Европа
Германската десницата постигна успех на локалните избори во Есен

Десничарска партија Алтернатива за Германија (AfD) освои во неделата неочекувано многу гласови на општинските избори во сојузната покраина Есен, па по двете најголеми партии на демохристијаните и социјалдемократите, со 13 отсто од гласовите стана третата политичка сила во оваа економски силна покраина.
„Резултатот на AfD е застрашувачки, сметавме на најмногу 5 отсто“, изјави во понеделникот Маркус Франк претставник во Советот на Франкфурт на Христијанско-демократската унија (CDU) на канцеларката Ангела Меркел.
Според прелиминарните податоци, AfD на општинските избори во Есен освоила 13,2 отсто од гласовите. CDU и Социјалдемократската партија на Германија (SPD) освоиле од 28,2 односно 28 отсто од гласовите, додека партијата Зелени, некогаш значајна и силна во покраината Есен, претрпе пораз и падна на четвртото место со 11,6 отсто од гласовите.
„Протестот на избирачите оди на сметката на големите партии и во полза на АfD“, заклучи во понеделникот генералниот секретар на CDU за Есен, Манфред Пенц.
AfD е партија којашто беше основана како движење на противниците на еврото, во последно време се истакна со жестокото противење на енормното доаѓање на барателите на азил во Германија. Претседателката на партијата, Фрауке Петри, е критикувана поради нејзината изјава од пред извесно време дека германската полиција би требало да отвора оган врз илегалните доселеници кои нелегално ја минуваат границата.
Оваа партија, основана во 2013 година како партија на критичарите на еврото и по многуте внатрешни превирања од партија со економски профил се претвори во партија од десниот спектар со критиките на доселувањето како најважната тема,.
AfD досега не бележеше поголема доверба меѓу германските избирачи, но по избувнувањето на бегалската криза ланската есен и откако на чело застана енергичната Петри, нејзината популарност нагло се зголеми./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Украинска пратеничка предупреди: „Ѓаволот е во деталите“

Украинската пратеничка Јулија Сирко во интервју за „Скај њуз“ предупреди дека ѓаволот е во деталите кога станува збор за можен мировен план меѓу Украина и Русија, објави „Скај њуз“.
„Кога разговарате со Русите и работите со Русите, мора да размислувате три чекори напред“, рече Сирко.
Клучни неодговорени прашања
Таа нагласи дека Украинците очекуваат одговори на клучните прашања, а безбедносните гаранции се на прво место. „Кој ќе ја финансира огромната количина оружје и војници што ни се потребни за да одржиме 2.000 км фронтова линија?“, праша таа.
Сирко објасни дека прашањето за безбедносните гаранции е сложено, а позиционирањето на сојузничките трупи игра клучна улога во тоа. Таа објасни дека ако европските сили се позиционираат на западната граница на Украина, „тоа ќе биде само логистика“ и претставува сосема поинаква ситуација.
„Мора да бидете на фронтовската линија во сивата зона меѓу Русија и Украина, тоа е едно прашање“, истакна таа. „Ако војниците останат на западната граница, таму нема да имате никакви проблеми или закани, па тоа е друго прашање“.
Таа заклучи дека верува оти Русите нема да го прекршат договорот доколку европските армии се подготвени да останат на фронтовската линија. „Ако европските армии ќе може да издржат на бојното поле и ќе бидат подготвени да останат… не мислам дека Русите ќе го прекршат тоа“.
Европа
(Видео) Додека се одржуваа состаноци во Вашингтон, нападите продолжија

Руските сили извршија напади со беспилотни летала и ракети врз централна и јужна Украина, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски беше на средба со американскиот претседател Доналд Трамп и европските лидери во Вашингтон, објави германската новинска агенција дпа.
Според украинските воздухопловни сили и воените набљудувачи, нападите биле насочени кон централниот украински регион Полтава, особено кон индустрискиот град Кременчук.
Десетици беспилотни летала и најмалку две балистички ракети биле испукани кон регионот.
Балистичката ракета наводно погодила цел во јужниот украински регион Одеса.
Деталите за штетата или жртвите остануваат нејасни.
Руските медиуми, повикувајќи се на гувернерот на Волгоград, Андреј Бочаров, објавија дека остатоците од беспилотните летала предизвикале пожари во рафинерија за нафта и оштетиле болница, но нема пријавени повредени.
Летовите на аеродромот во Волгоград се привремено прекинати.
Украина се брани од руска инвазија речиси три и пол години.
фото: принтскрин
Европа
Лидерите на ЕУ денес ќе одржат видеоконференција за разговорите во Вашингтон

Лидерите на Европската унија денес ќе одржат видео-конференција за да ги разгледаат резултатите од разговорите во Вашингтон. Средбата е закажана за 13 часот, потврди претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста.
На видео-конференцијата ќе учествуваат сите членови на Европскиот совет, највисокото политичко тело на ЕУ, и ќе се фокусира на координирање на следните чекори по разговорите во Вашингтон.
I have convened a video conference of the members of the European Council for tomorrow at 13.00 CEST, for a debriefing of today’s meetings in Washington DC about Ukraine.
Together with the US, the EU will continue working towards a lasting peace that safeguards Ukraine’s and…— António Costa (@eucopresident) August 18, 2025
Пред состанокот, Коста ја нагласи важноста на соработката со Соединетите Американски Држави на социјалната мрежа Икс.
„Заедно со Соединетите Американски Држави, ЕУ ќе продолжи да работи кон траен мир што ги штити виталните безбедносни интереси на Украина и Европа“, напиша Коста.
фото: принтскрин