Европа
Холандија го повика Киев да ги прекине борбите во областа на падот на МH17

Холандскиот премиер Марк Руте ги повика во вторникот украинските власти да го запре спроведувањето на борбените дејствија во источниот дел од земјата во областа каде на 17-ти јули се урна малезискиот патнички авиони при што животите ги загубија 298 луѓе, од кои најголем беа државјани на Холандија.
Холандскиот премиер Марк Руте ги повика во вторникот украинските власти да го запре спроведувањето на борбените дејствија во источниот дел од земјата во областа каде на 17-ти јули се урна малезискиот патнички авиони при што животите ги загубија 298 луѓе, од кои најголем беа државјани на Холандија.
„Премиерот утрово му се јави на претседателот на Украина (Петро Порошенко) со барање да ги сопре воените операции во близина на падот на авионот“, изјави за AFP портпаролот на холандската влада, Жан Франсман.
Според него, украинскиот претседател Порошенко во телефонскиот разговор со Руте изјавил дека ќе бидат преземени сите мерки „за да овозможи пристапот на експертите“ до местото на настанот. „Руте изрази вознемиреност од тоа што стручњаците не можеле одново денеска да пристигнат на местото на несреќата. Тоа е важно, бидејќи ние сакаме да дојдеме до местото што е можно поскоро, да ги собереме преостанатите останки од жртвите и да ги транспортираме дома“, додаде портпаролот на холандскиот премиер.
Претходно во вторникот групата меѓународни експерти по третпат безуспешно се обиде да пристапи на местото на падот на малезискиот „Boeing 777“ на 60-ина километри од границата со Русија, територија којашто е под контрола на ткн народни милиции за самоодбрана на проруското население во областа Донецк, кои не го признаваат легитимитетот на прозападните власти во Киев.
Групата која е составена од холандски и австралиски експерти, како и соработници на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), во вторник се обиде по третпат да дојде до местото каде што падна патничкиот авион на малезиската авиокомпанија, најави на брифинг во Донецк лидерот на тимот, Александар Хуг.
Во понеделникот портпаролот на информативниот центар на Советот за безбедност и одбрана на Украина, Аднриј Лисенко изјави дека украинските сили во текот на борбите влегле во неколку помали населени места во Донецката област, меѓу другите и во Торез. Додаде дека украинските војници се доближиле на 40 километри од местото на падот на малезискиот авион.
Претходно претседателот Петро Порошенко изјави дека им наложил на украинските сили да ги сопрат борбите во радиус од 40 километри од местото на падот на авионот Претставниците на самопрогласената Народна Република Донецк, пак, известија дека украинската армија е концентрирана да ја заземе целат област на падот на авионот и предупредија дека тоа може да доведе до уништување на доказите потребни за меѓународната истрага./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Анкета: Германците сакаат да го укинат пиењето под надзор кај тинејџерите

Мнозинството Германци сакаат построги закони за заштита на младите од алкохол, вклучително и елиминација на контролирано пиење, што им овозможува на 14-годишниците да нарачаат пиво во бар ако се во придружба на законски старател, покажува анкета објавена денес.
Резултатите од анкетата на „Форса“, нарачана од компанијата за здравствено осигурување Kaufmännische Krankenkasse (KKH), покажуваат дека 65 проценти од Германците ја поддржуваат забраната за контролирано пиење алкохол од страна на малолетници. Според сегашниот закон, на тинејџерите им е дозволено да купуваат и да пијат пиво, вино и пијалаци на база на вино на јавно место ако се во придружба на старател.
Тесно мнозинство од 52 процента од испитаниците исто така сакаат да се зголеми законската возраст за купување и пиење алкохол од 16 на 18 години. Анкетата, спроведена во јуни, опфати 1.004 испитаници од цела Германија на возраст меѓу 18 и 70 години.
Забраната за контролирано пиење ја застапуваат и покраинските министри за здравство, а ја поддржува и федералната министерка за здравство, Нина Варкен. Алкохолот е значаен проблем за децата и за тинејџерите, изјави Катарина Шенк, министерка за здравство во источногерманската покраина Тирингија и претседателка на Конференцијата на министрите за здравство.
Медицинските здруженија долго време апелираат до креаторите на здравствените политики да вложат поголеми напори за намалување на потрошувачката на алкохол во Германија. Германското здружение за исхрана препорачува целосна апстиненција од алкохолни пијалаци наведувајќи дека „не постои безбедно ниво на потрошувачка“.
„Колку порано младите луѓе почнуваат да пијат, толку се поголеми здравствените ризици“, вели психологот на KKH, Франциска Клем.
Покрај краткорочните последици, како што се несреќи, повреди и насилство, алкохолот го зголемува и ризикот од рак, кардиоваскуларни заболувања и заболувања на црниот дроб. Алкохолот е особено штетен за адолесцентите бидејќи нивните тела сè уште се во развој и затоа се почувствителни на неговите токсични ефекти, објавува агенцијата ДПА.
Европа
Украински функционер: Европа прави сè што може, но ќе биде тешко без американско оружје

