Европа
Француските полицајци трет ден на штрајк
Француските полицајци три ноќи со ред протестираат, а преку глава им е од нападите врз нив, од немањето опрема, од малата плата и празните ветувања.
Стотици полицајци зедоа учество во ненајавени протести низ цела Франција последните три ноќи.Протестите беа поттикнати од бомбата што беше фрлена кон четворица полицајци во париско предградие, порано овој месец.Всушност, полициските синдикати велат дека околу 500 полицајци се повредени на должност секој месец.Дополнително на тоа треба да се знае дека полицајците работат во вонредна состојба во која се наоѓа целата земја повеќе од една година, па и не е некое изненадување да им е преку глава од се.Владата вети дека ќе разговара со полицајците во Франција, а ова се барањата и поплаките што ќе ги слушнат.„Имаме повеќе колеги, но работиме со исти ресурси. Се е многу комплицирано во полицијата. Станува се полошо од година во година“, вели анонимен полицаец за BFM TV.„Едноставно немаме доволно луѓе, и не сме правилно екипирани, може да се случи само двајца полицајци да одговорат на задача каде се инволвирани десет луѓе, кои не сакаат да не видат“, вели тој.Некои полицајци мора да си платат за опремата, додава друг анонимен полицаец за France Info. „Чини 70 евра елек кој ни ги држи радио-станицата, ракавиците и друго, место да ги чуваме во џебовите од панталоните“, додава тој.„Уште поскап е ако е отпорен на куршуми. И мораме да платиме за нив. Дури и ракавиците.“Друг анонимен полицаец вели дека условите генерално се невозможни.„Ни плаќаат колку за кикиритки, а имаме ненормални работни часови, и сето тоа со можност да бидете нападнати или запалени од убијци на полицајци кои не се плашат повеќе од државата“, вели тој. „Преку глава ни е од охрабрувањата на министерот кој вели да останеме смирени, додека сѐ уште е топла крвтта на нашите колеги пролеана на улиците“, додава тој.Многу полицајци побараа оставка од министерот за внатрешни работи Бернард Казанев.„Станавме како секретарки“, вели Јан Писард, полицаец од централна Франција, кој се жали на премногу бирократска работа.„Отворени сме за јавноста 24/7, а мораме да поднесеме извештај за се, да забележиме се што сме сработиле. Полицајци сме, носе повеќе стануваме секретарки.“Еден полицаец вели дека неговата сопруга се плаши за неговиот живот секој ден кога тој заминува на работа.„Преку глава ни е од тоа секој ден со страв“, додава друг. „Сакаме само доволно опрема, ресурси за безбедна работа“.„Сакам моите колеги да работат безбедно, и да си појдат дома секој ден исполнети со чувство дека завршиле добра работа.“Се надеваат на наоѓање решение, движењето продолжува./крај/тл/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.