Европа
Идентификуван еден од соучесниците на напаѓачите во Париз
Еден од соучесниците на напаѓачите кои ланскиот 13-ти септември во француската престолнина Париз убија 130 луѓе, познат под лажниот идентитет Суфиан Кеиал идентификуван е како 24-годишниот Нажим Лаашроуи, објави во понеделникот белгиското сојузно обвинителство.
Еден од соучесниците на напаѓачите кои ланскиот 13-ти септември во француската престолнина Париз убија 130 луѓе, познат под лажниот идентитет Суфиан Кеиал идентификуван е како 24-годишниот Нажим Лаашроуи, објави во понеделникот белгиското сојузно обвинителство.
„Со истрага е утврдено дека извесниот Суфиан Кеиал може да се идентификува како Нажим Лаашроуи, роден 18-ти мај 1991 година, кој заминал во Сирија во февруари 2013 година“, се наведува во соопштението на белгиското сојузно обвинителство. Притоа не е наведено неговото државјанство.
Иследниците се сомневаат дека тој биле во телефонска врска со некои припадници од групата која ги изврши нападите вечерта на 13-ти ноември во Париз.
Белгиските власти во петокот попладнето во текот на рација и по куса престрелка в Брисел го уапсија 26-годишниот Салах Абдеслам, главниот осомничен за париските атентати. Овој француски државјанин по потекло од емигрантското бриселско предградие Моленбек, каде што беше уапсен, е осомничен дека бил главен човек за прифаќање на терористите кои дошле од Сирија.
„„Се смета дека ја играл главната улога во создавањето на ткн Одред 13-ти ноември, бидејќи учествувал во прифаќањето на поедини џихадисти во Европа“, изјави државниот обвинител на Париз, Франсоа Молен.
Тој е „многу скапоцен“ и соработува со полициските иследници, изјави во понеделникот неговиот адвокат Свен Мари за белгиската јавна радиотелевизија RTBF.
„Мислам дека Салах Абдеслам е од најголема важност за оваа истрага. Дури би рекол дека е вреди злато. Соработува и комуницира. Не се повикува на своето право да се брани со молчење“, изјави адвокатот Мари.
Како главниот осомничен, Абдеслам се смета како најважниот можен извор на информации за другите лица вклучени во париските напади, како и за финансиите и врските со Исламската држава во Срија,
Белгискиот министер за внатрешни работи Жан Жамбон, изјави дека земјата е на висок степен на готовност поради можни одмазнички напади по апсењето на Абдеслам. „Знаеме дека запирањето на една ќелија може да поттикне друга акција. Свесни сме за тоа, што се однесува до овој случај“, изјави Жамбон за белгиското јавно радио./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.