Европа
Germanwings бил предупредуван на проблеми
Во редовниот извештај за безбедноста на воздушниот сообраќај европската агенција за надзор ги предупредила германските власти на „проблеми“, објави Европската комисија.
Во соопштението не се наведува кога е спроведена контролата, но The Wall Street Journal пишува дека во ноемри Комисијата му порачала на Берлина „да ги попраи упорните проблеми“, што е с месеци пред падот на авионот на „Germanwing“ во француские алпи кога загинаа 150 патници и членови на екипажот.
Весникот се повикува на извори блиски на оваа проблематика, дека функционери на Европската унија установиле дека германските воздухопловни власти Luftfahrtbundesamt (LBA) имаат недостиг од кадар, шо може да доведе до ограничување на способноста да ги контролира авионите и еклипажите, на пример кога е во прашање изведувањ на лекарските прегледи.
„Врз основа на препораките на Европската агенција за безбедност во воздухопловстовот (EASA), Комисјијата од Германија побарала реакција и прилагодување. Германските одговори во моментов се проценуваат“, изјавил портпаролот на Комисијата.
Ѐпортпаролката на LBA, пак, изјаила дека EASA неколкупати годишно спроведува ревизија на навионалните воздухопловни власти, а од LBА одговориле на тој мал број критики кои му биле уаптени и EASA сега ги проценува тие одговори.
Компанијата мајка „Lufthansa“ ибјави дека копилотот Андреас Лубитц, за кого се верува дека намерно го урнал авионот, пилотската школа ја оизвестил за својот претходен период на тешка депресија па се поставува прашањето дали медицинските прегледи на екипажите на авионите се доволно строги.
Wall Street Journal пишува и дека не е сиурно дека идентификуваните недостатоци во LBA имале врска со падот на авионот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.