Европа
Фајман: Грција за мигрантите е туристичка агенција
– Вернер Фајман (л.) и Алексис Ципрас
Австрискиот канцелар Варнер Фајман ја обвини во неделата Грција дека се однесува како „туристичка организација, дозволувајќи им на имигрантите слободно поминување кон западот на Европа, во интервју за австрискиот пречат.
Австрискиот канцелар Варнер Фајман ја обвини во неделата Грција дека се однесува како „туристичка организација, дозволувајќи им на имигрантите слободно поминување кон западот на Европа, во интервју за австрискиот пречат.
„Повеќе не ја разбирам политиката на Грција. Неприфатливо е Грција да се однесува како туристичка агенција и да ги пропушта сите имигранти. Грција минатата година прифатила 11.000 азиланти, а ние 90.000 . Тоа не се смее да се повтори“, оцени австрискиот канцелар Вернер Фајман за весникот Oesterreich.
Австрија, којашто има 8,5 милиони жители додека Грција има околу 11 милиони, нагласува дека е земја којашто прифатила најмногу имигранти по жител минатата година, по Шведска.
Фајман порача дека Австрија ќе се придржува до лимитот од 37.500 лица за прифаќање на бегалците кој го одреди за 2016 година. Истакна дека неговата држава се однесувала коректно во бегалската криза и оти е разочаран што тоа не ѝ е признато.
„Ние не можеме да ги примиме сите бегалци кај нас, и за тоа како челник ќе се застапувам, со сите последици…“, порача социјалдеморкатскиот австриски канцелар.
Истовремено грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас ја обвини Австрија дека шири лаги и оти официјална Виена води политика, која може да поттикне натамошни поделби во ЕУ.
„Беа потребни многу труд и пожртвуваност ЕУ да се изгради и нема да дозволам за неколку седмици и месеци таа да се распадне. Ние на самитот на ЕУ во Брисел донесовме едногласни заклучоци и сметам дека е чудно тоа што одлуките, кои сега ги донесоа полициските службеници се поважни од оние на шефовите на државите и владите“, вели шефот на грчката дипломатија во интервјуто за виенскиот дневен весник Die Presse.
На прашањето зошто дошло до дипломатска ескалација во односите меѓу Атина и Виена, Коѕијас одговара дека му „пречат лагите“.
„Пред неколку дена се состанаа министрите за внатрешни работи. За време на седницата австриската министерка излегла и рекла дека нејзиниот грчки колега изјавил оти Грција и Фронтекс не се во состојба да ја заштитат границата. Тоа нашиот министер никогаш не го рекол. Меѓутоа исфабрикувани се такви изјави за да бидеме обвинети. Сметам дека тоа не е убаво. Не сакаме никакви самостојни дејствувања, туку разумна соработка меѓу државите од ЕУ“, тврди Коѕијас./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

