Европа
Германија: Владејачката коалиција согласна за забрзување на азилантскиот процес
Челниците на владејачките коалициски партии во Германија која се справува со најголемиот прилив на имигранти и бегалци последните децении, постигнаа во четвртокот договор за тоа како да се забрза азилантскиот процес за оние кои имаат малку изгледи да им биде дозволено останување во земјата.
Договорот следува во седмиците внатрешни судири и кога официјалните податоци покажуваат дека бројот на доаѓањата на имигрантите во Германија оваа година речиси веќе достигнал 800.000 кон крајот на октомври, што е вкупна бројка која владата ја очекуваше до крајот на 2015 година, јавува Reuters.Кризата создаде проблеми во коалицијата на германската канцеларка Ангела Меркел. Христијанско-социјалната унија (CSU), баварската сестринска партија на конзервативците на Меркел од Христијанско-демократската унија (CDU), бара поостри акции, додека Социјалдемократската партија на Германија (SPD) е наклонета на поблаг став. Баварија го понесува најголемиот товар од доаѓањето на луѓето кои бегаат од војните и сиромаштијата, па таму владејачката CSU изврши притисок врз сојузната влада да го ограничи напливот.Откако не успеаја до крај да ги надминат разликите во неделата, Меркел изјави дека таа и челниците на CSU и SPD сега се согласиле дека ќе воспостават посебни центри за имигрантите кои немаат уверливо право на азил.„Направивме добар и важен чекор напред“, задоволно изјавила за новинарите канцеларката Меркел покрај која беа баварскиот конзервативец Хорст Зеехофер и вицеканцеларот од редовите на социјалдемократите Зигмар Габриел, по повеќе несогласување за таа тема, наведува AFP.По неуспешната средба во неделата, тројцата челници ги надминаа несогласување за начинот на побрзото враќање на имигрантите кои имаат најмалку можности да добијат азил, што беше последната цел на германската влада уште од летото.Договорените мерки вклучуваат планови за „три до пет центри за регистрација“ во земјата за новопристигнатите од земјите кои се сметаат за сигурни и кои имаат слаби перспективи за останување во Германија, за оние на коишто им е забрането повторно влегување во Германија,, оние кои повторно бараат азил и за лицата кои не соработуваат, додаде Меркел.Имигрантите во овие центри ќе бидат подложени на забрзан азилантски процес кој обично завршува со депортирање во нивните земји. Тие ќе имаат право на социјална помош, доколку не го напуштаат округот во кој се регистрирани.Партиските челници, исто така, договорија да им се оневозможи на две години за луѓето кои немаат службен статус на бегалци да ги доведат своите семејства во Германија.Со тие имигранти би се постапувало по забрзани процедури, една седмица ќе се одлучува за нивната судбина, две седмици ќе се разгледуваат жалбите и имигрантите ќе мора да останат во близина во текот на разгледување на нивниот предмет, но нема да бидат затворени во центар, појаснија челниците на германските владејачки партии.Овој предлог, кој набрзо би требало да биде реализиран, претставува компромис меѓу „транзитните зони“ на границите кои ги бараа конзервативците и „центрите за прво прифаќање“ за кои се залагаат социјалдемократите, кои би биле на целата територија на Германија. Владејачката коалиција соочувајќи се со големиот прилив имигранти и бегалци, има тешкотии да ја убеди скептичната јавност дека владее со мигрантската криза, Министерството за внатрешни работи соопшти дека во Германија влегле 181.000 имигранти само во октомври, што претставува месечен рекорд, пренесува агенцијата DPA./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.
Европа
Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС
Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.
Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.
Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.
Pentagon reveals Ukraine’s targets for ATACMS missiles – NYT — (the usual baffling lack of retaliation threats from #Putin– instead just the usual bleating that ‘it’s impossible to justify’..Bring Stalin back to life please, Russia) https://t.co/8pi0Lx8tbt #CapeTown #SouthAfrica pic.twitter.com/ZtI5cG3r2m
— Peter Mayson (@theforeverman) April 26, 2024
Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.
Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.
– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.
Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.