Меркел смета дека против Русија и натаму се неизбежни
Европската унија во четвртокот воведе нови санкции со кои се забрануваат сите европски инвестиции , услуги и тргувања со Севастопол и со црноморскиот полуостров Крим, а истовремено во Берлин германската канцеларка Ангела Меркле повтори дека целта на Европа е Украина да остане суверена, па оттаму смета дека новите санкциите против Русија се неизбежни додека тоа не се оствари.
„Советот воведен значителни дополнителни санкции за инвестициите, услугите и трговијата со Крим и Севастопол. Со тоа се засилува политиката на Европската унија за непризнавањето на незаконската руска анексија на Крим и Севастопол“ се вели во соопштението на Советот на Европската унија.
Откако во февруари со безредијата во Киев беше соборен поранешниот украински претседател Виктор Јанукович и на власт дојдоа прозападните политички сили, доминантно руското население на црноморскиот полуостров Крим, на кој се наоѓа и пристаништето Севастопол – историското седиште на руската Црноморска флота, одлучи преку референдум да си ја врати автономијата укината во 1990-те со осамостојувањето на Украина и да се присоедини кон Руската Федерација. Западот тоа го смета за нелегално руско анектирање на украинска територија и затоа воведен неколку сета санкции против Москва, политичари и компании чиешто седиште е или соработуваат со Крим.
Со овие мерки, објавени неколку часа пред почетокот на самитот на Европската унија на кој една од темите ќе биде и украинската криза, ЕУ ги засилува претходно воведените санкции.
„Од 20-ти декември сите инвестиции на Крим и во Севастопол се забранети. Европејците и компаниите кои имаат седиште во ЕУ не можат да купуваат недвижнини на Крим, да ги финансираат тамошните претпријатија или да пружат никакви услуги“, се истакнува во соопштението.
Одлучено е, исто така, од 15-ти март европските бродови, вклучително и туристичките крстосувања, нема да смеат да впловуваат во пристаништата на Крим, освен во случај на итна потреба.
Германската канцеларка Ангела Меркел, пред заминувањето на самитот во Брисел, во четвртокот пред пратениците во Бундестагот дека санкциите против Русија се неизбежни затоа што ЕУ сака да ја обезбеди независноста на Украина, којашто наводно Москва ја попречува.
„Целта на нашата акција е Украина да остане суверена и територијална обединета, и да може да својата иднина“, истакна Меркел додавајќи дека за тоа ќе бидат потребни „трпение и истрајност“.
Досега главната европска соговорника на рускиот претседател Владимир Путин, Меркел додаде дека Европа и натаму сака дијалог со Москва и дека нејзиниот цел е „врската соработка со Русија по прашањата на безбедноста“.
„Досега таа цел не е постигната па санкциите и натаму се неизбежни“, додаде Меркел, повторувајќи дека украинскиот судир нема воено решение. Повика на политичка и економска поддршка на Украина, којашто истовремено треба „да ја модернизира својата економија,да ја зајакне својата правна држава и да тргне во борба против корупцијата“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.
Европа
Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС
Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.
Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.
Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.
Pentagon reveals Ukraine’s targets for ATACMS missiles – NYT — (the usual baffling lack of retaliation threats from #Putin– instead just the usual bleating that ‘it’s impossible to justify’..Bring Stalin back to life please, Russia) https://t.co/8pi0Lx8tbt #CapeTown #SouthAfrica pic.twitter.com/ZtI5cG3r2m
— Peter Mayson (@theforeverman) April 26, 2024
Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.
Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.
– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.
Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.