Европа
Германската влада не се дистанцира од Ерменската резолуција
Германската влада ги демантираше во петокот медиумските написи според кои канцеларката Ангела Меркел направил попустлив потег во однос на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и се дистанцирала од ткн Ерменска резолуција на Бундестагот со кој масакрот врз Ерменците во Отоманското царство во текот на Првата светска војна го дефинираше како геноцид, што ја разгневи Турција.
„Ниту збор нема за такво нешто“, го коментираше во петокот портпаролот на германската влада Штефан Зајберт пишувањето на порталот Spiegel Online.
Германската канцеларка Ангела Меркел, како што истакна Зајберт, и во еден телефонски разговор со претседателот на пратеничката група на демохристијанската Унија CDU/CSU, Волкер Каудер, ги негирала овие медиумски тврдења, укажувајќи дека на една седница на демохристијанската пратеничка група во Бундестагот и самата гласала за Ерменската резолуција.
Меѓутоа, на самото гласање во германскиот парламент на 2-ри јуни, кога се одлучуваше за резолуцијата која дополнително ги влоши и онака расипаните германско-турски односни, канцеларката Меркел не беше присутна, како и водечките членови на нејзиниот кабинет, како министерот за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер, како и вицеканцеларот Зигмар Габриел, и двајцата од коалициската во власта Социјалдемократска партија (SPD).
Штајнмаер во петокот, реагирајќи на написот на Spiegel, ја отфрли веста за дистанцирање на владата од Ерменската резолуција, но укажана и на тоа дека оваа резолуција не е законски обврзувачка.
„Буднестагот, секако, има право да се изјаснува по политичките прашања, но и исто така и самион Бундестаг укажува на тоа дека не секоја резолуција има законска тежина“, рече Штајнмаер кој истовремено нагласува дека „тој лично“ стои зад одлуката на Бундестагот.
Во заднината е расправата околу Ерменската резолуција, чиешто носење предизвика бурни реакции во Анкара, забрана пратениците од германскиот Бундестаг да ги посетат германските војници во турската воена база Инџирлик, каде се стационирани како дел од антиџихадистичката коалиција. Поедини пратеници по ова, особено од SPD, бараа германските војници да бидат преместени во базите на Кипар или во Јордан./крај/мф/сн
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се обидува да ја вовлече Унгарија во војната меѓу Украина и Русија.
„Четири години не можевте да го прифатите ставот на суверената унгарска влада и унгарскиот народ за руско-украинската војна. Четири години работевте на тоа да ја принудите Унгарија да учествува во војната меѓу вашата земја и Русија“, напиша Орбан.
Во писмото, тој тврди дека Зеленски, Брисел и унгарската опозиција „ги координираат напорите“ за да донесат „проукраинска влада“ на власт во Унгарија.
Open Letter to President Volodymyr Zelenskyy
Mr. President,
For four years, you have been unable to accept the position of the sovereign Hungarian government and the Hungarian people regarding the Russia–Ukraine war.
For four years, you have been working to force Hungary into…
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) February 26, 2026
Обвинувања за нафтоводот Дружба
Орбан го обвини Зеленски за „блокирање на нафтоводот пријателство“, или нафтоводот Дружба, за кој тврди дека е клучен за снабдувањето со енергија на Унгарија.
„Вашите постапки се против интересите на Унгарија и го загрозуваат безбедното и прифатливо снабдување со енергија за унгарските семејства. Затоа, ве повикувам да ја промените вашата антиунгарска политика“, рече Орбан.
Тој додаде дека Унгарците „не се одговорни за ситуацијата во која се наоѓа Украина“, дека сочувствуваат со украинскиот народ, но дека „не сакаат да учествуваат во војната“, „не сакаат да ги финансираат воените напори“ или „да плаќаат повеќе за енергија“.
„Ве повикувам веднаш повторно да го отворите нафтоводот и да се воздржите од понатамошни напади врз енергетската безбедност на Унгарија. Повеќе почит кон Унгарија!“, заклучи Орбан во писмото со дата, Будимпешта, 26 февруари 2026 година.
Во писмото, тој не споменува дека војната ја започнала Русија, која започнала целосна инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.
Европа
Редок напад: Украинците ги таргетираат командните центри со моќни американски ракети
Украинските сили започнаа серија напади со американски ракети со долг дострел ATACMS врз руски командни места, складишта за муниција и логистички објекти на окупираните територии, соопшти Генералштабот. Нападите, кои се случија ноќта на 24 февруари, претставуваат ретка потврдена употреба на оружјето, објавува The Kiev Independent.
„Како дел од систематските мерки за намалување на офанзивните капацитети на рускиот агресор, единиците на украинските одбранбени сили продолжуваат да ги таргетираат клучните непријателски командни и логистички објекти“, се вели во соопштението на Генералштабот.
Според извештајот, украинските ракетни сили и артилерија погодиле помошен команден пункт на руската 5-та армија во близина на Новопетривка во окупираниот регион Донецк. Војската соопшти дека ракетите ATACMS биле меѓу оружјето што се користело во операцијата.
Дополнителни напади биле насочени кон логистички магацин што му припаѓал на рускиот центар „Рубикон“ во близина на Василовка во окупираниот регион Запорожје, како и магацини за муниција и снабдување во Пријазовски во регионот Донецк и Олександривка во регионот Запорожје. Руски објект за одржување и поправка во близина на Јакимивка во Запорошката област, исто така, беше погоден. Целосниот обем на штетата сè уште се утврдува, додаде армијата.
Европа
Масовен воздушен напад: Русија лансираше 115 дронови, Украинците соборија 95
Русија започна масовен воздушен напад врз Украина во вторник ноќта, лансирајќи вкупно 115 дронови од различни видови, вклучувајќи ги Шахед, Гербера и Италмас. Украинската воздушна одбрана успешно ги неутрализираше повеќето од заканите, соборувајќи или блокирајќи 95 дронови на север, југ и исток од земјата, објавува Украинска правда.
Според податоците на украинските воздухопловни сили објавени до 7:30 часот утрово, од вкупниот број лансирани дронови, околу 60 беа камикази дронови Шахед. И покрај високата стапка на пресретнување, 18 дронови успеаја да ја пробијат одбраната и да погодат цели на 11 локации.
Широк спектар на одбранбени сили, вклучувајќи ги воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, единиците за електронско војување и беспилотни системи и мобилните противпожарни групи, учествуваа во одбивањето на нападот. Воздухопловните сили предупредија дека нападот е сè уште во тек бидејќи неколку руски дронови сè уште се наоѓаат во украинскиот воздушен простор.

