Контакт

Европа

Хелмут Шмид: За политика се потребни само волја и цигари

Објавено пред

Поранешниот германски канцелар Хелмут Шмид, кој почина во вторник на 96-годишна возраст, најпознат е по борбата со домашниот тероризам во седумдесеттите години од минатиот век, и по ставањето на економските темели за воведување на еврото.

dobivaj vesti na viber

Хелмут Хајнрих Шмид е роден во Хамбург, еден месец по завршувањето на Првата светска војна. Ја водеше западната половина на Германија, којашто во 1970-те години беше потресувана од тероризмот на RAF и во годините на блоковската идеолошка Студена војна меѓу капиталистичкиот Запад предводен од САД и комунистичките земји предводени од некогашниот Советски сојуз.Меѓу неговото трајно политичко наследство е еврото воведено во 1999 година, но чии темели ги положија Хелмуд Шмид и тогашниот француски претседател Валери Жискар Дестен кога дваесет години претходно ја основаа Европската монетарна унија.Шмид бил регрутирана во германската нацистичка армија во Втората светска војна и служел во тенковска дивизија на источниот фронт. Социјалдемократ станал во британски заробенички логор. Подоцна студирал економија и целиот живот го мина во политиката.  Се оженил со својата љубов од детството Ханелопе уште во 1942 година и во брак со неа беа до нејзината смрт во 2010 година.Како политичар „без влакна на јазикот“ првпат е забележан како министер за внатрешни работи на градот-покраина Хамбург кога поради големите поплави на помош ја повика армијата. Со таа одлука веројатно спасил неколку стотици животи на своите сограѓани, но технички го прекрши тогашниот германски устав. Кога беше критикуван, одговори „Тие денови не гледав каде ми е уставот“.Неговиот директен и прагматичен пристап го водеше во подем и на сојузната и на свеската политичка сцена, но подоцна ги предизвика и идеолошките судири со колегите од владејачката коалиција. Кога западногерманскиот канцелар Вили Бранд во 1972 година мораше да поднесе оставка поради шпионски скандал и наводно минато во нацистичка Германија, неговиот веќе искусен министер за финансии Шмид ја презема канцеларската должност.Во првиот мандат се стекна со угледот на решителен државник, особено во надворешната и финансиската политика, беше коосновач на групата на седумте најразвиени земји Г7, и умееше да каже дека „карактерот се докажува во кризните периоди“.Кон крајот на 1977 година кога Германија се најде на ударот на терористите од групата Фракција на Црвените бригади (RAF), карактерот на Шмид беше ставен на искушение до крајните граници. Ги одби барањата на RAF да ги ослободи затворените терористи од затворите во замена за животот за грабнатиот претседател на германското здружение на работодавачите Ханс-Мартин Шлејер. Шлејер поради тоа беше убиен.Речиси истовремено беше грабнат и авион на германската воздухопловна компанија „Lufthansа“ со 86 патници и членови на екипажот .Шмид ѝ се обрати на јавноста и рече дека државата ќе одговори со „неопходната цврстина“. Им нареди на специјалните сили да упаднат во авионот на пистата и тогаш имаше повеќе среќа – беа ослободени сите патници.Неговата политика на прифаќање на нуклеарната енергија, јакнењето на војската и на НАТО, како и фаворизирањето на претприемништвото, го доведе во судир со левичарите во неговиот политички блок, што всушност претставуваше и почеток на неговиот политички крај.Во 1982 година, во неговиот трет канцеларски мандат, го загуби парламентарното мнозинство со преминувањето на либералите на страната на Христијанско-демократската унија (CDU) и шест месеци подоцна, откако Бундестагот му изгласа недоверба, на должноста шеф на владата го замени Хелмут Кол.Надвор од својот работен канцеларски кабинет, Шмид беше ценет и влијателен државник и натаму ревносно го заговараше еврото, беше надворешен уредник на неделникот Die Zeit и стана своевидна покровителска фигура на левиот центар.Хелмуд Шмид е автор на повеќе од 30 книги за надворешната и за внатрешната политика, често користејќи се со вродената духовитост за подбивање со модерните политички ега. Дури, како способен музичар, снимаше клавирски концерти од Моцарт и Бах.И во своите деведесетти години редовно гостуваше во политичките емисии. И, што е речиси неверојатно за човек со пејсмејкер, не се одвојуваше од цигарите. Пушеше и во јавноста и во телевизиските емисии во кои гостуваше, поставувајќи го како услов за своето учество, во рестораните – секаде каде што тоа е забрането. А полицијата едноставно одбиваше да го гони поранешниот канцелар. Еден од најпознатите такви случаи е кога како 94-годишник, Хелмут Шмид во едно телевизиско интервју испуши дури 13 цигари пред камерите. По најавите во 2013 година дека Европската унија ќе ги забрани цигарите со вкус на ментол, Шмид објави дека се погрижил за своите резерви – купил 200 штеки и ги чува во својот дом.Велеше дека за неверојатната политичка кариера, каква што беше неговата, биле потребни само две нешта – волјата и цигарите./крај/мф/сн

Извор: DPA

Европа

16-годишно момче избодено во училиште во Германија

Објавено пред

16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.

dobivaj vesti na viber

На нападот наводно му претходела вербална расправија.

Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.

Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.

По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.

Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“

Објавено пред

45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.

dobivaj vesti na viber

Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.

Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.

Прикажи повеќе...

Европа

Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС

Објавено пред

Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.

dobivaj vesti na viber

Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.

Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.

Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.

Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.

– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.

Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија2 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет4 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет4 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет5 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион5 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет5 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија16 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија16 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија17 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија19 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија22 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ23 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија1 ден

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија1 ден

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...