Европа
Еврозоната не очекува во вторник нов грчки предлог, Атина тврди дека има договор
Новиот грчки предлог за помош не се очекува во вторникот, на состаноците на министрите за финансии и подоцна на челниците на еврозоната и нејзини функционери очекуваат дека тоа се очекува дури во среда, додека од грчкото министерство за финансии негираат дека Атина „нема нов предлог“ и тврдат дека готовиот предлог за нов договор со доверителите грчката делегација го понела на самитот на Еврогрупата.
„Тврдат дека ќе поднесат ново барање и можеби ќе го изнесат предлогот до утре (среда)“, рекол за Reuters висок европски функционер кој барал да остане анонимен,
Друг функционер рекол дека грчката делегација на состанокот на министрите за финансии на земјите членки на еврозоната (Еврогрупата) не изнел никаков официјален предолг за финансиска помош. „Доколку навистина утре имаат намера да изнесат нешто, мора да знаат дека тогаш овде можеби нема да има никој да го прочита“, рекол за агенцијата неименуван функционер.
Претставник на грчката влада изјавил дека во среда, во последниот обид да се спаси договорот за помошта со доверителите, на членовите на Европскиот парламент ќе им се обрати премиерот Алексис Ципрас.
„Грчката делегација замина не со нови предлози, туку со нов договор. Тој ги содржи и предлозите. Во моментов не станува збор за предлог, ни е одиме со нов договор. Со готов нов договор“, рекол неименуваниот соговорник на агенцијата.
Според него, текстот ќе биде разгледуван со доверителите и може да се менува. „Не е вистина кога зборуваат дека нема предлози. Не се во прашање предлозите, ние правиме нов договор. Што тој ќе вклучува, може да биде разгледувано утре подетално. Не е точно дека нема нови предлози“, го цитира РИА анонимниот грчки функционер.
Од своја страна, од кабинетот на новиот грчки министер за финансии, Евклидос Цакалотос, за агенцијата рекле дека новите предлози биле испратен уште минатата седмица.
„Очекуваме разгледувањето да заврши на самитот на Еврогрупата. Минатата седмица грчката страна ги испрати предлозите, кои ќе бидат разгледани. Односно грчката делегација оди со предлози коишто ќе бидат дискутирани“, рекла соговорничката на агенцијата, коментирајќи ги медиумските извештаи дека грлата делегација во Брисел не предложила ништо ново./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

