Европа
Французинка доби 9 години затвор за убиство на 8 новороденчиња
Една Французинка беше прогласена во четвртокот виновна за убиството на нејзините осум новороденчиња во период од единаесет години, и осудена е на затворска казна од девет години.
На Доминик Котрез, 51-годишната мајка на две возрасни ќерки, ѝ се судеше шест дена во гратчето Дуе, на северот од Франција.
Иако го напомна нејзиното слабо ментално здравје, обвинителот бараше 18 години затвор, а нејзините адвокати ја поздравија пониската казна, бидејќи „дава надеж за Котрез“.
Убиствата во селото Вије-о-Тертр, во близинана Лил, околу 150 километри северно од Париз, беа откриени во јуни 2010 година, откако новите сопственици на куќата пронашле две вреќи со тела. Неколку дена подоцна, уште шест вреќи со останки на новороденчиња се откриени во новиот дом на Котрез. Во истрагата таа признала дека ги задушила, бидејќи не сакала да има повеќе деца и оти не сакала да лекарот да бара контрацепција.
Минатата деценија француската јавност беше неколкупати вознемирена со случаи на чедоморство, кога полицијата откриваше остатоци од бебиња. Еден од најпознатите беше случајот на Селин Лесаж која во март 2010 година призна пред судот дека ги убила своите шест новороденчиња чии тела беа најдени во пластични кеси во нејзиниот подрум во северозападна Франција.
Друга Французинка, Вероник Куржол, во 2009 година беше осудена за убиство на трите нејзини новородени деца, откако нејзиниот сопруг открил две тела во замрзнувачот додека живееле во Јужна Кореја. Во текот на процесот, стручњаците вештачеа дека таа боледувала од синдромот на ткн. „негирање на бременоста“.
Во март 2015 година тела на пет мртви бебиња беа пронајдени во куќа во југозападна Франција, во еден од најтешките случаи на чедоморство во оваа земја потресувана од слични случаи последните неколку години.Петте тела беа најдени во куќа во Лошатс, мирно местенце со околу 700 жители педесетина километри јужно од Бордо, во шумата Ландс. Двојката има две ќерки, на 13 и 15-годишна возраст, а работат во земјоделието, водејќи, како што изгледало однадвор, нормален секојдневен живот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

