Европа
Франција покрена истрага против непознато лице за несреќата на Germanwings
Француско правосудство задолжено за истрагата за несреќата на авионот „Airbus A320“ на нискотарифната германска воздухопловна компанија „Germanwings“ во мар на југот на Франција, отвори формална истрага против непознато лице поради убиство од небрежност, изјави во четвртокот обвинителот во Марсеј.
Обвинителот на Марсеј, Бри Робен, кој на 11-ти јуни се сретна со семејствата на жртвите, истакна тогаш дека францускиот кривичен закон „забранува покренување судска постапка за убиство со предумисла кога сторителот не е жив“.
Истрагата утврди дека авионот намерно ја урнал копилотот Андреас Лубитц кој имал здравствени и психолошки проблеми.
Имајќи предвид дека осомничениот, и веќе прогласен во јавноста како сторител, загина во несреќата, правосудството 27-годишниот копилот Андреас Лубитц не може да го гони. Наместо тоа, отворена е истрага за убиство од небрежност, којашто би требала да ја утврди одговорноста на „Lufthansa“, чија фирма ќерка е „Germanwings“, регулаторните власти или лекарите. Постапката којашто ќе ја водат тројца судии би требало јасно да покаже дали постоеле „грешки или недостатоци во утврдувањето на здравствената состојба на Андреас Лубитц од страна на компанијата ‘Lufthansa’“.
Досега истрагата утврди дека Лубитц намерно го урнал авионот на 24-ти март во француските Алпи, при што загинал заедно со уште 149 патници и членови на екипажот. Обвинителите претходно објавија дека пронашле докази дека Лубитц, кој пател од тешка депресија, истражувал методи на самоубиство и ја криел болеста од работодавачите.
Обвинителот Робен неодамна изјави дела Лубитц „во петте последни години посетил 41 лекари“, од кои кај седуммина од нив бил на преглед во текот на месецот кој претходел на трагедијата. „Лубитц, кој постојано бил загрижен за своето здравје и стравувал да не го загуби видот, пател од тешка депресија, од психоза која ја следеле животни тешкотии“, појасни обвинителот на прес-конференцијата на 11-ти јуни, по средбата со членовите на семејствата на жртвите и поради тоа не бил способен да управува со авион./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Околу 500 патници заглавени во авиони поради снег во Минхен
Околу 500 патници останале заглавени во авиони на аеродромот во Минхен, откако нивните летови биле откажани поради обилни снежни врнежи. Иако дел од авионите биле подготвени за полетување, патниците не можеле да се вратат во терминалот поради недостиг на автобуси и зафатени паркинг-позиции за авионите.
Повеќе од 100 летови планирани за четврток навечер биле откажани поради снегот, а дел од патниците ја поминале целата ноќ во леталата.
Лоша логистика и ограничен капацитет
Според портпарол на авиокомпанијата Луфтханза, дури и летовите што добиле специјални дозволи за ноќно полетување не можеле да тргнат. Како причина се наведува тоа што сите паркинг-места за авиони во близина на терминалот биле веќе зафатени, а капацитетот на автобусите за превоз на патници бил ограничен.
„Во тој момент сите паркинг-места кај терминалот беа исполнети, а бројот на автобуси е ограничен“, изјавил портпаролот, додавајќи дека организацијата на автобускиот превоз е во надлежност на аеродромот.
Летови кон повеќе европски и светски дестинации
Според информациите на Луфтханза, погодени биле летови кон Сингапур, Копенхаген, Гдањск, Грац и Венеција. Дури во раните утрински часови автобуси пристигнале и ги превезле патниците до терминалот.
Од аеродромот во Минхен кратко соопштиле: „Жалиме за непријатностите што настанаа“.
Студен бран во регионот
Ледениот бран изминатите денови го зафати и Виена, додека хаос беше пријавен и во Марибор, каде што голем број жители останаа без струја, а дел и без вода.
Поради состојбата, во поширокото подрачје на вториот по големина град во Словенија беше прогласена вонредна состојба.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.

