Европа
Германски ученици во заглавен автобус за влакно ја избегнаа смртта – ВИДЕО
Шеесет германски ученици за влакно ја избегнаа смртта во средата кога нивниот школски автобус се заглави на железничка пруга, соопшти полицијата во градот Букстехуде, во близина на Хамбург.
Возот за забил во автобусот само минута откако 23-годишната возачка им рекла да децата брзо да излезат од автобусот. Инцидентот се случил во 7.45 часот утрото. Едно лице во возот е полесно повредено, откако машиновозачот на патничкиот воз повлекол кочницата за итни случаи.
„Младата жена со својата брза акција го спречила најлошото“, изјави портпаролот на локалната полиција, пренесува агенцијата DPA. Вкупната штета е проценета на 300.000 евра.
Престрашените деца го гледале сударот стоејќи на патот крај пругата. Возачката на автобусот е сé уште во состојба на шок, пренесуваат медиумите кои ја истакнуваат младата жена како херој чие молскавично размислување и прибраност спречила голема трагедија.
Според првичните сознанија, автобусот останал блокиран на пругата, поради тоа што не се отворила заштитната бариера, а возачката се обидувала да стапи во контакт со железничкиот оператор, а неполна минута подоцна возот го разнесол задниот дел од автобусот./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Голема акција на единицата Кракен: подготвија заседа, го ликвидираа рускиот командант
Украинската воена разузнавачка служба објави дека кон крајот на декември, за време на заседа со беспилотни летала во југоисточниот регион Запорожје, елиминирала висок руски командант. Специјалните сили ГУР, познати како Кракен, го неутрализираа Сергеј Мелников, началник на Генералштабот на рускиот баталјон „Storm Ossetia“, кој дејствува под Московскиот 429 моторизиран полк.
Воените разузнавачи на ГУР дошле до информации за точното време и место на движењето на Мелников. Според агенцијата, неговото возило се движело по автопатот што ги поврзува Василивка, населба на источниот брег на Днепар контролирана од Русија и Токмак, важен сообраќаен центар, исто така под руска окупација.
Chief of staff of Russian battalion Storm Ossetia eliminated in Zaporizhzhia region – Defense Intelligence of Ukraine
Sergey “Kama” Melnikov was killed in an operation of the Ukrainian Intelligence unit Kraken on Dec 29, 2024.
An FPV ambush was carefully planned based on… pic.twitter.com/EcBQNbK9wi
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) January 5, 2025
Украинските сили ја подготвија заседата користејќи беспилотни летала FPV – евтини, но ефективни беспилотни летала кои интензивно ги користат и Украина и Русија. Според соопштението на ГУР, операторите на дронови го исплашиле возачот на автомобилот во кој се наоѓал Мелников.
„Преплашениот возач наеднаш го смени правецот, предизвикувајќи возилото да слета во ендек, по што нашите разузнавачи со беспилотно летало камиказа удриле во шофершајбната“, се вели во соопштението. Потврдено е дека Мелников и неговиот возач загинале.
#Ukraine believes it's killed the chief of staff of #Russia's "Storm Osetia" battalion.
The Kraken unit says it ambushed Serhey Melnikov's car with drones, on the road to #Tokmak in the occupied part of #Zaporizhzhia.
He and his driver are said to have died. pic.twitter.com/Ji42qICfdr
— Tim White (@TWMCLtd) January 5, 2025
ГУР сподели снимка од нападот со дрон, но автентичноста на видеото не е независно потврдена. Единицата Кракен, која работи како дел од ГУР, е добро позната волонтерска формација составена од ветерани на украинскиот баталјон Азов. Тие борци беа на првите линии на руската инвазија во февруари 2022 година, изјави воен портпарол за Вашингтон пост.
Европа
Експлозии кај нуклеарната централа Запорожје
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во неделата извести за силни експлозии во близина на украинската нуклеарна централа Запорожје, што се совпадна со извештаите за напад со беспилотно летало врз тренинг центарот на централата, изјави главниот директор на агенцијата, Рафаел Маријано Гроси.
Гроси, исто така, рече дека Агенцијата сè уште не може да потврди никакво влијание.
„МААЕ е запознаена со извештаите за наводен напад со беспилотно летало врз центарот за обука на ЗНПП денес, надвор од периметарот на локацијата“, рече тој. Тој додаде дека „извештаите покажуваат дека нема жртви и дека немало влијание врз опремата на нуклеарната централа“.
Европа
Зимата предизвика откажување на 120 летови до и од аеродромот во Франкфурт
Неповолните зимски услови предизвикаа откажување на 120 летови до и од аеродромот во Франкфурт, од вкупно 1.090 планирани, информира ДПА.
Според портпаролот на аеродромската управа, пистите на најголемиот германски аеродром мора да бидат исчистени, додека намалената видливост дополнително го ограничува капацитетот на аеродромот. Процесот на одмрзнување на авионските крила се одвива подолго поради екстремните зимски услови.
Слични проблеми се забележани и на аеродромот во Штутгарт, каде што доцнења се пријавени поради истата причина. Досега таму се одложени седум летови, а пистата е исчистена и подготвена за употреба, потврди портпаролката на аеродромот.
На патниците им се препорачува да го проверат статусот на своите летови и, ако е потребно, да планираат дополнително време за пристигнување на аеродромите.