Европа
Германските медиуми објавија тајни документи од договорот за TTIP
САД вршат многу посериозен притисок врз Европската унија во рамките на преговорите за планираниот Трансатлантскиот трговски договор и инвестициско партнерство (Transatlantic Trade and Investment Partnership – TTIP) отколку што досега се мислеше, пишува германскиот весник Süddeutsche Zeitung повикувајќи се на доверливи документи од преговорите доставени од меѓународната еколошка организација Greenpeace.
Особено, како што се истакнува во написот, Вашингтон се заканува дека ќе го намали увозот на автомобили од земјите од Европската унија, доколку Брисел не прифати да увезува повеќе американски земјоделски производи.
Покрај тоа, САД искажале незадоволство и од политиката на Европскиот центар на потрошувачите, кој истапува против ширењето во Европа на генетски модифицираната храна и месото со хормони. Вашингтон бара забраната за таквите или други видови прехранбени продукти да важи само доколку нивната штетност е само научно докажана.
До објавувањето на овие документи дете страни во отворените разговори соопштуваа дека САД ја почитуваат загриженоста на Европејците, но по ова сликата за текот на преговорите и нивната суштина е сосема поинаква, пишува Süddeutsche Zeitung. ЕУ ги забранува таквите производи, дури и со најмал ризик, додека САД, само доколку има настрадани од нивната употреба, прецизира германскиот весник.
„Внимателното проучување на документите открива дека речиси сите стравувања во врска со американските намери во рамките на TTIP во однос на пазарот на прехранбени продукти, се покажуваат како оправдани“, коментира Клаус Шулц, претседател на Федерацијата на организациите на потрошувачите во Германија.
Документите, исто така, фрлаат светлина и на различните позиции на земјите во врска со правната соработка и законската регулатива. САД сакаат строго ограничување на влијанието на европското законодавството во врска со донесените економски одлуки.
Невладините организации и синдикатите во ЕУ, договорот го критикуваат веќе со месеци, предупредувајќи дека ќе доведе до намалување на европските стандарди и ќе им овозможи на големите компании да ги оспоруваат националните закони на европските земји пред арбитражните судови.
Од аспект на експертите, тоа може да предизвика сериозни штети рз еколошката состојба во Европската унија. Притоа Süddeutsche Zeitung го дава следниот пример: во ЕУ при производство на козметички препарати забрането е користење на 1.382 различни хемикалии, додека во САД само 11.
„Она, што јавноста може да го дознае од овие тајни преговори, до пред извесно време се чинеше кошмар. Сега знаеме дека тоа наскоро може да биде реалноста“, коментира Јирген Книрш, трговски експерт на Greenpeace.
Во написот на Süddeutsche Zeitung се истакнува дека благодарение на овие документи јавноста првпат по три години може да дознае како течеле преговорите за трговскиот договор меѓу САД и ЕУ, и оти досега речиси сите информации беа на работ од шпекулациите.
Од јули 2013 година зад затворени врати ЕУ преговара за TTIP, а во 2015 година требаше да биде разработен а потоа за половина година да биде одобрен од Европскиот парламент и националните парламенти на земјите потписнички на овој договор. Неговата цел е создавање на најголемата зона на слободна трговија во светот, со пазар од околу 820 милиони потрошувачи. Покрај САД и земјите од ЕУ, во договорот се вклучени и Канада, Мексико, Швајцарија, Лихтенштајн, Норвешка и Исланд, како и земји кандидати за членство во Европската унија.
Меѓутоа, покрај негодувањата во земјите од ЕУ искажани со големи протесни собири низ европските престолнини, скептицизмот расте и во САД. Така само 17 отсто Германци и 15 отсто Американци сметаат дека TTIP е „нешто добро“, наспроти повеќе до 50 проценти во 2014 година, според испитувањето на јавното мнение на фондацијата Bertelsmann, кое беше објавено пред десетина дена непосредно пред посетата на американскиот претседател Барак Обама на Хановер, каде што со челниците на главните членки на ЕУ ги промовираше споменатиот договор./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.
Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

