Европа
И Маккартни го потпиша писмото против независност на Шкотска, расте бројот на приврзаниците
И поранешниот член на легендарниот ливерпулски состав The Beatles, сер Пол Маккартни во саботата се одлучи да го искаже противењето на независноста на Шкотска со потпишување на писмото со кое се повикуваат Шкотите на референдумот на 18-ти септември да се изјаснат овој дел од Обединетото Кралство да остане во неговите рамки. Меѓутоа, бројот на приврзаниците на независноста на Шкотска постојано расте три седмици пред одржувањето на изјаснувањето, покажа последното истражување на јавното мнение.
И поранешниот член на легендарниот ливерпулски состав The Beatles, сер Пол Маккартни во саботата се одлучи да го искаже противењето на независноста на Шкотска со потпишување на писмото со кое се повикуваат Шкотите на референдумот на 18-ти септември да се изјаснат овој дел од Обединетото Кралство да остане во неговите рамки. Меѓутоа, бројот на приврзаниците на независноста на Шкотска постојано расте три седмици пред одржувањето на изјаснувањето, покажа последното истражување на јавното мнение.
Организаторите на кампањата „Let’s Stay Together“ (Да останеме заедно) објавија дека славниот Пол Маккартни го потпишал писмото во саботата во Ливерпул. Тоа првпат беше објавено на 7-ми август во британскиот печат. Досега го потпишаа повеќе од 200 славни личности, меѓу кои Стивен Хокинг, како и холивудските ѕвезди како Елен Бонам-Картер, Патрик Стјуард, Мајкл Даглас и пејачите Мик Џегер, Брајан Фери,Стинг и Клиф Ричадс, и уште 18 освојувачи на златни медали во разни спортови.
Според организаторите на овој проект, досега писмото го потпишале околу 50 илјади луеѓ.
Анкетите покажуваат дека повеќето Шкоти се за останување во 307 години долгата унија со Англија, но дека расте бројот на оние коишто се за независност, како и дека е голем бројот на оние коишто сé уште не се изјаснуваат како ќе гласаат, што му дава елемент на неизвесност во конечниот исход од плебисцитот.
„Одлуката дека сакате да ја напуштите нашата земја, секако ,е апсолутно само ваша. Без оглед на тоа, одлуката ќе има големи последици на сите нас во остатокот од Обединетото Кралство. Сакаме да знаете колку ја вреднуваме нашата поврзаност и изразуваме надеж дека ќе гласате така што тие врски ќе ги зајакнеме“, се наведува во писмото апеле на славните личности адресирано до „драгите шкотски браќа“.
Не сметајќи ги оние кои уште се немаат одлучено, 47 отсто од испитаниците би гласале „за“ независност на Шкотска, наспроти 53 проценти ко исе „против“, покажува анкетата којашто ја нарачал весникот The Scottish Daily Mail по последната одржана телевизиска дебата меѓу противниците и поборниците на шкотската независност.
Резултатите, така, укажуваат дека разликата меѓу двете групи значително се намалило во однос на претходната анкета што ја направи институтот Survation пред три седмици, во кое 43 отсто од анкетираните изјавија дека сакаат да гласаат „за“ независноста, додека тогаш 57 отсто од испитаниците беа за тоа Шкотска да остане во рамките на Велика Британија.
Според аналитичарите, во расправата главниот поборник на независноста, шкотскиот премир и челник на Шкотската национална партија (SNP), Алекс Салмонд, оставил подобар впечаток од челникот на пробританската кампања, поранешниот лабуристички министер за финансии, Алистер Дарлинг. Според анкетата направен веднаш по телевизиската дебата во понеделникот навечер, Салмонд како победник го прогласиле 71 отсто од гледачите. Во првата дебата пред неколку седмици, победи Дарлинг, но не со толкава разлика.
Во Шкотска на 18-ти септември ќе се одржи национален референдум на коешто гласачите ќе одговорат на прашањето „Треба ли Шкотска да биде независна држава?“, на што ќе се одговара со „да“ и „не“./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и дете
Украина ги уништи сите 10 беспилотни летала во руски напад во текот на ноќта, но две лица се повредени, а станбени згради во регионот Харков беа зафатени од пожар, соопштија денеска украинските власти.
Воздухопловните сили на „Телеграм“ соопштија дека Русија лансирала и две противвоздушни наведувани ракети. Портпаролот на украинските воздухопловни сили во телевизиски пренос изјави дека руските ракети, најверојатно, биле насочени кон североисточниот град Харков.
Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, рече дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад, чија цел, според него, биле и инфраструктурата и станбените области. На фотографиите што ги објави Синехубов на „Телеграм“ се гледаат големи пламени јазици од станбените згради.
„Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се ранети во нападот и се на медицинска помош“, рече Синехубов на апликацијата „Телеграм“.
„Ројтерс“ сè уште не ја потврди независно оваа вест. Москва негира дека цели на цивили во овие „легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина“.
Европа
Повредени двајца полицајци во Париз кога маж им го украл пиштолот и пукал во нив
Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициската станица во Париз, кога на еден од нив му бил одземен пиштолот од маж кој претходно бил приведен поради напад со нож врз жена.
„Полицијата интервенираше и го донесе овде, во полициската станица, и тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот“, изјави началникот на полицијата Лорен Нунес.
Обвинителството соопшти дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува „Монд“.
Полицијата возвратила, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.
Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност.
Европа
Путин го избра премиерот
Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент.
Откако Путин во вторникот положи заклетва за нов шестгодишен претседателски мандат, тамошната влада, според одредбите на рускиот Устав, поднесе оставка.
И додека во последните денови се шпекулираше дека може да има промени на некои важни и суштински позиции, а руските независни медиуми споменуваа евентуално заминување на Михаил Мишустин од премиерската позиција, Путин повторно го предложи за таа функција.
„Претседателот Владимир Владимирович Путин достави до Државната дума предлог за кандидатурата на Михаил Владимирович Мишустин за функцијата премиер. Денеска претставниците ќе донесат одговорна одлука за ова прашање во име на нивните гласачи“, изјави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин на апликацијата Телеграм.
Ова е петти мандат на Путин на власт, а тој го номинираше Мишустин за премиер за прв пат во јануари 2020 година, кога Владата предводена од Дмитриј Медведев поднесе оставка по најавените важни уставни промени во политичкиот систем на земјата од страна на претседателот.
Мишустин, кој ќе зборува во Думата пред гласањето, мора да одговори како ќе реши низа задачи што Путин и ги постави на владата, вклучително и „зголемување на одбранбената способност на нашата земја“, рече Володин.