Украина ги повика САД да продолжат со „континуираната“ воена помош, по изненадувачката најава дека некои испораки на оружје за Киев ќе бидат запрени, додека Вашингтон се обиде да го намали значењето на паузата.
Тоа е сериозен удар за Украина во време кога Русија ги засилува нападите во отсуство на дипломатски напредок за решавање на конфликтот. Американскиот претседател Доналд Трамп му се обраќа на рускиот претседател Владимир Путин од јануари, обидувајќи се да изврши притисок врз него да ги запре борбите, но без да постигне конкретен напредок.
Вчера, сосема неочекувано, неговата администрација објави дека престанала да испорачува одредени видови оружје во Киев, официјално поради загриженост за намалувањето на залихите на муниција во САД, од каде што доаѓа најголемиот дел од воената помош за Украина од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.
Американските претставници вчера се обидоа да го минимизираат влијанието на потегот, без да дадат детали. „Министерството за одбрана продолжува да му презентира опции на претседателот во врска со воената помош за Украина, во согласност со целта за завршување на оваа трагична војна“, изјави портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, за новинарите.
Портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус, на брифингот изјави дека „ова не е суспензија на американската помош за Украина или испораката на оружје“, туку „изолиран инцидент“.
Оружјето, муницијата и опремата од Соединетите Американски Држави, како и разузнавачките информации, им овозможија на украинските сили да ги сопрат руските трупи, кои окупираа речиси 20 проценти од украинската територија. Украина останува зависна од американските испораки на оружје, изјави за АФП висок украински воен функционер.
„Европа прави сѐ што може, но ќе ни биде тешко без американска муниција“, додаде тој. Синоќа, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Вашингтон и Киев се обидуваат да ги „разјаснат сите детали“ во врска со воената помош што Соединетите Американски Држави сè уште ја обезбедуваат. „Продолжената американска помош за нашата одбрана и нашиот народ е во наш заеднички интерес“, рече тој.
Европа
(Видео) Украинците уништија руско складиште за муниција, се шири снимка од огромна експлозија

Украина очигледно извршила напад врз руско складиште за муниција во градот Карцизк во окупираниот дел од Донецката област на 2 јули, објавија и руски и украински Телеграм канал.
На социјалните мрежи се појавија снимки на кои наводно се гледаат моќни експлозии во близина на магацинот за кој се тврди дека се наоѓа источно од рускиот окупиран град Донецк.
Украинската војска не го коментираше нападот, а во моментов нема информации за обемот на штетата.
💥Just now: strike reported on the Russian ammunition depot on Khartsyz'k. pic.twitter.com/o33onaTPWF
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) July 2, 2025
Украинската војска редовно напаѓа воени цели на територијата окупирана од Русија, како и длабоко во Русија, во обид да ја ослабне способноста на Москва да води војна против Украина.
Вечерта на 30 јуни, Украина слично започна напад врз командниот пункт на 8-та комбинирана армија на руските вооружени сили во рускиот окупиран дел од Донецката област. Според неофицијални информации, нападот бил извршен од британски крстосувачки ракети со долг дострел од типот Storm Shadow.
Russian ammunition depot in Khartsyzk https://t.co/VkenrZaEV1 pic.twitter.com/ktxSlOzcCd
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) July 2, 2025
Со месеци, Русија ја фокусираше својата офанзива врз градот Покровск во Донецката област, кој е под постојан напад, а во последно време сè повеќе се обидува да ги пробие украинските линии кон соседната Дњепропетровска област – регион кој досега не беше погоден од борбите.