Европа
Евакуација на аеродромот во Ница, терминал блокиран од војската

На аеродромот во Ница во се одвива евакуација на патниците, пренесува дописникот на агенцијата Associated Press од местото на настанот.
„На патниците им кажаа да излезат од аеродромот во Ница“, јавил дописниот. Според него, еден од терминалите е блокиран од војската.
Според извештајот на дописникот на американската телевизија Fox News, причина за евакуацијата е сомнителен куфер.
Пакет оставен од еден од патниците е причина за евакуацијата на сите патници од зоната каде што се подигнуваат багажите на аеродромот во Ница, објави на Twitter дописникот на канадскиот јавен сервис CBC, кој исто така бил на аеродромот.
Според него, пак, кордонот од аеродромот е веќе отстранет, а пред аеродромската зграда се само луѓето кои не го добиле својот багаж.
Во Ница, како и ширум Франција, покрај највисокото ниво на терористичка закана, се спроведуваат дополнителни безбедносни мерки, по терористичкиот напад од четвртокот вечерта во овој јужен приморски град.
Возач на камион, кој последен пат го посетил пред четири години, според туниските разузнавачки служби, се залета во толпа луѓе кои ги следеа огнометот на познатото Англиско шеталиште во Ница по повод националниот празник Денот нападот на Бастилја, при што уби најмалку 84 лица, меѓу кои многу деца.
Напаѓачот е идентификуван како 31-годишниот Мухамед Ла(х)уееџа Бу(х)лел, по потекло до Тунис, од градот Мсакена, десетина километри од градот Сус, каде што минатата година џихадистите извршија смртоносен напад врз туристи во хотелски комплекс при што беа убиени триесетина странци.
Булел бил оженет и татко на три деца. На француските власти им бил познат по прекршоци и како насилник, но не бил доведуван во поврзаност со радикали. И на туниските власти не им бил познат по радикални и исламистички ставови, изјави во петокот за Reuters извор од туниските безбедносни структури./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски: Размислете внимателно за вашите капацитети за воздушна одбрана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика сојузниците на Киев да ги преиспитаат своите капацитети за воздушна одбрана откако беспилотните летала, за кои Варшава тврди дека се руски, влегоа во полскиот воздушен простор.
Зборувајќи во Киев заедно со финскиот претседател Александар Стаб, Зеленски рече дека Украина е отворена и подготвена да ги поддржи сојузничките напори. Украина одби многу руски воздушни напади користејќи украинско и странско оружје, од митралези до напредни ракети.
Зеленски рече дека земји како Полска треба да размислат за слични повеќеслојни пристапи бидејќи ракетните системи како што е американскиот систем „Патриот“ се премногу скапи за употреба против поевтини руски беспилотни летала.
„Никој во светот нема доволно ракети за да собори сите различни видови дронови“, рече тој. Полска, со поддршка на сојузниците од НАТО, вчера собори неколку дронови што влегоа во нејзиниот воздушен простор.
Полскиот претседател го опиша инцидентот како руска провокација насочена кон тестирање на одговорите на Полска и НАТО. Зеленски рече дека Украина, која развила софистициран домашен пристап за одбивање на руските напади, е во позиција да им помогне на своите сојузници во тоа.
Тој рече дека полскиот премиер Доналд Туск веќе се согласил да испрати воени претставници во Украина за таа цел. Полските воени претставници ќе бидат обучени да соборуваат дронови, изјави извор запознаен со ова прашање.
фото: принтскрин
Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин