Контакт

Европа

Германските иследници открија осум осомничени нацисти

Објавено пред

Германските иследници неодамна откриле осум лица дека се осомничени нацистички злосторници, од кои највозрасниот има близу 100 години, а коишто живеат во Германија.

dobivaj vesti na viber

Челникот на главната германска агенција за истрага на нацистичките злосторства Јенс Ромел изјави за агенцијата DPA во вторникот дела меѓу осомничените се четворица мажи и четири жени, кои работеле во нацистичките концентрациони логори Стутхоф крај Гдањск во Полска.

Прелиминарните истраги вклучуваат илјадници случаи на убиства за кои тужбите сега се поднесени на различни обвинителства, соопшти централното биро на државната управа за истрага на нацистичките злосторства во текот на Втората светска војна, чиешто седиште е во Лудвигсбург.

Додека мажите работеле како чувари, жените биле дактилографки и работеле на телефонските централи во логорот, рекол Ромел. Истражителите последните години ги следеле трагите до оние кои можеле да имаат пониски позиции во мрежата на нацистичките логори. Осумте осомничени се родени меѓу 1918 и 1927 година и би можеле да се соочат за помагање во убиства.

Истражителите се уште настојуваат да ги лоцираат осомничените коишто работеле во нацистичките логори како Берген-Белсен и во Неунгаме, како и Аушвиц и Мајданек./крај/мф/сн

Извор: DPA

Европа

Човекот што најверојатно ќе го наследи Шолц: Ова повеќе не е Америка што ја знаеме

Објавено пред

Фридрих Мерц (ЦДУ), конзервативниот фаворит за нов германски канцелар, изрази загриженост за насоката во која се движат САД во вториот мандат на Доналд Трамп, пишува Политико.

dobivaj vesti na viber

Германскиот кандидат за канцелар во средата вечерта се обрати пред насобраните на митингот во Синген, истакнувајќи дека промените во американската администрација се загрижувачки. „Ова повеќе не е Америка што ја познававме“, рече Мерц, мислејќи на големите кадровски и институционални промени во администрацијата на Трамп.

„Начинот на кој се менуваат функционерите, начинот на кој се менуваат структурите на Министерството за правда и државните обвинителства, начинот на кој масовно се делат помилувањата на луѓето осудени на повеќегодишни казни – сето тоа ќе има последици за Америка“, предупреди Мерц.

Предупредувањата на Мерц доаѓаат во време на масовни отпуштања и намалувања во американската администрација, како и во секторот за странска помош, откако Трамп повторно ја презеде функцијата претседател. Неговата администрација испрати масовни мејлови до вработените во владините институции нудејќи им „одложени оставки“, отстрани неколку федерални инспектори и отпушти десетици обвинители поврзани со гонење случаи поврзани со нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година.

Дополнително, САД ја замрзнаа странската помош и најавија планови за ставање на речиси сите вработени во американската Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД) на платен одмор.

Трамп, исто така, најави амбиции да ја преземе контролата врз Појасот Газа, Гренланд и Панамскиот канал, не исклучувајќи ја можноста за употреба на воена сила.

Прикажи повеќе...

Европа

Русија врати осум киднапирани деца во Украина

Објавено пред

Осум украински деца кои беа насилно одземени од нивните семејства се вратени дома, изјави висок украински функционер. Децата биле земени од нивните семејства од страна на официјални лица на полуостровот Крим, кој е под руска контрола и сместени во државни сиропиталишта.

dobivaj vesti na viber

Дарина Заривна, советничка на началникот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, рече дека децата биле однесени додека биле на лекување во болница. Таа вели дека биле подложени на малтретирање во сиропиталиште и биле принудени да учествуваат во проруски вежби, како и дека биле принудени да ракуваат со оружје и да се подготвуваат за војна. Децата беа спасени како дел од програмата „Врати ги децата“. Заривна не соопшти детали за тоа како биле спасени децата и каде се сега.

„Нивната приказна е пример за систематската суровост на окупаторите. Тие беа насилно одземени од нивните мајки додека беа во болница. Сето ова е дел од политиката на Русија насочена кон уништување на украинскиот идентитет“, напиша Заривна на Телеграм.

Украина вели дека повеќе од 19.500 деца биле однесени во Русија или на територијата окупирана од Русија без согласност на нивните семејства или старатели за време на војната, нарекувајќи ги киднапирањата воено злосторство што ја исполнува дефиницијата за геноцид според договорот на ОН.

Прикажи повеќе...

Европа

Зеленски: Подготвен сум да разговарам со Путин за завршување на војната, проблемот е што тој се плаши

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази подготвеност да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да разговараат за политичките и дипломатските начини за ставање крај на војната, јавува агенцијата Анадолија.

dobivaj vesti na viber

Говорејќи на прес-конференција во Киев по состанокот со претседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено-Басо, Зеленски го обвини Путин дека „се плаши да разговара“ со него за завршување на војната.

„Американскиот претседател Доналд Трамп и земјите од Европската унија веруваат дека дипломатијата е невозможна без Русија, без Путин. Затоа реков дека сум подготвен ако можеме да се договориме како ќе заврши оваа војна. Подготвени сме за дипломатија, тука немам проблем со тоа. Проблемот е што ми се чини дека Путин всушност се плаши да разговара со мене“, рече Зеленски.

Во врска со украинскиот декрет за забрана на какви било мировни преговори со Русија додека Путин е нејзин претседател, кој Зеленски го потпиша во 2022 година, украинскиот лидер тврди дека тоа не се однесува лично на него.

Тој ги коментираше извештаите во медиумите за американскиот план за ставање крај на војната во Украина.

„Сигурен сум дека нашите тимови ќе работат заедно. Не може да има друг план“, рече Зеленски.

Тој нагласи дека Киев размислува за официјални контакти со Вашингтон, вклучително и мировен план.

Размислувајќи за неговиот состанок со Рено-Басо, Зеленски рече дека разговарале за финансиската помош на Европската унија за Украина.

Рено-Басо рече дека банката и обезбедила на Украина финансиска помош во вредност од 6,2 милијарди евра од 2022 година и планира да продолжи да инвестира во енергијата и во приватниот сектор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 часа

Васил доби 3 години и 10 месеци затвор за претходното дело, соопштија од Апелација

Апелациониот суд во Скопје на нејавна седница ја одби како неоснована жалбата на Васил Јованов, за претходното кривично дело каде...

Македонија15 часа

Медиумите имаат право да објавуваат информации поврзани со јавни личности, особено ако тие се релевантни за јавноста, велат од АЗЛП за разрешената директорка на „Козле“

Директорката на Клиниката за белодрбони и респираторни заболувања кај децата „Козле“, д-р Каролина Симоновска, претходно испрати соопштение до медиумите со кое...

Македонија16 часа

Сите дојави за бомби, без исклучок, се лажни, тоа се очекувани хибридни напади, ќе има нови протоколи за МВР и за училиштата, вели Мицкоски

Полицијата и училиштата до крајот на денот ќе добијат нови насоки за постапување по дојави за бомби откога утрово многу...

Македонија17 часа

Филков: На сторителите што трет пат ќе се најдат на суд за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол ќе им биде одземена возачката дозвола

Министерството за правда смета дека постои сериозна потреба за понатамошно разгледување и анализа на постојната законска регулатива. Фокусирани сме на...

Македонија19 часа

Јаневска за дојавите за бомби: Апелираме до наставниците за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси креирани од МОН

Апелираме до наставниците и другите вработени во училиштата за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси што се креирани...

Скопје20 часа

МВР: Проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави

Министерството за внатрешни работи извести дека по мноштвото пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни...

Македонија20 часа

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

На 54-годишна возраст почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“. Тој беше осуден на 12 години затвор,...

Македонија21 час

Обвинение против четири лица инволвирани во изведбата на проектот за фасада и илуминација на зградата на Владата

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен...

Скопје21 час

Нормализирана наставата во училиштата во Скопје по дојавите за бомби

По утринските дојави за бомби во шест основни училишта во општина Аеродром, тимови на МВР веднаш излегоа на терен и...

Регион22 часа

Вучиќ: Курти цело време има наполнетa пушка и сака да пука во Србите

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека премиерот на Косово Албин Курти, секогаш има наполнета пушка и сака да пука...

Европа23 часа

Човекот што најверојатно ќе го наследи Шолц: Ова повеќе не е Америка што ја знаеме

Фридрих Мерц (ЦДУ), конзервативниот фаворит за нов германски канцелар, изрази загриженост за насоката во која се движат САД во вториот...

Европа24 часа

Зеленски: Подготвен сум да разговарам со Путин за завршување на војната, проблемот е што тој се плаши

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази подготвеност да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да разговараат за политичките и...

Свет24 часа

Трамп воведува санкции за Меѓународниот кривичен суд

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потпиша извршна наредба за воведување санкции на Меѓународниот кривичен суд, обвинувајќи го за „преземање незаконски...

Македонија1 ден

Северна Македонија има проблем со Брисел, а не со Софија, вели министерот на бугарското МНР

Шефот на бугарската дипломатија дециден дека секоја земја мора да ги почитува критериумите и да се придржува до нив. „Францускиот...

Економија2 дена

Неправилности со распишани тендери, службени возила и договори за вработени – ревизијата во Министерството за економија констатира низа прекршувања

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, информира за спроведената ревизија во Министерството за економија и труд, која констатирала низа неправилности,...

Македонија2 дена

Секој има право да поднесе иницијатива до Собранието, но разрешувањето на Судскиот совет е предвидено единствено со закон, вели Камбовски

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, претпладнево рече дека не е известен за инцијативата за разрешување на членовите на Судскиот...

Македонија2 дена

„Од ‘Соравија’ ли ќе ги вратиме или од ‘ролс-ројсот’?“, праша Мицкоски за 50-те милиони солидарен данок што треба да им се врати на компаниите

Владата ја разгледува можноста да се побара одговорност од нивните претходници, кои го воведоа солидарниот данок, по вчерашната одлука на...

Македонија2 дена

Мицкоски очекува по изгласувањето интерпелација, членовите на Судскиот совет да бидат доблесни и сами да се повлечат

Граѓаните не се задоволни од начинот на кој функционира судско-обвинителскиот систем кај нас. Тоа е едно мочуриште, кое изобилува со...

Топ2 дена

Загина 46-годишник од Струмичко: бил прегазен од камион

Вчера во 15.35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, товарно возило – влекач...

Македонија2 дена

Истрага за поткуп и проневера во СОЗР: ОЈО со детали за измамата

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против две...