Европа
Француски парламентарци велат дека Крим е руски
Францускиот пратеник од десницата Тиери Мариани, кој ја предводеше француската парламентарна делегација, која како и некои други колеги од ЕУ го посети Крим, што Киев го критикува, ги повика во неделата европејците да го признаат присоединувањето на полуостровот „каде што луѓето се среќни“ на Руската Федерација.
„Крим одлучи повторно да биде руски, Крим е руски, да се занимаваме со другите работи и да се обидеме повторно да ги воспоставиме нормалните врски меѓу европските земји и Русија“, изјави Тиери Мариани на прес-конференцијата во Севастопол директно пренесувана на локалната телевизија.
„Овде гледам промени, патиштата се подобри отколку минатата година. Жалам што нема повеќе западни новинари да ги видат овие луѓе кои изгледаат среќни во крајот за кој некои велат дека е окупиран“, истакна францускиот парламентарец.
Пратеникот од редовите на десната конзервативна партија Републиканци, на поранешниот француски претседател Николас Саркози, ја предводи делегацијата од десетина француски пратеници кои се наклонети да го разгледаат присоединувањето на Крим на руската територија во март 2014 година како што одлучи населението на референдумот, што за нелегално го оценуваат Киев и Западот. Мариани во петокот допатува на Крим, каде предводеше група француски и други европски парламентарци.
Украинското министерството за надворешни работи „остро ја осуди оваа посета“, со која, според неговата оцена, се „крши украинскиот закон и меѓународното право“. Украинскиот амбасадор во Франција, Олех Шамшур на Twitter ја критикуваше „крајната бесрамност на француските пратеници кои се одушевени од руските агресори“.
Дел од посетата беше посветена и на кримските Татари, автохтона муслиманска заедница, чија бројност на Крим се проценува меѓу 12 и 15 отсто и која на референдумот се изјасни за отцепувањето. Меѓутоа, побегнатиот во Крим поранешен челник на оваа заедница води кампања на Западот дека тие наводно се обесправени по „анексијата“, иако рускиот претседател Владимир Путин по референдумот издаде декрет со кој се извинува и ги рехабилитира кримските Татари за нивните депортации од советската ера кога Крим е во составот на Украина.
„Искрено зборувајќи, тоа прашање го поттикна пропагандата, мислам дека е подобро да се биде Татар на Крим отколку Русин во Латвија“, оцени Мариани пред новинарите додавајќи дека е забележливо оти бројот на џамиите на полуостровот двојно се зголемил./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсен украински министер
Украинските антикорупциски тела денеска го уапсија министерот за земјоделство Микола Солски. Судот на министерот му изрече превентивна мерка притвор во траење од 60 дена, до 24 јуни. Сепак, Солски ќе биде ослободен од притвор доколку плати кауција од 75,7 милиони гривни (околу 1,7 милиони евра).
Обвинителството побара притвор поради ризик од попречување на истрагата, влијание врз сведоци и бегство. Тие истакнаа дека Солски во текот на вонредната состојба неколку пати ја минувал границата.
Адвокатот одговори дека Солски ја преминал границата поради службени патувања, освен во еден случај кога заминал на договорено отсуство. Тој се осврна и на тоа дека Солски како функционер може да патува во странство само со согласност на премиерот. Тој исто така изјави дека нема докази дека Солски би можел да се меша во истрагата или да влијае на сведоците.
Солски вчера понуди оставка откако беше осомничен за вмешаност во незаконско стекнување државно земјиште. Обвинителите тврдат дека Солски бил фатен дека поседува државно земјиште во вредност од 291 милион гривни и дека се обидел да добие друго земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски ги негира обвиненијата, за кои обвинителите велат дека се однесуваат на настани од 2017 до 2021 година, пред да стане министер за земјоделство во март 2022 година. Солски е еден од најбогатите функционери во администрацијата на претседателот Володимир Зеленски.
Ако плати кауција, ќе мора да ја предаде својата обврзница на властите и нема да му биде дозволено да разговара со други осомничени и сведоци во случајот.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.