Европа
Германија сака да ги врати барателите на азил во Грција
Германија сака да ги врати европските правила според коишто барателите на азил мора да бидат вратени во Грција, бидејќи таму првпат влегле на територијата на Европската унија, изјави во неделата германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер.
„Би сакал повторно да се применува Даблинската конвенција… ќе разговарам за тоа на состанокот на европските министри за внатрешни работи“ кој ќе се одржи подоцна во октомври, вели во разговорот за грчкиот дневен весник Kathimerini германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер.
Минатата година во Грција, според тамошната влада, пристигнале повеќе од милион мигранти, од кои најголемиот дел завршија токму во Германија.
Даблинските правила, инаку, одредуваат дека земјата членка на Европската унија азилантот прво ќе влезе е одговорна за обработката на неговото барање за азил. Правилата предвидуваат и дека азилантот мора да биде вратен во земјата во којашто прво влегол, доколку влезе во некоја друга членка на ЕУ пред да биде разгледан неговиот случај.
Меѓутоа, овие правила се суспендирани за Грција во 2011 година, откако земјата ја загуби тужбата на Европскиот суд на правдата кој оцени дека таа не постапува на соодветен начин со мигрантите кои бараат меѓународна заштита. „Од тогаш, ЕУ пружи значителна помош, не само финансиска“ за Грција да ги подобри процедурите кон азилантите, нагласува германскиот министер Де Мезиер, кој уште во август побара да се вратат на сила Даблинските правила, што тогаш предизвика протестите од страна на официјална Атина.
Грција, пак, предупредува дека на нејзината територија веќе се наоѓаат повеќе од 60.000 бегалци и мигранти, кои се блокирани откако земјите по ткн Балканска рута ги затворија границите.
Меѓутоа, Де Мезиер смета дека тоа не значи дека Даблинските правила не треба да бидат вратени насила, укажувајќи на јакнењето на критиките во Германија поради тоа што таа конвенција не се применува.
Министерот де Мезиер, кој неодамна во изјава го намали бројот на азилантите кои минатата 2015 година пристигнале во Германија на 890.000 од претходно соопштената бројка од 1,1 милиони, повторува дека Берлин е подготвен да го преземе својот дел од бегалците кои пристигнале во Грција и во Италија во текот на 2015 и 2016 година.
„Германија е подготвена да прими до 500 луѓе месечно од двете земји“, тврди Де Мезиер./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се обидува да ја вовлече Унгарија во војната меѓу Украина и Русија.
„Четири години не можевте да го прифатите ставот на суверената унгарска влада и унгарскиот народ за руско-украинската војна. Четири години работевте на тоа да ја принудите Унгарија да учествува во војната меѓу вашата земја и Русија“, напиша Орбан.
Во писмото, тој тврди дека Зеленски, Брисел и унгарската опозиција „ги координираат напорите“ за да донесат „проукраинска влада“ на власт во Унгарија.
Open Letter to President Volodymyr Zelenskyy
Mr. President,
For four years, you have been unable to accept the position of the sovereign Hungarian government and the Hungarian people regarding the Russia–Ukraine war.
For four years, you have been working to force Hungary into…
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) February 26, 2026
Обвинувања за нафтоводот Дружба
Орбан го обвини Зеленски за „блокирање на нафтоводот пријателство“, или нафтоводот Дружба, за кој тврди дека е клучен за снабдувањето со енергија на Унгарија.
„Вашите постапки се против интересите на Унгарија и го загрозуваат безбедното и прифатливо снабдување со енергија за унгарските семејства. Затоа, ве повикувам да ја промените вашата антиунгарска политика“, рече Орбан.
Тој додаде дека Унгарците „не се одговорни за ситуацијата во која се наоѓа Украина“, дека сочувствуваат со украинскиот народ, но дека „не сакаат да учествуваат во војната“, „не сакаат да ги финансираат воените напори“ или „да плаќаат повеќе за енергија“.
„Ве повикувам веднаш повторно да го отворите нафтоводот и да се воздржите од понатамошни напади врз енергетската безбедност на Унгарија. Повеќе почит кон Унгарија!“, заклучи Орбан во писмото со дата, Будимпешта, 26 февруари 2026 година.
Во писмото, тој не споменува дека војната ја започнала Русија, која започнала целосна инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.
Европа
Редок напад: Украинците ги таргетираат командните центри со моќни американски ракети
Украинските сили започнаа серија напади со американски ракети со долг дострел ATACMS врз руски командни места, складишта за муниција и логистички објекти на окупираните територии, соопшти Генералштабот. Нападите, кои се случија ноќта на 24 февруари, претставуваат ретка потврдена употреба на оружјето, објавува The Kiev Independent.
„Како дел од систематските мерки за намалување на офанзивните капацитети на рускиот агресор, единиците на украинските одбранбени сили продолжуваат да ги таргетираат клучните непријателски командни и логистички објекти“, се вели во соопштението на Генералштабот.
Според извештајот, украинските ракетни сили и артилерија погодиле помошен команден пункт на руската 5-та армија во близина на Новопетривка во окупираниот регион Донецк. Војската соопшти дека ракетите ATACMS биле меѓу оружјето што се користело во операцијата.
Дополнителни напади биле насочени кон логистички магацин што му припаѓал на рускиот центар „Рубикон“ во близина на Василовка во окупираниот регион Запорожје, како и магацини за муниција и снабдување во Пријазовски во регионот Донецк и Олександривка во регионот Запорожје. Руски објект за одржување и поправка во близина на Јакимивка во Запорошката област, исто така, беше погоден. Целосниот обем на штетата сè уште се утврдува, додаде армијата.
Европа
Масовен воздушен напад: Русија лансираше 115 дронови, Украинците соборија 95
Русија започна масовен воздушен напад врз Украина во вторник ноќта, лансирајќи вкупно 115 дронови од различни видови, вклучувајќи ги Шахед, Гербера и Италмас. Украинската воздушна одбрана успешно ги неутрализираше повеќето од заканите, соборувајќи или блокирајќи 95 дронови на север, југ и исток од земјата, објавува Украинска правда.
Според податоците на украинските воздухопловни сили објавени до 7:30 часот утрово, од вкупниот број лансирани дронови, околу 60 беа камикази дронови Шахед. И покрај високата стапка на пресретнување, 18 дронови успеаја да ја пробијат одбраната и да погодат цели на 11 локации.
Широк спектар на одбранбени сили, вклучувајќи ги воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, единиците за електронско војување и беспилотни системи и мобилните противпожарни групи, учествуваа во одбивањето на нападот. Воздухопловните сили предупредија дека нападот е сè уште во тек бидејќи неколку руски дронови сè уште се наоѓаат во украинскиот воздушен простор.

