Европа
Франција: Саркози победник на локалните избори, крајната десница сé посилна
– Марин Лепен е најголемиот добитник на француските регионални избори
Излезните анкети покажуваат дека на вториот круг од француските локални избори во неделата победија конзервативците на поранешниот шеф на државата Николас Саркози, додека Националниот фронт, партија од крајната десница, ја зајакна својата позиција на тамошната политичка сцена.
Излезните анкети покажуваат дека на вториот круг од француските локални избори во неделата победија конзервативците на поранешниот шеф на државата Николас Саркози, додека Националниот фронт, партија од крајната десница, ја зајакна својата позиција на тамошната политичка сцена.
Партијата од десниот центар Унија за народно движење (UMP) на Николас Саркози со сојузниците ќе води меѓу 66 и 70 департмани во Франција, а пред овие избори владееше во 41. Владејачките социјалисти, и нивните коалициски партнери, на актуелниот француски претседател Франсоа Оланд, коишто досега имаа 61 департман, сега се сведени на 27 до 31, според телевизиските извештаи. „Французите масовно ја отфрлија политиката на Франсоа Оланд и на неговата влада“, коментираше по изборите Саркози.
Крајната десница Национален фронт (FN) на Марин Лепен веројатно ќе добет повеќе од два департмана, но со повеќето десетици места во генералните совети ќе стекне база за локално избраните функционери коишто ќе бидат подобро позиционирани за националните избори. Националниот фронт кој во првиот круг од изборите минатата недела беше втората партија и освои четвртина од сите гласови, сега ќе доживее голем исчекор во вкупниот број локални советници, бидејќи досега имаше само двајца.
Според челничката на партијата, којашто е изразено евроскептична и антиимгрантска, станува збор за историски резултат. „Националниот фронт станува моќна политичка сила во многу региони. Ова исклучително изборно ниво ќе стане фундамент за големите утрешни победи“, рече Лепен.
Премиерот на француската социјалистичка влада Мануел Валс, чијашто многу непопуларна влада се труди да ги искористи слабите знаци за заздравување на втората по големина европска економија, даде изјава само неколку минути по затворањето на избирачките места. „Крајната десница е силна и пресилна, ваквиот резултат е предизвик за секој демократ. Тоа е знак на пореметување на нашиот политички пејзаж и сите од тоа мораме да научиме нешто“, рече Валс./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.

