Европа
Германија: CSU задоволнa од договорот за бегалците, се очекува согласност од SPD
Баварската Христијанско-социјална унија (CSU) изрази во понеделникот задоволство од постигнатиот договор со сестринската Христијнаско-демократска унија (CDU) на канцеларката Ангела Меркел,, околку бегалските политики и изрзи надеж дека и третата страна во владејачката коалиција, Социјалдемократската партија на Германија (SPD), ќе се согласи на новите насоки на бегалската политика во земјата.
„Задоволни сме од постигнатиот договор со CDU“, изјави претседателот на CSU Хорст Зеехофер пред вонредната седница на партиското раководство во понеделникот во Минхен на темата „бегалска криза“, коментирајќи го кризниот состанок на кој во текот на изминатиот викенд партиите во владејачката коалиција во Берлин се обидеа да ги усогласат насоките во врска со политиките на Германија во однос на миграциските политики.
Зеехофер истовремено изрази надеж дека и SPD во продолжението од консултациите на темата бегалска криза, кое е најавено за во четврток, ќе да де своја согласност за политиката договорена меѓу партиите од демохристијанската Унија CDU/CSU. Претседателот на баварските демохристијани изрази и задоволството од постигнатиот договор со CDU, истакнувајќи дека станува збор за „документ со јасни акценти од CSU“.
Досега CSU јавно и жестоко се спротиставуваше на позициите на CDU, а во прв ред на канцералката на нејзината челничка Ангела Меркел, во поглед на политиките кон бегалците и барателите на азил. CSU и CDU во неделата, според Зеехофер, начелно се договориле околу „намалувањето на бројот бегалци и за засилениот процес на интеграција“.
И генералниот секретар на CSU, Андрас Шауер, намалувањето на бројот на бегалците го истакна како „клучен елемент“ од договорот со CDU. Според него во споменатиот договор е дефинирана и потребата од засилена интеграција на оние кои имаат шанси да добијат долготраен престој во Германија. „Ние не сакаме мултикултурно општество, туку успешна интеграција“, истакна Шауер.
Тој на челникот на SPD и германски вицеканцелар Зигмар Габирел му порача дека „едноставно не го разбрал“ концептот на транзитни зони, најконтроверзниот елемент од политиките кон бегалците во рамките на коалицијата. Габриел ниту по неделната средба не се согласи со идејата за транзитните зони, каде веднаш би се одвојувале оние лица кои немаат шанси да добијат азил, образложувајќи го тоа со нехуманите услови кои според SPD би владееле во таквите привремени центри за прифаќање на бегалците.
Партиите од владејачката коалиција во четврток треба да постигнат договор за транзитните зони кои би биле сместени на германските граници и во коишто бегалците би се задржувале толку долго додека не биде решен нивниот иден статус во Германија.
Во последно време во Германија има тенденција долгорочниот бегалски статус, како и политичкиот азил, автоматски да им бидат давани само на бегалците од деловите на Сирија кои се директно погодени од војната, додека во сите други случаи детално да се проверува дали постојат основа за давање на бегалскиот статус или статусот на политички емигрант.
Во меѓувреме, во некои делови на Германија, особено на истокот, и натаму се забележува нетрпеливост кон бегалците и имигрантите. Во Магдебург група од триесетина насилници нападнала група сириски бегалци, при што неколку бегалци се повредени Полицијата соопшти дека насилниците се „припадници на локалната навивачка сцена“. Во сојузната покраина Саксонија демонстрантите, за кои се верува дека им припаѓаат на екстремно десните движења, запреле автобус со бегалци кои требало да бидат сместени во еден центар за прифаќање.
Истовремено и на западот од земјата расте загриженоста околу иднината на соживотот со имигрантите и бегалците. Директорот на Спортскиот сојуза од покраината Есен, Волфганг Рохберг, изрази загриженост поради фактот дека со претстојната зима многу спортисти во најнаселената сојузна покраина Северна Рајна Вестфалија нема да може да тренираат во спортските сали, бидејќи најголемиот дел од нив се пренаменети во центри за прифаќање на бегалците.
„Неприфатливо е една голема група граѓани да пати поради сместувањето на бегалците“, изјави Рохберг во разговорот за јавниот сервис WDR. Изрази мислење дека бегалците не можат да бидат оставени на пат, но дека товарот мора да го поднесат сите општествени групи, а не само спортисти./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.
Европа
Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС
Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.
Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.
Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.
Pentagon reveals Ukraine’s targets for ATACMS missiles – NYT — (the usual baffling lack of retaliation threats from #Putin– instead just the usual bleating that ‘it’s impossible to justify’..Bring Stalin back to life please, Russia) https://t.co/8pi0Lx8tbt #CapeTown #SouthAfrica pic.twitter.com/ZtI5cG3r2m
— Peter Mayson (@theforeverman) April 26, 2024
Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.
Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.
– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.
Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.